Потребата на човекот од религија

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Едно е сигурно да не била религијата во општеството колку некој сметаат дека направила штета или не таа е најчиста по етика и морал.

Учењето е позитивно колку и некој да го негира тоа или не ,јас лично познавам бизнисмени кои одат во црква и бараат утешение а утре пак си прават по свое.

Значи Ако Чичко Стоилко прави добри хамбургери и опстојува толку време сите ќе јадат кај него без разлика што логично не е здраво да се јаде фаст фуд.

Колку само луѓе гледам носат крстови на рака и врат логично тоа е мода или амајлија или верување секој си знае.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.670
Поени од реакции
31.584
Мене не ми требаат сликички за да доловам твој психолошки профил
pak pogreshno kreacionistichki si razbral., jas davam na takvi kako tebe slikichki i im pravam profil, onaka shutrachki od zabava , a ti si toj shto na se priogjash negatorski so kalash na avatar......i golema doza na gorchina od samo za tebe razbirlivi prichini .,.........nekoi raboti mi se pojasni posle eden tvoj post koga diskutiravme ., no never mind...........najvazhno e ti da si dobar i dobro da se osekash isturajki ja seta nasobrana gorchina tuka(y):coffee:
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
И уште една работа зошто ако логично размилсуваме луѓето се женат и мажат и се парат ,зошто не постои Вештачко оплодување или машина што ќе ги прави луѓето.

Ајде баш ме интересира што науката ќе каже за тоа зошто е тоа така.

За све нема логично размислување или како настанал човекот.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
pak pogreshno kreacionistichki si razbral., jas davam na takvi kako tebe slikichki i im pravam profil, onaka shutrachki od zabava , a ti si toj shto na se priogjash negatorski so kalash na avatar......i golema doza na gorchina od samo za tebe razbirlivi prichini .,.........nekoi raboti mi se pojasni posle eden tvoj post koga diskutiravme ., no never mind...........najvazhno e ti da si dobar i dobro da se osekash isturajki ja seta nasobrana gorchina tuka(y):coffee:
Браос, ќе те биде за психолог. Dr. Shutrak od Koleshino
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
И уште една работа зошто ако логично размилсуваме луѓето се женат и мажат и се парат ,зошто не постои Вештачко оплодување или машина што ќе ги прави луѓето.

Ајде баш ме интересира што науката ќе каже за тоа зошто е тоа така.

За све нема логично размислување или како настанал човекот.
Почнува да ми се допаѓа твојот начин на размислување :D

Кон претходниот ти пост: Христијанството промовира двоен морал. Едниот е оној на Стариот завет во чија основа е осветата. Другиот е моралот од Новиот завет во чија основа е простувањето. Ти, Љупчо, може да се правиш како да ја разбираш оваа шизофренична религија, ама пишувајќи тука повеќе е од јасно дека не си баш на чисто.

Те прашувам јас сега тебе: Ако на твој близок јас лично нанесам големо зло (на мајка, шајка, што ли да е тоа што тебе ти е стварно мило) што ќе направиш ти?

1) ќе ми се осветиш (и ти мене мајка-шајка...)
2) ќе ми наместиш некој друг драг од семејството (сестра, брат, whatever...) за да се доискажам?

А, Љупчо?
--- надополнето: Aug 29, 2011 1:55 PM ---
Инаку, вештачко оплодување постои. Постои и една машина, ама овој сајт не е за такви клипчиња...

+ постои и толкување за тоа како настанал човекот ама тоа се учи тек у V или VI одделение. Ај да не ти расипувам филм уште сеа ;)
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Види DBACK ако веруваш во нешто можеби тогаш казната онаа виша сила ќе дојде кај тебе или на твоето поколение немој да мислиш дека нема ништо да се случи сум слушал ја прикаски и гледал многу такви искуства немој да се зафркаваш со силата поголема од нас.

колку и да звучи клише судбина!
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Види DBACK ако веруваш во нешто можеби тогаш казната онаа виша сила ќе дојде кај тебе или на твоето поколение немој да мислиш дека нема ништо да се случи сум слушал ја прикаски и гледал многу такви искуства немој да се зафркаваш со силата поголема од нас.

колку и да звучи клише судбина!
Фер. Ама ја сум си голем, Љупчо, сам си знам и што си правам за себе си правам.

Сепак, избегна да одговориш на прашањето погоре. 1 или 2? Што ќе биде?
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Мене не ми треба религија....
И сметам дека доколку не би постоеле религииве, светот би бил попријатно место за живеење.
Се согласувам во целост. И јас мислам дека кога сите до еден би биле Атеисти, нe би се случувале некои работи кои што се случуваат во некои земји од светот. :unsure:
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Што ќе биде?
Ќе живееш со мислата дека си направил зло и тоа ќе те прати се до својата смрт.

Тоа неубаво чувство на пониженост или грев како и да се вика .
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ќе живееш со мислата дека си направил зло и тоа ќе те прати се до својата смрт.

Тоа неубаво чувство на пониженост или грев како и да се вика .
Не те разбирам. Треба ваљда прво да реагираш некако за да може после да имаш „неубаво чувство на пониженост или грев како и да се вика“.

Ја не те прашувам јас што ќе правам, јас те прашувам ТИ ШТО ЌЕ НАПРАВИШ?

1. Ќе ми е*еш пиперот или
2. Ќе ме викнеш на поправен (кај следниот род по милина)

Значи, те прашувам дали би се испонашал под 1. или под 2.

Како би се?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Во Библијата се вели : Кој го почитува Бог, ќе најде среќа - Ова значи дека оној што верува во потсвеста и во законот на мислата ќе биде среќен. Секој кој ја знае моќта на потсвеста, со своите мисли ќе испраќа љубов, среќа и разбирање на сите околу себе, а со тоа и на својата потсвест. Потсвеста е нашиот прв Бог кој не казнува за направеното зло, а наградува за направеното добро т.е не прави среќни кога и ние ќе усреќиме други. Пред да ме повикаш, јас сум ти одговорил - Овде станува збор за законот за привлечност, којшто не познава време и простор. Тоа што го сакаме - веќе го имаме, последица и причина. Потсвеста не знае за ограничување. Штом таа ќе прифати некоја мисла, веднаш тргнува кон нејзино остварување. Понатаму
- Твоите зборови ќе те избават и твоите зборови ќе те осудат. Овде се алудира на моќта на зборовите што ги изговараме, коишто свеста ги прифаќа буквално. Она што се зборува, тоа и се добива. Секој изговорен збор создава закон во потсвеста и таа го остварува тоа. Зборот е најмоќно оружје што му е дадено на човекот. Зборовите убиле повеќе души, отколку што сите војни убиле луѓе.
Секси, гледам зборуваш за потсвест.
Но, што ако во потсвеста јас сакам да се сексам со мажот на комшиката? За тоа Библијата, го кажува она што и најнепросветлениот (за својата религија) верник го знае:
7. Не врши прељуба!
10. Не посакувај ја жената на твојот ближен!

Имено, знаеме дека ќе гориме во Пеколот ако го направиме ова. Во реалноста, кај некои луѓе, може да има грижа на совест заради своите мисли, но кај некои, може да има и планови како да си го остварат потсвесно посакуваното. Според тоа, на никаков начин, потсвеста не значи само љубов, среќа.... значи многу повеќе. И многу често, значи себичност.
Колку и да сакаме метафорички да си ја прикажеме Библијата, вистината е дека го негира постоењето на потсвеста (или јас би го нарекла фројдовското ID). Јас би рекла дека Исус (и тие пред-после него) зборувале за superego-то пред се (бидејќи тоа е нашиот морален судија) и во втор план било ego-то - од аспект на тоа дека човекот може да биде добар и послушен, или своеглав и отпорен на вербата. Изборот бил во тоа. Но некако, сите религии ја заборавале специфичноста на потсвеста. Зошто не можеле да нурнат во сечија индивидуална потсвест.
Никој не може.
А за мене, најлошо е негирањето на нашите пориви, негирањето на нашите желби.
Да речеме, имаме иден сериски убиец. Ако тој заради сиот хаос на ,,кој треба јас да бидам,, наместо ,,кој сум јас,, навремено побара помош, ќе биде спречен да повредува. Но бидејќи го негира тоа потсвесно ,,кој сум јас,, еден ден почнува инстиктивно да ги убива луѓето. Тоа е очекувано, ако тргнеме од тоа дека потсвеста (id) и дава можност на свеста (ego) да ги задоволи неговите потреби. Привремено его-то ќе ги задоволува со замисли на самиот чин. Но бидејќи нема да биде вистински задоволена потребата, id ќе си ја поврати својата сила и човекот буквално несвесно ќе ги извршува сите (во овој случај фатални) акти.

Религијата не може да го спречи негативното на оваа земја, напротив, го негира и го крие. Луѓето не се доволно добри, а ако сите сме послушници на религијата, тогаш, што сме ние? Што сме поразлични од било кое животно? Ако се однесуваме сите исто, идентично, ако ги негираме разликите, ако се стремиме кон отфрлување и заборавање на она што навистина сме ние?

Религијата - која сака нека е, го негира најважното, она што секој човек го прави човек - кој сум јас?
Индивидуалното, субјективното, посебното... е нешто без кое еден човек, не би бил човек.
Би бил само тело, кое не ја користи свеста. Таа му е однапред предодредена, како и секој потег кој би го направил.

Јас мислам дека човекот само се плаши, затоа и има религии. Се плашиме од нашата минијатурност, неважност. Утре ќе умреме, и ќе не изедат црви. И толку од нас.
Нашата душа нема да лебди на небото.
Има луѓе кои се плашат да прифатат дека нивните блиски едноставно повеќе ги нема.
Сакаат да мислат дека ги гледаат горе од небото.
Има луѓе кои се плашат дека всушност, не е човекот најмоќното и најинтелигентното суштество во природата.
Дека постојат и други поинтелигентни суштества, на некоја друга планета.

Во суштина на религијата е страв, страв од непознатото.
Отфрлање на религија, значи храброст. Дека нема да лежиме на облак, зошто сме биле фини на овој свет.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545

--- надополнето: Nov 9, 2011 9:57 PM ---
Он топик:

Зошто човекот има константна потреба од религија?
Прво, концептот религија не е така едноставен. Под религија може да се подведат светогледи, системи на верување, културолошки матрици, морално-етички кодекси, метафизички или спиритуални пракси, итн. Да се одговори зошто ни се потребни сиве овие е оебмна дискусија. Второ, прашањето содржи пресупозиција дека човекот има константна потреба од религија. Не знам дали оваа пресупозиција е докажлива. Психологијата и антропологијата се обидуваат да ја интерпретираат религиозноста но не и да ја докажат потребата од неа. Не ми се познати студии кои ја докажуваат потребата од религија. Под религиозност тука подразбирам најразлични верувања во „натприродни“ ентитети. Мислам дека не може да се извлече едноставен заклучок зошто човекот има константна потреба од религија. За мене, тоа е приватно прашање и не гледам причина некому да ја оправдувам таквата своја потреба. Трето, редуцирање на религиозноста на интелектуална мрза, неукост, или ирационални стравови е еднострано. Науката секако нуди проверливи објаснувања но не ги задоволува спиритуалните потреби. Од таа гледна точка, за мене религиозноста и науката се комплементарни.

Зошто монотеизмот го потиснал политеизмот?
Затоа што монотеистичките религии (првенствено јудаизмот, христијанството и исламот) се здобиле со силна институционална и политичка моќ и биле наметнати врз останатите системи на верување. Тука не спаѓаат само политеистичките системи, туку и анимизмот, пантеизмот, итн. Денес ситуацијата во демократските системи е поинаква, но историската супремација на монотеистичките религии е факт. Теолошките компарации и објаснувања не даваат проверливи одговори на ова прашање. Ова секако не значи дека монотеистички религии се помалку вредни.

Зошто на атеистите не им „треба Бог“?
На ова прашање треба да одговорат атеисти.
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
63
Поени од реакции
24
дали постои религија кога веруваш во личноста која починала ? или пак како се вика тоа верување ?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
дали постои религија кога веруваш во личноста која починала ? или пак како се вика тоа верување ?
Веруваш дека постои како дух кој те чува (конфучијанизам) или веруваш како во омнипотентен бог (дедо ми е Исус)?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom