Атеизмот е тврдење кое бара научен доказ. Науката во секој момент расте и се развива. Се што е научно докажано утре може да биде побиено и сите закони да бидат променети со нови. Убавината на науката е што таа никогаш те тврди дека нешто е невозможно. Затоа тврдење кое вели дека нешто со сигурност не постои а се темели на на флукс е загарантирано да се распадне. Навистина е смешно кога група луѓе свое гледиште темелат врз наука а притоа го познаваат нејзното функционирање.
Не е точно. Атеизмот
не е тврдење кое бара научен доказ. Атеизмот
не се обидува да даде одговор на прашањето „Зошто сме тука“ или „Кој не ставил тука“.
Атеизмот единствено ги порекнува
антропоморфните човекови фантазии именувани како Бог или божество. За таквите фантазии
не постои рационална основа во овој
рационален универзум во кој живееме.
Не е точно ниту дека науката не тврди невозможност. Невозможно е да ти се падне 6-ка, ако вртиш петка-глава. Невозможно е човек кој е мртов три дена да оживее (ткивата веќе се распаѓаат). Невозможно е од кутија во која има црни и бели топчиња да извлечеш црвено.
И уште нешто што
опако си го утнал во својот пост: Сите закони
не може да бидат заменети со нови. Ова е сопка на која паѓаат повеќето верници (не дека тврдам дека си еден од нив). Законите на универзумот, гравитација, планетарни движења, термодинамика, Њутн, Бојл, Џул... се
непроменливи. Тие го дефинираат универзумот каков што е.
Религиите, во своето непознавање на универзумот, инфантилно тврдат дека
само во одредени инстанци овие закони престануваат да важат, за потоа повторно да се воспостават.
Никој не е директен сведок за ова, а сите
веруваат дека е тоа можно.
Не е можно.
--- надополнето: Sep 6, 2011 12:02 PM ---
Можно е. Живеам со Атеист дома па се натпреваруваме кој кого да придобие
(се зезам) Ама се уште не попуштам. Само жал ми е што се троши цела таа енергија за да се докажеме дека не постои „Виша сила“.
И сега ќе го цитирам Балашевиќ (текст кој најмногу ме плаши, затоа и верувам)
Uplasi me sjaj milion zvezda kad se nebom popali.
Gde je tome kraj? Za kog su tako dubok zdenac kopali?
Zasto se sve to desava?, dali covek ista resava?
il' smo samo tu zbog ravnoteze mezu zvezdama?
Нешто што
можеби не си го помислила до сега.
1. Ако си атеист, тоа не значи дека не си спиритуална. Не значи дека не се прашуваш што е сето ова, зошто е и како да го направиш најдобро што можеш.
2. Ако си атеист единствено ги порекнуваш од човекот креираните претстави (Богови и божества со човечки карактеристики) за таа „виша сила“ на која, еве, не можеш да и' го фатиш крајот.
Јас сум атеист и подеднакво ме возбудувааат и откачуваат менталните и спиритуални лавиринти на човековиот ум и свест... ама тоа не значи дека морам да ги именувам како Кришна, Јахве или Шива, па да им се клањам, плашам или да ги дарувам.