Па, сори друже, ама сме се убиле и ја и ти од пишување на форумов, посебно на тема религија. Па колку пати истиот муабет ќе го вергламе...
Плус тоа ја и ти шо ќе се договориме, нема да го учат во католичките училишта во Канзас.
Сепак, на кратко, билатерално, еве...
Религијата денес, е нешто коешто на човек му е потребно, бидејќи науката иако ќе му укаже на очигледните нешта, не може да му ги реши. Јасно е што се случува со телото кога ќе му престанат виталните функции, ама стравот од умирање е нормален и човечки и никој не може да рече, науката докажува дека после смртта нема ништо и затоа нема потреба да се плашиме.
Емоциите можеби се збирштина од хормони, хемии од жлезди и што се не, но освен ако не се сложиме дека треба да го поминеме животот на хероин,
тогаш религијата ни е потребна за да биде она коешто ќе ни ги држи тие емоции кротки.
Мислам дека лошо се објаснив, ама ај да видам каков одговор ќе ми дадеш.