„Со кого си - таков си!“ - Дали е така?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Пријателствата се рушат затоа што некој се изменил према мене, не затоа што со тек на години, другарките решиле дека кен со џип е бољи од кен нуркачот.

Истото и јас го кажав погоре, треба ли да ти напишам зборче по зборче да ме разбереш или имаш проблеми со перцепција на речениците?

Реченицава е само производ од заостанатоста кај луѓето како тебе во поглед на тие нешта.

Реченицава е производ на твојата желба за навреда, погрешна перцепција на работите како и заслепеноста и неспособността да си го скастриш сопственото его и ништо повеќе.

Многу убаво напишав што мислам а што ти читаш нешто друго не е мој проблем.
 
Јас мислам дека оваа генерализација е до некаде точна, зошто најчесто ги бираме луѓето што личат на нас за наши пријатели. На самиот форум се ,,лајкуваме,, со сличните на нас. Тоа е нормално.

Но, дека јас и мојата најдобра другарка сме исти - не е вистина. Сите сме различни и е глупаво да судиме некому според пријателите кои ги има.

Секој е свој човек, и секој како свој човек треба да го гледаме.
 
Со кого си таков си?
Прашање кое нуди два одговори, две генерализации.
Првата генерализација и често изустена од секоја втора уста; -Јас имам силен карактер, не е точна изрекава.
Теоретски, личноста можеби навистина смета дека има таков карактер, кој е имун на пороци и влијанија од друштвото.
Но практичното покажува дека во најголем број од случаевите луѓето се подложни на пороци, прифаќање навики и копирање на ставови од најблиската околина.

Втората е онаа која ја потврдува генерализацијата дека луѓето се слаби кога се пробиваат во порочна средина, а порочната средина се пријателите. Проблемот не е во пороците, не е ниту во пријателите. Проблемот е во самиот човек.
Два коњака ќе те расположат, од три ќе те боли глава, но веројатноста е голема после четвртиот или петиот коњак да бидеш дупе направен и да те носи дома другар. Ако и тој е трезен.
Ретко кој знае што е доволно.
Бидејќи не знаат, копираат. Ако некој од друштво испие пола литро жестоко, мораш и ти. Ако некој од друштвото отиде во Охрид, мораш и ти. Ако некоја другарка е курва и купува скапи парталчиња со парите од господинот, ќе сакаш и ти. Зошто? Зошто да работиш на црно за дневница од 300 денари, кога за половина час ќе имаш пет пати повеќе.
Ако луѓето не ги сметаат своите најблиски пријатели за конкуренција, а ги сметаат, ако не постои љубомора, а постои, ќе сфатат дека подобриот ја буди самосвеста, ја допира најдлабоката промена на свеста.
Како?
Примери има многу.
Ако другарката се курва, сакаш и ти, затоа што сметаш дека способноста за снаоѓање и е подобра, па затоа ќе пробаш. Пробуваш и сфаќаш дека тоа не е за тебе. И не се курваш, среќна си со твоите 300 денари, миејќи чаши или послужувајќи во кафич, место да пушиш нешто што не ти прави задоволство во моментот.
Самосвеста се разбудила, благодарение на твоето мислење дека таа е подобра од тебе.
Ако другарот испие пола литро, испиеш и ти и завршиш во болница, стануваш свесен дека немаш толку големи муда за пиење, затоа што не пиеш. За разлика од тебе, другар ти секој втор ден е пијан.
Во најдобар пример, не мораш како и повеќето, да го искусиш ова на своја кожа.
Секако ако не ти е важна само целта, туку и начинот за да стигнеш до таму.
Ако ти е важна само целта, изрекава е точна.
И секако.
Дечко којшто сака прво да ги запознае твоите другарки или сака да опне некоја од нив или нема муда директно да ти се пушти тебе.
 
Ти си тоа што си таков каков што си не може луѓето да те судат и да донесуват одлуки врз база на тоа со кој се дружиш. Не сме ние криви балканци сме толку ни сече. Може пријателите и пријателките да имат направено различни несватливи работи што и на тебе самиот ти пречат ама кога ти било најтешко и ти помогнале и застанале зад тебе самиот тогаш такви пријатели се добри и кој какво сака мислење нека има. За секој ако се најлоши а за тебе излегле најдобри не треба да не се дружиш со нив и не треба да дозволиш да прекинеш едно пријателство само затоа што другите зборувале лошо за него/неа. Во какво и друштво да се наоѓаш луѓето секогаш ќе најдат причина да те озборуваат. Така што диши длабоко и терај си го животот на тебе како што ти одговара како јас не одам на јадењето да им додавам сол така не сакам истото да го прават и за мене. :)
 
А зошто да не - каков си, со такви си..:D mindfuck//
 
А зошто да не - каков си, со такви си..:D mindfuck//
Баш сакав да пишам.
Ти си бираш друштво според тоа каков си ти ко личност, а не те бира друштвото тебе.
Сите ние се дружиме со луѓе со кои имаме заеднички интереси, слични карактери, нешто што ни е слично/исто не спојува.
Така да, точно, многу точно.
Каков си, со такви си ( :
 
и ако имаш капка мозок и свој став ќе си останиш таков без другите да влијаат на тебе и ќе си останиш тиа што си. "со кого си - таков си" - не е точно
Зашо би седел со луѓе со кои не си ист?
Добро, не можеш да бидеш ист, ама сличен?
Зашо би седел у друштво кое не ти се свиѓа и не сакаш да бидеш како нив?
Не ве разбирам ^.-

Како може друштвото кое ти се свиѓа да влијае лошо на тебе? Ако одбереш друштво у кое што не сакаш да бидеш или си глуп или си малоумен, толку ти фаќа црпката. Трето нема.
 
Зашо би седел со луѓе со кои не си ист?
Добро, не можеш да бидеш ист, ама сличен?
Зашо би седел у друштво кое не ти се свиѓа и не сакаш да бидеш како нив?
Не ве разбирам ^.-

Како може друштвото кое ти се свиѓа да влијае лошо на тебе? Ако одбереш друштво у кое што не сакаш да бидеш или си глуп или си малоумен, толку ти фаќа црпката. Трето нема.

Не напаѓај одма не разбра. Нема потреба да бидам со некој ист, јас сум јас, а секој си е различен од другиот на некој начин.
Друга работа шо не ја свана е дека мене некој не може да ми влијае врз мојот став доколку мислам дека сум во право или со други зборови - некој од друштвото ако пуше и се дрогира или пак пијанче јас не сум таков и нема да бидам а тие нека бидат мое друштво не значи дека мора да им се придружам у тоа ,а по твојот став и според дефиницијата "со кого си - таков си" излева дека ако некој од твојто друштво се пијанче аУтомаЦки и ти се пијанчиш и ти си пијаница.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom