Потребата на човекот од религија

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Сите научни откритија еве земија музичката скала,дурбинот,хартијата итн... на пример потекнуваат од РЕЛИГИЈАТА впрочем таа ги описменувала луѓето, во првобитното општество.

Подоцна се појавуваат касти и тука се дели религијата на повеќе ДОГМИ а потоа малку подоцна науката се отцепува од Религијата.

Но учењето за господ и светот си останува во Црквата ,тоа е основната мисла на човекот.

И таа ќе остане се додека човекот постои дека се потекнува од нешто поголемо од желбата моја или твоја и дека си има своја мисија .

Затоа и црквата е сеуште јака човекот сака да се открие себе си и материјално и духовно.

Науката има одговори на некои прашања ама за некои нема (УРАГАНИ,ЗЕМЈОТРЕСИ,БОЛЕСТИ) па тука Црквата си има своја улога и примат.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Сите научни откритија еве земија музичката скала,дурбинот,хартијата итн... на пример потекнуваат од РЕЛИГИЈАТА впрочем таа ги описменувала луѓето, во првобитното општество.
.
Шо збориш бе другар! Не ме зезај!
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Шо збориш бе другар! Не ме зезај!
Како сакаш meddle еретик си е еретик чекај го новиот Ајфон и Офис на Бил Гејтс .

Немој да читаш книги за религија и биди Геек барај логика во све .Шупак Такур
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Науката има одговори на некои прашања ама за некои нема (УРАГАНИ,ЗЕМЈОТРЕСИ,БОЛЕСТИ) па тука Црквата си има своја улога и примат.
Непријатно ми е да ти ги чешлам постовиве параграф по параграф, па ќе те замолам во иднина да внимаваш што постираш. Сериозно.

Ураганите, земјотресите и поголемиот дел од болестите, друже, се објаснети уште пред повеќе од стотина години. Во време на интернет е малку срамота да пишеш дека не ги разбираш овие три.

Пиши уште дека плимата и осеката се од дедо боже, па да видиш што ќе ти се деси на овој подфорум.

Јас разбирам дека си ти малку романтичен, ама де протарашкај малку по тоа wiki пред да постираш нешто.

Мислам, хартија (?!?), музичка скала (?!?)... ехехеееј... срамота е!
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Како сакаш meddle еретик си е еретик чекај го новиот Ајфон и Офис на Бил Гејтс .

Немој да читаш книги за религија и биди Геек барај логика во све .Шупак Такур
Фала другар! Искрено, ужиавм во тоа, и како еретик, ако некад сакате да палите на клада такви типци повторно, тогаш еве не мора да се мачиш, јавно се пријавувам! А иначе Еретици биле и Галилео Галилеј, и Коперник, и Њутн, Леонардо Да Вични, Рене Декарт, Карл Лине, Годфрид Вилхем Лајбниц, (од постарата гарда), а од пост-инквизиторска гарда ти се Жан жак Русо, Фројд, Хегел, Кант, Маркс, Енгелс, Дарвин, Ниче, Ајнштајн, Нилс Бор, Карл Јунг и сл исл и многу многу други, за кои ти несвесно ги прифаќаш здраво за готово, а при тоа какаш по нив.

Епа ако ти се кака уште, замисли, некој еретик измислил хај тек ВЦ за да оној што се моли пред празен воздух, да не кака во природа, оди таму и таму истреси се на раат.

А ако си паметен, тогаш ќе престанеш да пишуваш на компјутерот и на овој форум, затоа што нели, тоа го измислиле гикови што барале логика во се, а ако си идиот, ќе ми одговориш на ова мое писание, додека сеуште го слушаш Шупак Такур.

Ти бирај - логитоид или идиотид....

