Фан клуб - РК Металург

Металург го заврши настапот на турнир Добој со победа и освоено петто место во дуелот со Татран Прешов 27-22.
 
A шо напраја со АЕК не требаше да играат со нив ?
 
Нормален е овој Марковиќ ? Сега гледам и на грците 12 гола им закачил...одамна немало ваков десен бек во Македонија !
 
32 парчиња на Жарко Марковиќ на турнирот на Шампионите во Добој...
Најдобар стрелец е на турнирот.....
На 4 утакмици,32 гола...просек 8 гола по меч...
Со оглед дека 3 утакмици беа против доста јаки екипи.....Гумерзбах,Пик Сегед,па и Татран..ова е одличен ефект......
Изгледа конечно Лино најде некој јунак да го тргни Левов од првата постава:pos:
 
Машина е Марковиќ ... секоја екипа би го посакала !
 
Металург славеше со 27:19 против домашниот Израелски тим во полуфиналето за квалификациите за лигата на шампионите. Утре во финалето ке игра против Норвешки Хаслум.
 
Очекувана победа..
Израелците џабе скокаа,се знаеше дека немаат квалитет да направат нешто повеќе..
Далеку се од класата на Металург...
Утре со Хаслум....
Не се наивна екипа,впрочем скандинавска екипа никогаш не смее да се потцени...
Мамелунд,Ригелут...се репрезентативци на Норвешка,играчи со големо искуство....
Мора да се влези максимално во дуелот со јака одбрана...,ако дозволи Металург брза игра ќе имаат големи проблеми....
Скандинавците се најопасни ако им се дозволи простор да се размаваат...
Да се надеваме дека ќе успеат...:)
 
Добра победа вчера би требало со таа игра да тепаат и денеска ќе биде потешко со Норвежаните но очекувам да тепаат оваа година имаат екстра тим.
 
Како шо видов на EHF ќе биди во 18:00 ајде да видиме дали ќе имаме ова година тим во Лигата на шампиони...
Или тоа е локално време +1 централно европско време
 
http://www.rkmetalurg.mk/storija/110
Вчерашната статистика од мечот со Макаби...
P.S.
Во 5 е со Хаслум...
На сајтот на Металург има текстуален пренос во живо на резулатот....
http://www.rkmetalurg.mk/
 
Браво бе за металург во живо имаат резултат...
 
2-2 5 минута...
На EHF TVвчера имаше стримови од неколку квалификациони групи,ама од групата на Металург немаше ништо..
И денес нема:eek:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom