Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.622
Поени од реакции
31.470
Синко, читам се што пишуваш па и на други подфоруми. Дека си заглавен во црковната дефиниција за Атеизам се гледа. Пишуваш за нешта кои воопшто не ти се познати. А тоа со муслиманот беше чиста провокација. Наседнуваш синко ко бебе на звечка.

Ти како „polnokrven hristijanin“ (што и да ти значи тоа) најде да кажуваш што е Атеизам? :tapp:
e vnuchko vaka stojat rabotite ., od mnogu chitanje ochite ti otekle pa ochigledno deka si propushtil deka ., budizmot ., osho., lao ce ., ne mi se nepoznati tuku bash naprotiv., a kolku mi se poznati rabotite samo jas znam bidejki vi serviram tolkun kolku shto zasluzhuvate da bidete udostoeni so dozirani postovi., ako neznaesh shto znachi da se bide polnokrven hristijanin togash ni ti samiot ne znaesh ni shto si ni koj si., tuku bilka koja vegetira i opstojuva samo kako obezlicheno sushtestvo., svedeno samo na chista negacija na se okolu sebe pa vo kontinuitet i na smisebe., ako si zabelezhal celo vreme izbegnuvam nekoi zborovi shto ne mi se svojstveni ., no sega........pa zar ne osekash deka celo vreme se vrtite vo krug obiduvajki se da si ja dofatite opashkata., i malku da ja koregiram---------------., ateistot gubi samo edna rabota no mnogu vredna., so tek na vreme ke se setish na ovie zborovi., barem ako bidesh poshten sprema samiot sebe., a za toa deka jas sum nashol da kazhuvam shto e ateizam veruvaj vnuchko imam mnogu poveke od tebe da kazhuvam shto e shto.,...i aj veke pochni vreme ed da ja upotrebish zvechkata.....pozdrav:coffee:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Верник верува во Бог и знае дека Бог постои и дека Бог се гледа. Но кога ќе се разболи, верникот оди на доктор, по болници и се лекува со научни методи. Иако тие доктори и лекарства и лекување се базирани на докази за еволуција и сродство на луѓето и животните. Не оди оној со температура и гнојно воспаление на грло в црква да му чита попот молитва и заедно да го молат бога за здравје, туку се оди на медицинско лице кое има диплома базирано на учење за еволуција и сецирање на мртви тела. Верување во бог е убаво како хоби но ко ќе дојде зорт, сите трчаат по науката. И српсјкиот патријарх Павле, не го оставија на божја милост во некоја црква или манастир туку со месеци го држеа на апарати на ВМА, во најсовремена Српска медицинска установа да го одржуваат во живот полковници и мајори кои се школоваа во СФРЈ и беа членови на комунистичка партија. Наместо да се радува што поскоро да се сретне со Исуса, верникот се ќе стори да остане на овој свет, и што повеќе да го одолжи одењето кај својот спасител.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
e vnuchko vaka stojat rabotite ., od mnogu chitanje ochite ti otekle pa ochigledno deka si propushtil deka ., budizmot ., osho., lao ce ., ne mi se nepoznati tuku bash naprotiv., a kolku mi se poznati rabotite samo jas znam bidejki vi serviram tolkun kolku shto zasluzhuvate da bidete udostoeni so dozirani postovi., ako neznaesh shto znachi da se bide polnokrven hristijanin togash ni ti samiot ne znaesh ni shto si ni koj si., tuku bilka koja vegetira i opstojuva samo kako obezlicheno sushtestvo., svedeno samo na chista negacija na se okolu sebe pa vo kontinuitet i na smisebe., ako si zabelezhal celo vreme izbegnuvam nekoi zborovi shto ne mi se svojstveni ., no sega........pa zar ne osekash deka celo vreme se vrtite vo krug obiduvajki se da si ja dofatite opashkata., i malku da ja koregiram---------------., ateistot gubi samo edna rabota no mnogu vredna., so tek na vreme ke se setish na ovie zborovi., barem ako bidesh poshten sprema samiot sebe., a za toa deka jas sum nashol da kazhuvam shto e ateizam veruvaj vnuchko imam mnogu poveke od tebe da kazhuvam shto e shto.,...i aj veke pochni vreme ed da ja upotrebish zvechkata.....pozdrav:coffee:
Добро, бе, шутрак, ако си ти полнокрвен христијанин, дали би си го заклал синот ако Јахве ти се јави и ти побара такво нешто? Ќе му го 'ркнеш ли ножот?

Simple Yes/No will do?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Интересен пост. Веруваш во Бог, ама не веруваш баш скроз во христијанското учење и концепти. Амбивалентна си кон заповедите и го порекнуваш постоењето на живот после смртта каков што го слика христијанството (католицизмот).

Хммм... :)

Да не си ти Деист, по убедување? Накратко, вулгаризирано, деизмот вика дека постои креатор кој е „одговорен“ за постоењето на универзумот, но тој не се меша во секојдневието, нема план и намера, ниту очекувања од својата конгрегација. Му доџе, као природен еден бог без ногу нервоза и сатар.

Што викаш?
Не сакам да ме лабелизираш. Јас си верувам во мојот господ (каков таков мој си е :P). Не зашто треба да се верува во нешто туку дека ме плаши помислата дека сме грешка на природата :) Сакам да си верувам дека има некој што не следи и не сака без разлика какви сме (какви такви негови сме). Како и да е и Јас сите ве сакам (иако не ве знам), без разлика на вашите религиски или нерелигиски сваќања. Have a nice day....
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не сакам да ме лабелизираш. Јас си верувам во мојот господ (каков таков мој си е :P). Не зашто треба да се верува во нешто туку дека ме плаши помислата дека сме грешка на природата :) Сакам да си верувам дека има некој што не следи и не сака без разлика какви сме (какви такви негови сме). Како и да е и Јас сите ве сакам (иако не ве знам), без разлика на вашите религиски или нерелигиски сваќања. Have a nice day....
Фер. No lables. Хев а најс деј!

...ама ко ќе ти тргне муабетот од деизам накај атеизам, врати се да помуабетиме. ;)
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.622
Поени од реакции
31.470
Атеистите не мораат да докажуваат непостоење на нешто за кое нема никакви докази.
Атеистите не се тие кои тврдат постоење, верниците се. Единствени кои што треба било што да докажуваатсе верниците, тие се тие што тврдат постоење на Бог.
И испив одсабајле кафе, фала.
Горната анкета говори што? Повеќето луѓе веруваат во Бог, да. Па што?
Една песна од Џастин Бибер има најмногу гледаност на YouTube, да ли тоа значи дека е најдобрата песна и Бибер најдобриот пеач? Не.
ako e taka idealno za ateizmot kako shto naveduvash., zoshto na gjon se odi da se obezvredni verata od bilo koja prominencija ., pa i postoenjeto na ovaa rubrika kade od petni zhili sakate da nametnete mnogu prichini zoshto treba da se bide ateist., toa nekako mu doagja kako pravdanje zoshto ste ateisti pa segta treba da naveduvate prichinin za toa., kako krstonosci ste samo so obraten tek na dejstvie a ista mentalna matrica., .....nazdravje neka ti e kafeto shto si go ispil., a mozhebi si stavil i mal del od neshto drugo pokraj kafeto:coffee:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Фер. No lables. Хев а најс деј!

...ама ко ќе ти тргне муабетот од деизам накај атеизам, врати се да помуабетиме. ;)
Ама ти кажав не сваќам како може да мислите (за Атеистите) дека туку така сме се нашле тука ? Од каде почнува сето тоа ? (на крај да не излеземе дека живееме во Матрица :))
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
ako e taka idealno za ateizmot kako shto naveduvash., zoshto na gjon se odi da se obezvredni verata od bilo koja prominencija ., pa i postoenjeto na ovaa rubrika kade od petni zhili sakate da nametnete mnogu prichini zoshto treba da se bide ateist., toa nekako mu doagja kako pravdanje zoshto ste ateisti pa segta treba da naveduvate prichinin za toa., kako krstonosci ste samo so obraten tek na dejstvie a ista mentalna matrica., .....nazdravje neka ti e kafeto shto si go ispil., a mozhebi si stavil i mal del od neshto drugo pokraj kafeto:coffee:
Ќерка ми, кога наполни 10 години, ја седнав и и' го направив муабетот за Дедо Мраз.

Со секој возрасен човек (>18) кој е подготвен да зборува за тоа, јас би седнал да му го направам муабетот за Дедо Боже.

Возрасен си кога ќе раскрстиш со ирационалните приказни и верувања од детството.

А ова е форум и токму тука е темата да се зборува за тоа. Кој дел имаш проблеми да го разбереш?
--- надополнето: Sep 6, 2011 10:31 AM ---
Ама ти кажав не сваќам како може да мислите (за Атеистите) дека туку така сме се нашле тука ? Од каде почнува сето тоа ? (на крај да не излеземе дека живееме во Матрица :))
Доста одговори можеш да најдеш тука: http://en.wikipedia.org/wiki/Evolution
и тука: http://en.wikipedia.org/wiki/Universe

Sekako ti e jasno deka stotuku gi postavi dvete klucni prasanja na covestvoto, za koi odgovorite vo minatoto najcesto bile ovoj ili onoj bog, zavisno od geografskata mestopolozba na rodeniot.

Od neodamna, nekoi 200 i kusur godini, covestvoto odluci da ne pretpostavuva na shashma i da po;ne da istrazuva niz vnagtresniot i nadvoresniot univerzum, bez nikakvi ocekuvanja ili odnapred nametnati ishodi (kakov sto e slucajot so religiite).

Ovie istrazuvanja, sega za sega ne davaat odgovor na ovie dve prasanja.

Religiite tvrdat deka gi imaat odgovorite. Sekoja religija se obiduva da gi negira site ostanati i svojata "vistina" da ja pretstavi kako konecna.

Sea ti vidi. ;)
 
G

galaxy

Гостин
Ама ти кажав не сваќам како може да мислите (за Атеистите) дека туку така сме се нашле тука ? Од каде почнува сето тоа ? (на крај да не излеземе дека живееме во Матрица :))
Ти си на чекор до атеизам. И јас така размислував порано.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.622
Поени од реакции
31.470
А ова е форум и токму тука е темата да се зборува за тоа. Кој дел имаш проблеми да го разбереш?
--- надополнето: Sep 6, 2011 10:31 AM ---

tokmu taka samo shto jas nemam nikakov problem., samiot naslov kazhuva se i za sebe., ochigledno problemot e da se dokazhe ateizmot so shto poveke pravdanja zoshto nekoi se toa shto se., i aj za denes e dosta ., po osnov na ateizmot., a vie prodolzhete da barate prichini............
 
Луѓе ти одговараат - некои културно, а некои некултурно - а ти нит читаш, ниту се обидуваш да разбереш.

Пар постови погоре ти пишуваат два члена: НЕ СЕ ДОКАЖУВА НЕПОСТОЕЊЕ НА НЕШТО.

Атеистите не се обидуваат да докажат ништо. Атеистите се свесни дека за антропоморфно, семоќно, сезнајно и сеприсутно божество со пеколен план едноставно нема простор во овој универзум.

Од друга страна, верниците на овој подфорум, без оглед на која деноминација припаѓаат ноншалантно се расфрлаат со терминот Бог иако за секого од нив одделно тој термин има различно толкување и значење. Секој од тие верници е атеист за сите останати богови.

Атеистите се барем конзистентни во своето тврдење. Верниците се како муви без глави, во опозиција и со атеистот и со секој друг верник на форумов.

Инаку, не ми одговори на 3-4 прашања (дали дека не дочитуваш или дека се срамиш), па би го повторил последното:

Дали ако ти се јави Јахве/Исус/Гулабот, па од тебе побара да го заколеш својот син како доказ за вербата во него, дали ќе го заколеш својот син?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ти си на чекор до атеизам. И јас така размислував порано.
Можно е. Живеам со Атеист дома па се натпреваруваме кој кого да придобие :) (се зезам) Ама се уште не попуштам. Само жал ми е што се троши цела таа енергија за да се докажеме дека не постои „Виша сила“.
И сега ќе го цитирам Балашевиќ (текст кој најмногу ме плаши, затоа и верувам)
Uplasi me sjaj milion zvezda kad se nebom popali.
Gde je tome kraj? Za kog su tako dubok zdenac kopali?
Zasto se sve to desava?, dali covek ista resava?
il' smo samo tu zbog ravnoteze mezu zvezdama?
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Зошто, од сите катаљон варијанти на задгробен живот, некој би се идентификувал со онаа на христијанството. Зошто не со Вечните ловишта, зошто не со Валхала или со Сонот на Абориџините, на пример. Што е толку привлено во христијанскиот садо-мазо задгробен живот?

Не се докажала главната теза дека постои интелигентен (неомнипотентен) креатор. Или лажеш или си неупатен. Те молам покажи ми како грешам.

Како е тврдењето дека не постојат божества кула од карти? Што тоа „ќе се сруши“? Едно тврдење?

Што мислиш со ова:„Самото атеистичко тврдење би паднало во вода без никакви религиозни ургирања.“

Како е тврдењето „не постојат богови“ исто со инфантилните никако основани приказни од некоја религија (било која)?
Религиите најчесто се вкоренуваат во традициите на народот во една територија. Не постои некоја голема логична а уште помалку научна издржаност за убавите приказни во светите книги, но тука е покажана моќта на воспитанието и традиционалните вредности. Сметам дека религиската убеденост и религиското верување треба да се одржуваат се до граници на нормалата. Не смее да се дозволи деградирање на умот и неговиот природен развој на сметка на некоиси верувања во приказни.

Атеизмот е тврдење кое бара научен доказ. Науката во секој момент расте и се развива. Се што е научно докажано утре може да биде побиено и сите закони да бидат променети со нови. Убавината на науката е што таа никогаш те тврди дека нешто е невозможно. Затоа тврдење кое вели дека нешто со сигурност не постои а се темели на на флукс е загарантирано да се распадне. Навистина е смешно кога група луѓе свое гледиште темелат врз наука а притоа го познаваат нејзното функционирање.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.611
Поени од реакции
2.234
Мислам дека не ја сфаќаш природата сериозно. Што ако бог навистина постои но може да биде докажан само со експримент на присутност? Неможе да биде осетена со сетилата кои ги имаме но експриментало докажана дека постои некоја сеприсутна интелегентна сила.
НЕ, итоа како ја свајќам природата сериозно, мислам дек Бог е измислица на несериозни луѓе.Тоа дали ке верувам е чисто моја рабода.Да како помал по воспитување на мојот родител на некој начин верував, но кога почнав да го сваќам светот на мојот начит, немаше место за Бог во мојот живот.Ми беше премногу нереално да верувам во тоа.
Не сум запознаен со Библијата, но колку што имам слушнато во неа се пишува дека Господ Бог го создал светов(извинете ако грешам). Па ако тој го создал светот кој го создал него.Има многу прашања но за жал нема одговори.Ако се изнајде некој одговој на него се надоврзуваат уште илјада прашања.
Викаш дека Господ Бог можеби постои но неможе да биден осетен од нас или виден.Ова го сваќам како нашите чувства(љубов,среќа,тага...) нив неможеш да ги видиш но можеш да ги почувствуваш.
Е сега као Бог со своето чувство го создал универзумот, планетите, атомите...Нели чувставата можеше само да ги почувствуваш но не и да ги добреш, видиш...
Извини но не верувам дека ке најдеш разумен одговор на ова, и не верувам дека јас некогаш повторно ке верувам во Бога
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Атеизмот е тврдење кое бара научен доказ. Науката во секој момент расте и се развива. Се што е научно докажано утре може да биде побиено и сите закони да бидат променети со нови. Убавината на науката е што таа никогаш те тврди дека нешто е невозможно. Затоа тврдење кое вели дека нешто со сигурност не постои а се темели на на флукс е загарантирано да се распадне. Навистина е смешно кога група луѓе свое гледиште темелат врз наука а притоа го познаваат нејзното функционирање.
Не е точно. Атеизмот не е тврдење кое бара научен доказ. Атеизмот не се обидува да даде одговор на прашањето „Зошто сме тука“ или „Кој не ставил тука“.

Атеизмот единствено ги порекнува антропоморфните човекови фантазии именувани како Бог или божество. За таквите фантазии не постои рационална основа во овој рационален универзум во кој живееме.

Не е точно ниту дека науката не тврди невозможност. Невозможно е да ти се падне 6-ка, ако вртиш петка-глава. Невозможно е човек кој е мртов три дена да оживее (ткивата веќе се распаѓаат). Невозможно е од кутија во која има црни и бели топчиња да извлечеш црвено.

И уште нешто што опако си го утнал во својот пост: Сите закони не може да бидат заменети со нови. Ова е сопка на која паѓаат повеќето верници (не дека тврдам дека си еден од нив). Законите на универзумот, гравитација, планетарни движења, термодинамика, Њутн, Бојл, Џул... се непроменливи. Тие го дефинираат универзумот каков што е.

Религиите, во своето непознавање на универзумот, инфантилно тврдат дека само во одредени инстанци овие закони престануваат да важат, за потоа повторно да се воспостават. Никој не е директен сведок за ова, а сите веруваат дека е тоа можно.

Не е можно.
--- надополнето: Sep 6, 2011 12:02 PM ---
Можно е. Живеам со Атеист дома па се натпреваруваме кој кого да придобие :) (се зезам) Ама се уште не попуштам. Само жал ми е што се троши цела таа енергија за да се докажеме дека не постои „Виша сила“.
И сега ќе го цитирам Балашевиќ (текст кој најмногу ме плаши, затоа и верувам)
Uplasi me sjaj milion zvezda kad se nebom popali.
Gde je tome kraj? Za kog su tako dubok zdenac kopali?
Zasto se sve to desava?, dali covek ista resava?
il' smo samo tu zbog ravnoteze mezu zvezdama?
Нешто што можеби не си го помислила до сега.

1. Ако си атеист, тоа не значи дека не си спиритуална. Не значи дека не се прашуваш што е сето ова, зошто е и како да го направиш најдобро што можеш.

2. Ако си атеист единствено ги порекнуваш од човекот креираните претстави (Богови и божества со човечки карактеристики) за таа „виша сила“ на која, еве, не можеш да и' го фатиш крајот.

Јас сум атеист и подеднакво ме возбудувааат и откачуваат менталните и спиритуални лавиринти на човековиот ум и свест... ама тоа не значи дека морам да ги именувам како Кришна, Јахве или Шива, па да им се клањам, плашам или да ги дарувам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom