Појадок на Камен мост во недела

ЈАс не сум од Скопје, ама ќе дојдам да видам како е, со другар ми камионче :P
 
Пензионериве се Бог да чува. Пред малку на ЕмТеВе 1 гледав отварање на аеродромот Александар Велики и по завршувањето на официјалниот дел, ваљда имаше нешто гезме, коа камерманот сосема случајно фаќа баба една како зема 2 празни чаши и ги бута во торба. :tapp:

Колку е прост народов, да му се плукнам.
 
Тешко на децата од Лазар Танев што ќе ги служат, имаше едно дете на темава ме мрзи да барам во почетните страни, кажуваше што се случувало, бисер до бисер.
Ова?
http://forum.kajgana.com/threads/Појадок-на-Камен-мост-во-недела.44139/page-8#post-3934324
http://forum.kajgana.com/threads/Појадок-на-Камен-мост-во-недела.44139/page-5#post-3934280

форумџијата Дарк Ејнџел...ептен добро ги опиша
 
me_gusta_by_megustaplz-d30cns2.jpg
 
Пензионериве се Бог да чува. Пред малку на ЕмТеВе 1 гледав отварање на аеродромот Александар Велики и по завршувањето на официјалниот дел, ваљда имаше нешто гезме, коа камерманот сосема случајно фаќа баба една како зема 2 празни чаши и ги бута во торба. :tapp:

Сиромаштија синко, сиромаштија
Еве еден совет за тие од Лазар Танев, нека им сварат кафе од подгреани плути или соковите нека им бидат такви, немате претстава колку смешки ќе има тогаш
--- надополнето: Sep 6, 2011 1:48 PM ---
http://zurnal.mk/content.asp?id=20119614571
Малку подетално објаснување околу настанот, изгледа се поучени од лани па оваа година ќе биде малку посредено, барем се надевам.
Инаку ќе има ограничување на гостите ќе бидат 2000, што ме става во мисла тие што ќе извисат ќе седат покрај мостот и ќе дофрлаат до другите дај една уста, или обезбедувањето ќе се погрижи за тоа?
 
Мх,мх,мх
бесплатно јадење, му се спремам уше од сеа

Кој ти дава бесплатно? Никој. Зимај таму дур можеш.
А оние што испокрадоја све државава? А?
И вие после ќе мрчите тука за едно јадење...

Добро, срање е оваа година шо има лимит, али нема гајле ќе се стане порано и ќе се фати ред порано.(y) Коа ќе почнат да пуштаат, да бидам барем у првите десетмина. Има финта со облекуење на горна облека со џебови од наопаку, за да можеш да убациш поише унутра, али тоа нема да го објаснувам док не помине настанот.

Срање! Не сум знаел дека имало и на аеродром таква работа.Поминало без мене.:mad:
 
Кул добро си сторил, ...дали знаеш кеси/торби дали даваат таму или сам да си носам?
Новина за оваа година е тоа што ќе бидат направени околу 2.000 ланч-пакети :pos:
 
После работа, додека чекав бус за накај дома, од 2ка се симнуваат пензионери и една пензионерка седнува на клупата до мене и вади пластична чаша, убаво обликувана од дебела пластика, ама пак пензионеркава успеала да ја скрши носејќи ја во ташна, и почна да раскажува.
Денес бев кај Борис Трајковски салата, имаше пиење јадење, испив една кока кола, една фанта, една ракија, и си ја земав чашава, за успомен.
 
Пензионериве да не го земат Коцка за успомен :pos:
 
Мене ме срам да јадам на гости, неможам да се опуштам убаво, гледам другите како сецкаат у тањир така и ја да сецкам, бројам колку пати ке го сожвакам залчето, да не се избрукам.
 
Сакате да се договориме да ги сачекуеме бабите и дедовците негде после мост, да им мааме рекет на сендвичи, кечап и тањири?
Ајде!Лесно ќе биде!
Бесплатна храна без буткање у ред!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom