Фан клуб - РК Металург

Член од
14 март 2010
Мислења
16.940
Поени од реакции
16.238
HC METALURG 14:9 HASLUM HK
29 минута е во тек.. добар резултат сега за сега, се надевам дека ќе издржат до крај, и дека после толку време пак ќе имаме претставник во ЛШ.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
14-9 за Металург на полувреме....
Не е лошо...:)
--- надополнето: Sep 4, 2011 4:22 PM ---
1 разлика за Хаслум на 4 минути до крај:eek:
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.143
Поени од реакции
1.898
Ако ја посерат сега цела работа страм да му е стварно 2 мин пред крај 28-28
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Закочи резултатот....падна сајтот си еба матер :tapp:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Честито...
Како шо очекував,тешко беше...Норвежаните секогаш се големи ривали...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.940
Поени од реакции
16.238
Честито.
Се надевам на лесна група (ако има таква во оваа фаза..), па со добра игра на домашен терен да направат поголем успех во оваа сезона.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.445
Металург во инфаркт-натпревар обезбеди Лига на шампиони

Македонската спортска јавност денеска доживеа многу возбудувања, но и многу радости. По триумфот на кошаркарите над Финска во финишот, ова попладне и ракометниот шампион Металург одигра инфаркт-натпревар против Хаслум во финалето од квалификациската група за влез во Лигата на шампионите. Избраниците на Лино Червар славеа со 29-28 против норвешкиот тим и обезбедија пласман во групната фаза од шампионската лига по пауза од три години.

Првиот дел на натпреварот најавуваше лесна победа на Металург, бидејќи нашиот шампион на паузата водеше со 14-9. Во вториот дел Хаслум одиграл многу подобро, а во финишот постојано бил во водство од еден гол разлика. Информациите од Израел велат дека Филип Миркуловски бил херојот на тимот од Автокоманда, кој го постигнал победничкиот гол во последните секунди од натпреварот. Најдобри во таборот на нашиот шампион биле голманот Станиќ, кој имал 18 одбрани и Марковиќ со 11 голови. Наумче Мојсоски постигнал 7 погодиц, а Ракчевиќ шест пати се запишал во листата на стрелците.

Металург натпреварите во Лигата на шампионите ги започнува на 28 септември, а во групата Ц ќе игра против Хамбург, Цимос Копер, Констанца, Санкт Петерсбург и Висла Плок.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
За малку ќе се повтореше ланската сезона...:eek:
Редно беше Металург на толку вложени пари да се пласира во ЛШ(по неколку годишна пауза)....
Неочекувано многу голови се примија денес...
Сепак кога се игра со Скандинавска екипа,ептен е тешко за било која одбрана да ги задржи на малку голови,едноставно нивната игра е таква...
И покрај 18 одбрани на Станиќ успеаа да дадат 28 гола...:eek:
Шо покажува дека Хаслум не беше воопшто наивна екипа...
Сепак Металург е посилен,и реално гледано заслужено е во групите....
Околу играчкиот кадар,лоша работа е шо две од 4те засилувања се повредени и тоа сериозно...
Козлина изгледа ќе треба да оди на операција,се гледа дека одамна мачи мака со повредата..
Батиновиќ,којзнае дали е спремен,и кога ќе се вклопи во тимот....за брзо не ми се верува...
Остануваат двете најголеми засилувања,Марковиќ,вистински избор,страшен играч каков шо одамна му требаше на Лино...
И Станиќ,ГОЛМАНИШТЕ...:cool:
Изгледа Диви оваа сезона ќе ја чисти прашината на клупата на Металург...:D
Ќе добива минутажа само на тие мечеви во СЕХА,за во ЛШ,тешко,покрај ваква статистика на Станиќ..
Групата...
Добра група...
Освен Хамбург...другите екипи се по мерка...
Словенците се секогаш опасни и доста вложуваат,посебно Копер,ама има шанса Металург барем во Скопје со нив...
Констанца и Ст Петерсбург се просечни тимови од ЛШ,и се противници по мерка,тука ја гледам шансата на Металург,имаат шанса со овие две екипи...
Висла,штом ги скинале Киелце прошлата сезона и им ја зеле титулата,сигурно се јака екипа...
Сепак и Пољаците се како нас,јаки на домашен терен,и далеку послаби на гости...
Металург има шанса за бодови со сите противници,освен можеби со ХСВ...кој се за класа пред другите...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нека им е со среќа сега и групава им е пролазна дури можат и втори да бидат. Маркович ѕвер.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Марковиќ 17 гола на 2 утакмици....:)
Во мечот со Хаслум имал 11 гола од 14 удари(y)
Вистински разбивач е Марковиќ,203 см висок,левак,топ во раката....ИГРАЧИШТЕ...
Друга работа шо загрижува кај Металург е шо само 5 души дадоа голови вчера...
Мојсо 7,Ракчевиќ 6,Миркуловски 4 и Аљушот 1...:eek:
Крилата како да не постоеја...:eek:
Во ЛШ со ваков ефект тешко дека ќе победуваат....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom