Многу ми е криво за Дел Порто што испадна, ама самиот е крив направи премногу грешки за да помине понатака.
Мареј има предност од 2-0 во сетови против Лопез и има брејк освоено у третиот сет, а Изнер го победи Богомолов 3-0 во сетови, кај жените Стосур води против Кириленко 1-0 во сетови и 6-5 во гејмови. Од утре Возниацки ја чекаат тешки дуели против Кузнецова па ако помине против Петковиќ, колку ќе се покаже..а многу веројатно е да гледаме Српско 1/4 финале меѓу Јанко и Новак, Јанко е во добра форма и бар според мене фаворит е во дуелот со Фереро, а Новак е голем фаворит против Долгополов, добар меч за следење ќе биде меѓу Фиш и Цонга, прогнозирам 5 сета.