US OPEN 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата сашенко
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи во машка и во женска конкуренција?


  • Вкупно гласачи
    100
Статус
Затворена за нови мислења.
Супер игра Махут на моменти ама секогаш ги губи оние битните...Изгледа полесно од очекуваното Рафа ќе си ја заврши работата,има напредок од коло во коло се надевам.ВАМОС!!!
 
Надал ме изненади пријатно.Посигурно игра, посамоуверено, асови неколку видов за сега, сигурна игра, знае што прави на теренот и за разлика од претходните 2 турнира каде што беше како мува без глава т.е ко изгубен на теренот сега е по присебен и му се игра.Се надевам ке продолжи вака до крај на турнирот, ова е убаво да се види.Надал пак почна да игра тенис:).Има пак грешки ама тоа ке го среди со тек на време, нека продолжи вака...
 
Му ја олесна задачата,сега одморен и уште поспремен во трето коло.Рафа се враќа нели??:)ВАМОС!!
 
Му ја олесна задачата,сега одморен и уште поспремен во трето коло.Рафа се враќа нели??:)ВАМОС!!

Следно коло изгледа ке игра против Налбандиан.Води против Љубичич 2-1 во сетови и 4-1 за 4тиот.
 
Малку доцнам ама нејсе.
Алал вера за она што го изигра Фереро пред некој ден. Преубав натпревар. Оној циркузантон Монфилс не знам каква акробација да направи на терен за мене нема никогаш да биде тенисер. Го истошти 31 годишен тенисер во пет сета, а демек има големи претензии во тенискиот свет.
Фереро е класа играч.
 
Каков меч Мареј-Хасе....трилер....:vozbud:
Мареј се провлече низ иглени уши сношти....
Колку само падови има во играта страшно нешто...
Ептен ментално нестабилен играч...:eek:
Ќе изигра маестрално неколку гема,и после никаде го нема...:eek:
Се врати од изгубена ситуација,2-0 губеше од Робин Хасе,се врати на 2-2,па во 5иот сет водеше со 4-0 во гемови,и се блокира...
Малку фалеше Хасе да го исфрли Шкотот.....
Кој наплив на адреналин го имаше Хасе,по секој поен при крајот урлаше кон публиката.....:cool:
Немаше среќа на крајот,ги акна неколку клучни удари во аут....
Многу агресивно играше....да беше малку посмирен ќе го исфрлеше по малку препотентниот Мареј...:eek:
 
Бердих - Типсаревич 1
Петкович - Винчи 1

Ќе добијат денес ???
 
Бердих-Типсаревич
Федерер-Чилич
Цонга-Вердаско
Ѓокович-Давиденко..

Многу добри двојки има денеска во машка конкуренција..секој меч од горе напишаните вреди да се изгледа.
Кај жените нај интересен меч би требало да биди Азаренка-Серена Вилијамс, барем според звучните имиња, а мислам дека Серена ќе го добие мечот..дај боже да грешам
 
Знаев дека Чилиќ ќе му земе сет на Федерер,штета што од трето коло му падна Роже очекував многу далеку да оди....
 
Слабо темава некако, нешто ми ги нема редовните, кај сте !? :)

Надал одлично, Федерер го гледам со Чилич солидно, но вечер очеквам Давидено и Новак.. Дали конечно ќе го видиме најдобриот меч досега на турниров ?

Едит: И Стосур преге со...хмм како беше, нема везе, изиграја добар меч. Свака им част на девојките :) Скијавоне исто
 
Џокович-Давиденко најдобар меч до сега? Па, има шанси за такво нешто ама гледајки го Давиденко како игра во последно време не сум толку сигурен дека ке го натера Ноле да трча повеќе од просечно што си трча до сега на турниров.Имињата ветуваат доста, сепак се работи за квалитетни играчи нели.И двајцата познати по тоа што не се откажуваат, се борат до крај, прават пресврти и никогаш не смеат да бидат отпишани без разлика со кого играат.Тоа од секогаш важело за нив.Ама од последниот нивни дуел што го гледав имам впечаток дека ова ке биде лесна победа за Ноле.Ке има добри поени сигурно, исто како и минатиот пат што беше очекувам Давиденко да почне јако и сега.Ама колку е спремен русинот сега да изигра еден меч на ниво? Знаеме дека секогаш е мотивиран против високо рангинарите тенисери и тоа го прави многу незгоден за нив.Му стана ноќен кошмар на Рафа.Лошото за мечов е тоа што на Давиденко во последно време некако не му успева да си ја задржи играта на ниво до крај.А тоа е единствениот начин на кој може да му се игра на Новак годинава.Се покажа дека без разлика каква тактика и да имаш против него и колку и да делува таа успешна на моменти ако не издржиш до крај со тоа темпо типот е спремен во секој момент од мечот да се врати и да го сврти мечот за 360.Многу така пробаа годинава, и мислеа дека само тактика е доволна да го победиш ноле и прокоцка златни шанси кога имаа водство против него и пак на крај го јадеа немиен.Давиденко не е спремен за Новак толку рано на турниров.Типот е злато играч, докажал милион пати дека против него неможе да биде фаворит никој.Знае да извади ненормален тенис кога најмалку очекуваш.Топ 10 тенисери во одлични форми кога биле го јаделе од него.Има квалитет, има искуство, работник на теренот, жилаво човече ептен.Физички и психички спремен за секој меч ама повредите го мачат многу и таман ке влезе во форма и ке фати ритам повреда некоја ке го оддалечи од терените и после ајде пак од ново.Тоа е единствента работа поради која Давиденко не е во топ 5 тенисериве во светов, инаку е печен за таму.Знам дека сега ке игра добро, ама нема да може да притисне до крај.Ај ке гледаме па ке правиме муабет пак после мечот, да не го отпишеме пред време ама едно е сигурно уште сега.Ке мора да стисне заби за да изигра достоен меч против Џокович овој пат.Да победи е смешно да се помисли, можеби при евентуално повлекување на Новак ама мислам дека рамото му е добро сега така да таа опција испаѓа сега за сега.Мој тип е 3-0 чиста победа за србинот и жилава игра од Давиденко како и секогаш.Под изненадување ставам 3-1 победа за Џокович ама шансите за тоа се многу мали.Вреди да се гледа мечов зошто ке има многу интересни и долги поени( тоа секогаш го имало).Познавајки ги нив има шанса да гледаме одличен меч ама сепак се зависи од тоа колку време ке се држи русинот.
 
Долгополов каков меч игра,лудница !!!!

пс:Го чекам Фиш да тепа со хендикеп (- 5.5 ) ,ај ваљда ќе биде :))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom