Фантастично, незаборавно...
Мило ми е и што де Геа полека почна да го надвладува притисокот, сигурен сум дека ќе биде фантастичен голман.
И сеуште не ми се верува дека Фроси не го сакаше Јанг.

Дечкото има ненормална нога, фантастично се снајде, вистинска зверка по лева страна... само Господ да ни го чува од повреди.
Де Геа, Јанг, Џонс... ме радува како играат, но ништо не ме радува повеќе од Велбек и Клеверли. Ланската сезона ја играа во други тимови, оваа на зверски начин ја играат за нас... за Шити Тотенхем го растури 40 милиони евра платен играч, а за нас ги растури наше дете, кое ќе биде голема легенда на клубов...
Обично сум скромен пред натпреварите со ривалите, но денеска пред почетокот на натпреварот прогнозирав 5:0, еден другар 6:1, и пак никој не погодивме...
Ќе се јадеме со Шити оваа сезона, само се надевам дека ќе продолжиме вака и дека оваа игра и оваа победа не беа заради тоа што Арсенал беше слаб, туку заради тоа што Манчестер Јунајтед е ПРЕСИЛЕН...