П.С. Читам и за религијата и тоа повеќе од тебе... не се секирај ти за тоа...
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Науката има одговори на некои прашања ама за некои нема (УРАГАНИ,ЗЕМЈОТРЕСИ,БОЛЕСТИ) па тука Црквата си има своја улога и примат.
Сериозен си???
Науката нема одговори за ураганите, земјотресите и болестите, ама Црквата има?Баш ме интересира кој е црковниот одговор?Дека тие појави се казна од Господ за грешниците?Не заебавај...

Еве ти линкови од Википедија, фино се објаснети и ураганите и земјотресите.
http://en.wikipedia.org/wiki/Tropical_cyclone
http://en.wikipedia.org/wiki/Earthquake

А за болестите, немам коментар, наредниот пат кога ќе имаш здравствен проблем, не оди на лекар, туку во црква, сигурна сум дека ќе те излечат.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Сериозен си???
Науката нема одговори за ураганите, земјотресите и болестите, ама Црквата има?Баш ме интересира кој е црковниот одговор?Дека тие појави се казна од Господ за грешниците?Не заебавај...

Еве ти линкови од Википедија, фино се објаснети и ураганите и земјотресите.
http://en.wikipedia.org/wiki/Tropical_cyclone
http://en.wikipedia.org/wiki/Earthquake

А за болестите, немам коментар, наредниот пат кога ќе имаш здравствен проблем, не оди на лекар, туку во црква, сигурна сум дека ќе те излечат.
Hahaha ако науката има одговор тогаш зошто не ги спречи.Пак бараш логика таму кај што нема .

Има поголеми работи од човекот.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Поентата не беше во тоа дека нема логика во све има логика ако има зошто тогаш човекот неможе да објасни некакви феномени.

Зошто има потреба да верува во некоја сила која е поголема од него .Нели е тоа религија немојте да ми кажете дека светот го гледате само физички по закон на гравитација .Има многу работи да се истражуваат и научно и духовно.

Да се разберем човекот не ја победил природата и смрта ,колку и да бара логика во тоа.Ние сме обични смртници ама докажано е дека енергија преоѓа во нешто друго после смрта .
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Да се разберем човекот не ја победил природата и смрта ,колку и да бара логика во тоа.Ние сме обични смртници ама докажано е дека енергија преоѓа во нешто друго после смрта .

Импотенти гикови хахаххааа
За ова импотенцијава, не провоцирај на нешто што не сакам да го кажам, за да физички те убедам во сопствената потенција. Човече, па каде е твојот сенс за христинаски хуманизам, религиозна етика, љуби го својот ближен ко сам себе, или око за око заб за заб а? На тоа ли те учи она книгиче со златни букви, или само тоа го читаш од таа книга? („Боже“ колку сте заблудени !!!)


Ајде дади ми доказ како таа енергија преѓа во нешто друго? Уствари не, ќе те повикам некој ден кога ќе ме повикаат на увид од Судска медицина, за починат или убиен човек, и тоа знаеш, ќе изберам некој чиј труп е црвосан, подуен и желатиносан, па да ми земеш тоа скалпелот и пинцетата и да ми докажеш каде оди сето тоа...

И читај го фројд малку за смртта, а јунг за симболите во психологијата и алхемијата..
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Благодарам многу за Вашата логика но поентата не беше во тоа дека нема логика во све има логика ако има зошто тогаш човекот неможе да објасни некакви феномени.

Зошто има потреба да верува во некоја сила која е поголема од него .Нели е тоа религија немојте да ми кажете дека светот го гледате само физички по закон на гравитација .Има многу работи да се истражуваат и научно и духовно.

Да се разберем човекот не ја победил природата и смрта ,колку и да бара логика во тоа.Ние сме обични смртници ама докажано е дека енергија преоѓа во нешто друго после смрта .
Човекот не може да објасни некои феномени поради тоа што сеуште не е доволно развиена за тоа соодветната научна гранка. Тоа не значи дека феноменот нема да биде објаснет.

Човекот (homo sapiens sapiens) се смета дека постои некои 100-тина илјади години. Она што тој (ние) го имаме откриено во последните 150 години е повеќе од сето она што сме го откриле во претходните 100.000 години заедно. Не знам дали ја разбираш оваа пропорција. Ако не, пиши, ќе објаснам понашироко. Секојдневно се прават фантастични откритија кои постојано го зголемуваат телото на знаење на современите науки.

Не секој човек има потреба да верува во некоја поголема сила. Еве, на пример, јас немам таква потреба. Доволно е да изградиш критички став према информациите што ги примаш и да се натераш да читаш повеќе и научиш да го проценуваш квалитетот на информацијата која ја примаш. Денес тоа воопшто не е тешко.

Во последните пар стотини години просечниот човеков век е речиси удвоен. Се претпоставува дека е веќе роден човекот кој ќе доживее 250 години старост. Медицината и технологијата напредуваат со досега незамислива брзина.

Религијата бркала работа до пред некое време. Денес, религијата е само патерица за оние кои немаат капаицтет да го следат развојот на науките и техологиите. Низните деца нема да го имаат тој проблем.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Види DBACK технологијата не може да го спречи Ураганот Катрина ниту да го врати покојниот дедо ниту да го Открие ДНК во целост на човекот ,технологијата може да ти даде само пред знаење за нешто што постои на земјината топка но некои работи се поголеми од предметните појави така ,

Еве ти како логичар одговори ми на некои мои прашања зошто баш каменот е камен или водата е вода можеби за некој друг интелигентен вонземјанец е нешто друго има нешто повеќе од материјата мора нешто да има смисла.

Зошто вселената е бесконечна или што има повеќе од вселената тоа се големи прашања за напредни животни цивилизации ама човекот никогаш нема да ги открие за жал.

Што и да е има нешто поголемо од човекот реков ја ние сме смртници така.

Ако знаеме сите све тогаш нема ни потреба да живееме така.
 
С

сашенко

Гостин
Види DBACK технологијата не може да го спречи Ураганот Катрина ниту да го врати покојниот дедо ниту да го Открие ДНК во целост на човекот ,технологијата може да ти даде само пред знаење за нешто што постои на земјината топка но некои работи се поголеми од предметните појави така ,
Од каде знаеш дека технологијата не може? Можеби може ама не сака.И не сака ти да го знаеш тоа.Е сеа замисли дека тоа е точно.Дека технологијата може да го спречи ураганот, поплавите, може да го врати дедо ти и може да прави чуда за кои не си свесен сеуште.Дали ти би го истолерирал тоа исто како што го толерираш бог кој ги може сите овие работи не ги прави?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Види DBACK технологијата не може да го спречи Ураганот Катрина...
Не читаш постови на соговорникот нешто многу внимателно, а?

Штотуку ти напишав за ова. Технологијата може да го предвиди ураганот поради тоа што ги разбираме феномените на метеорологијата. Тука нема Бог, друже. Разбираш? Се е тоа причинско последично влијаните на илјадници средински фактори - сонце, влажност и содржина на воздухот, притисок и сл. Затоа, наместо да му се молат на бога, американците фино-лепо го евакуираа брегот на Њу Јорк.

Ај да не претеруваме... не ти ги ч'чкам останатите утки во постот.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Сите научни откритија еве земија музичката скала,дурбинот,хартијата итн... на пример потекнуваат од РЕЛИГИЈАТА впрочем таа ги описменувала луѓето, во првобитното општество.
Каков цар. И после верниците се чудат зашто атеистите ги сметаат за инфериорни?! Ај да погаѓаме од 6 пати. :)

Али, тоа што верувам сакал да го каже Љупа, е дека, иако науката може да објасни како се случува еден земјотрес, не може да објасни зошто токму тогаш, таму, така. Што пак е неукост, прашање на време е кога ќе го дознае и тоа.

Улогата на религијата/верата, треба да биде нешто друго, не објаснување на громови...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Улогата на религијата/верата, треба да биде нешто друго, не објаснување на громови...
Се сложувам. Само уште да успееме да се договориме која би била таа улога на (било која) религија денес... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom