Со кого си таков си?
Прашање кое нуди два одговори, две генерализации.
Првата генерализација и често изустена од секоја втора уста; -Јас имам силен карактер, не е точна изрекава.
Теоретски, личноста можеби навистина смета дека има таков карактер, кој е имун на пороци и влијанија од друштвото.
Но практичното покажува дека во најголем број од случаевите луѓето се подложни на пороци, прифаќање навики и копирање на ставови од најблиската околина.
Втората е онаа која ја потврдува генерализацијата дека луѓето се слаби кога се пробиваат во порочна средина, а порочната средина се пријателите. Проблемот не е во пороците, не е ниту во пријателите. Проблемот е во самиот човек.
Два коњака ќе те расположат, од три ќе те боли глава, но веројатноста е голема после четвртиот или петиот коњак да бидеш дупе направен и да те носи дома другар. Ако и тој е трезен.
Ретко кој знае што е доволно.
Бидејќи не знаат, копираат. Ако некој од друштво испие пола литро жестоко, мораш и ти. Ако некој од друштвото отиде во Охрид, мораш и ти. Ако некоја другарка е курва и купува скапи парталчиња со парите од господинот, ќе сакаш и ти. Зошто? Зошто да работиш на црно за дневница од 300 денари, кога за половина час ќе имаш пет пати повеќе.
Ако луѓето не ги сметаат своите најблиски пријатели за конкуренција, а ги сметаат, ако не постои љубомора, а постои, ќе сфатат дека подобриот ја буди самосвеста, ја допира најдлабоката промена на свеста.
Како?
Примери има многу.
Ако другарката се курва, сакаш и ти, затоа што сметаш дека способноста за снаоѓање и е подобра, па затоа ќе пробаш. Пробуваш и сфаќаш дека тоа не е за тебе. И не се курваш, среќна си со твоите 300 денари, миејќи чаши или послужувајќи во кафич, место да пушиш нешто што не ти прави задоволство во моментот.
Самосвеста се разбудила, благодарение на твоето мислење дека таа е подобра од тебе.
Ако другарот испие пола литро, испиеш и ти и завршиш во болница, стануваш свесен дека немаш толку големи муда за пиење, затоа што не пиеш. За разлика од тебе, другар ти секој втор ден е пијан.
Во најдобар пример, не мораш како и повеќето, да го искусиш ова на своја кожа.
Секако ако не ти е важна само целта, туку и начинот за да стигнеш до таму.
Ако ти е важна само целта, изрекава е точна.
И секако.
Дечко којшто сака прво да ги запознае твоите другарки или сака да опне некоја од нив или нема муда директно да ти се пушти тебе.