Македонија - Грција, 3. септември, ЦАРЕВИТЕ ПОБЕДИЈА!!!! (72:58)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако игра Чековски олку солидно, може и солидно да изигра цела репрезентација против Грис.
Се треба да се нивелира на Чековски-от level.

Друг доказ кој ја сфаќа кошаркарската игра не е потребен.
Само цитираниот и оној кој го лајкнал постот им е јасно.
Чековски и вечерва made the difference.
А тука беше плукан и исмеван како анти-талент и грците без прогласувани однапред како победници, без да се земе предвид џокерот, одлучувачкиот фактор т.е. Чековски.

Иако едно натпреварување каде Чековски е ѕвезда доловува друга, страшна и тажна димензија на современата кошарка....не е време за тагувања, и онака во тој спорт доминираат ретадрирани двоиполметраши, забрадени килави крила и бекови и плејмекери на кои топката им е страно тело...

Оскар Шмит,Дражен Петровиќ (доколку беше жив). Ѓорѓевиќ или Сабонис би можеле со една врзана рака и едно ископано око да поведат маалски тим до титула...со ваква конкуренција...:)

Кога ќе размислам Дражен и умрен е подобар од пола играчи на европсково...
 
Овој пат не го скриле MKD туку напишале...
87679545.png


Цркнете сега грци!!
:D
 
Ама ми се свиѓаше што нашите не ни приговараа многу на судењето, ептен ладни беа
Ама треба да се приговара затоа што ако не се буниме на некој натпревар каде ќе бидеме блиску со поени со противникот може да не зезнат гадно.
 
Grčka nacionalna televizija ponovo je ‘izbrisala’ ime Makedonije, ali su makedonski košarkaši ‘počistili parket’ sa njihovim na Evropskom prvenstvu ! :D
 
Богами ме изненадија момците денеска, изиграа ненормално. Се гледа дека се страшно мотивирани на турниров и дека даваат се од себе. А и стручниот штаб си заврши работа денес.

Целиот политички контекст на натпреварот на страна, оваа е неверојатна победа за нас. Грција ипак е една велесила во кошарката иако сега имаат подмладен состав. Со вакви игри се стекнува име во спортот. На ова сега треба да се гради за понатаму, и уште повеќе да и се обранува внимание на кошарката во државава. А и ги добивме со 14 разлика, човече.

Утре и сакам да видам малце повеќе ротација со Финциве. Со нив и нашите играчи од клупа би требало да се држат. Зошто ако продолжат со ова темпо, Бо и Владо да играат по цел натпревар со само неколку минити на клупа, може при крајот на првенството да ни падне нивото на игра ради замор и падови во концентрација. Ипак ние ротираме со 7-8 играчи, додека другите екипи ротираат со сите 12.

И исто не претерувајте со муабетот за медалите. Ние вака како што е со пласман во втора фаза, праиме ненормален успех за нас. Најмалце што треба да праиме е да им ставаме некаков плус притисок на играчите. А и има страшни екипи на првенствово. Ако влеземе во втора фаза, натаму треба да се игра без никакви цели и никаков притисок.
 
Илиевски му рекол на Мекелебовски дека ако ја победиме Грција ќе бидат херои во Македонија и ќе бидат пречекани од 2 000 000 луѓе во Скопје !

Ова го мотивирало уште повеќе Мекелебовски !

Така кажа новинарот од Канал 5 што е во Литванија на спортските вести !
 
Изгубија ко Грчка :D
Хаха, ова е новата поговорка на 21ви век. До сега беше дужен си ко грчка, а од сега ке биде изгуби ко грчка. Ххахаха, браво момци, разочарувањето што го имав со Грна гора не е ништо во споредба со радоста што ми ја донесовте со хрватска и овие Сиртакијанциве. Браво.
 
Фалеше само добар коментатор за да се врти на youtube forever, јбт...која трагедија од коментирање на денот на нашата најголема спортска победа. Жално.
 
Илиевски му рекол на Мекелебовски дека ако ја победиме Грција ќе бидат херои во Македонија и ќе бидат пречекани од 2 000 000 луѓе во Скопје !

Ова го мотивирало уште повеќе Мекелебовски !

Така кажа новинарот од Канал 5 што е во Литванија на спортските вести !
И овој веднаш им објасни 2-3 работи на Гејциве :)
 
Колку гордо се чувствувам денеска не сте свесни.А сигурен сум дека сите се осеќаат така.Ова е историска победа за нашава земја.Им покажавме на гнидите дека можеме да го збришеме паркетот со нив.Им покажавме дека иако сме мала земја,шака народ,пак можеме да ги победиме.
Нека цркнат слободно.И за инает името не го менуваме сега,да ги боли повеќе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom