Фан клуб - РК Металург

Металург синоќа одигра нерешено против хрватскиот тим на Нексе 26:26 во рамките од 4.коло во регионалната СЕХА лига. Први стрелци за тимот од “Автокоманда“ беа Марковиќ со девет и Ракчевиќ со шест гола. Претстојниот викенд, поточно в недела на 9 октомври со почеток во 15:00 часот Металург во 2. коло од Лигата на шампионите ќе му гостува на рускиот тим на Ст. Петерсбург.
 
Сител пренесуваше Лига на Шампиони ама не знам за гостинските вајда ќе има а регионална си останува на МТВ1.
 
Ќе има пренос СТ.Петерсбург..
Сите утакмици на Металург од ЛШ ќе ги покрие Сител+ќе даваат уште еден меч по избор....
 
Одбраната стандардна, во нападот има многу избрзани одлуки како што беше оваа за +2 на полувреме со играч повеќе.Премногу респект се има кон противникот, треба малце по жестоко да се влезе, сигурни напади од крило ниеден гол не дадовме.Има што да им каже Лино сега...
 
Се разбрани Маркович тоа е добро за Металург.
Добро почнаа на крајот се паѓаа полека полека сега во второ да ја повторат играта во одбрана како на почетокот и на долги напади и да ги реализираат.Ракчевич игра преслабо затоа на крајов почна да го става Димовски нека не ги форсираат толку пикерите имаат високи и снажни дефанзивци се виде и по првиот дел еден гол не дадоа пикерите.
 
Ников кој бездушен коментатор, гадно ќе биде ако тој коментира ЕП.
--- надополнето: Oct 9, 2011 12:26 PM ---
:mad:3 пенала и еден куп зицери промашија! Не е можно толку психички да се паѓа.
 
сите пенали ги промашија да му се невиди. бивало ли се у висина на рацете да му шутираат. го имаа мечот во свои раце, и ја посраа . ако земат нерешено сега супер се.
 
Абабаба Ракчевиќ гол да не се дадело бе,пенал да не се дадело,плус Геогиевски и Алушевски тие зицерите па неможе бе да се победи,таква предност таква игра да се прокоцкала не знам.Многу битна победа ќе беше ама барем добро и бод на крајов што извадија, уште не организирани во одбрана примавме голови а згора на тоа и исклучување цело време.
Ако нешто можам да заклучам од денеска: Станиќ и Миркуловски - Мојсовски се зверови невидени.За Мојсовски знаевме ама Миркуловски има огромен напредок.
 
Не е страшно што не успеавме да ги совладаме овој бод може да биде и доволен ако се победат Констанца и Висла на домашен терен. Плус за бодови во втора фаза ќе треба една победа над истите две екипи на гостински терен.
 
Многу зицери промашија и седмерци:unsure: тоа ја еба работата..иначе од авион се гледа дека Металург е поквалитетна екипа.. сепак браво и бод не е лошо
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom