?
..........
Гостин
човекот има потреба само од
Бидејќи кога ја отворив темата се обидов да бидам објективна, очигледно неуспешно, потенцирам дека не се поставени од атеистички светоглед, туку многу повеќе од современ, затоа што кога човекот ќе се сврти назад кон својата историја, забележува дека религијата е негов постојан сопатник, мислам дека е едноставно и донекаде разумно да се запраша некој зошто.Овие прашања делуваат како да се поставени од атеистички светоглед.
Главното прашање: " Зошто човекот има константна потреба од религија? " - како верник, ми нема смисол и не го разбирам.
Валиден поглед, но генерално гледано нивната тогашна немоќ (технички/научно не напреднати) ги натерала да бараат некој кој би можел да ги направи нивните фантазии за подобар живот вистина.
Но некои одлучиле да дадат се од себе за да го направат животот на сите полесен (научниците..)
Дали навистина научниците им го направиле животот на луѓето полесен или ги донеле во ера на декаденција и конформизам тоа е веќе релативно прашање, индивидуално гледиште.Имагинација плус очај in order да се објаснат некои природни феномени. Креирање богови за некоја лична бенефиција. И според некоја ефтина логика, нудење жртви, својствено за тоа време и сфаќања, било нормално. Импрегнираниот страв кој се пренесува е сосема нормален, затоа што знаеме каков те класифицираат ако имаш различни ставови и мислења од околината. Порано за тоа те убивале, па оди да те видам не клекнувај да се молиш.
Тогаш слободно можеме да ја земеме твојата теорија како веродостојна и да ги отпишеме од листата за раководни позиции, подобни за создавање семејство сите милијарди луѓе кои што се верници.Религијата им е потребна на “слабите“ луѓе. Неможат сами да се спасат па го чекаат спасителот :smir:
Пак... ниту една математичка операција не може да ја објасни емоцијата. Затоа и роботите никогаш нема да бидат луѓе, ќе убиваат само по наредба, не по желба, фантазерскиот Холивуд е поинаква приказна.Но еве, ме поттикна, зошто тогаш и денес, во ова толку модерно информатичко, глобално општество религиите сеуште опстојуваат?
Зошто кога сите знаат дека Земјата не е центар на светот и како се создаваат природните појави сеуште се верува во Бог/ови?
Затоа што самиот човек не е доволно сигурен во себе, па затоа мора да има (јас ги велам измислени) некои над него кои ќе му „помогнат“.Иако по насловот, темава припаѓа во друг домен, ја отварам тука затоа што сметам дека психолошкиот момент на нејзиното разработување е многу побитен од религискиот, исто затоа што не сакам да се претвори во рандом препуцавање помеѓу атеистите и верниците затоа што има сосема друга цел.
Веќе се јасни и познати скоро „сите“ теории за тоа зошто човекот се свртел кон непознатата сила да му го објасни она што не можел да го разбере, контролирање на широките народни маси или потрага по себеси во нешто повозвишено од минорното јас.
Ме потикнаа Плутарх и Бергсон, со нивните изјави.
„ Можеме да најдеме град без бедем, владетел, цивилизација, книжевност и театар, но никогаш човек не видел град без храм и со жители кои не се занимаваат со богослужење. “
Бергсон 20 векови подоцна ја констатира истата работа.
„ Се наоѓале и сега се наоѓаат човечки заедници без наука, уметност и философија, но сеуште не се нашла човечка заедница без вера. “
Зошто човекот има константна потреба од религија?
Зошто монотеизмот го потиснал политеизмот?
Зошто на атеистите не им „треба Бог“?
Итн ...
Види, како прво не знам дали баш човекот имал потреба за религија... Он не бил свесен за религијата како концепт, тоа го создал подоцна. Човекот имал и има потреба за објаснување на нештата во него и надвор од него, па низ сите тие „лутања“ создал еден систем на правила (оти пред се во религијата сепак постојат правила) и сфаќања кои ги објаснувале потребите и појавите што биле околу него и во него. А името религија, произлегло покасно, и тоа многу покасно..Иако по насловот, темава припаѓа во друг домен, ја отварам тука затоа што сметам дека психолошкиот момент на нејзиното разработување е многу побитен од религискиот, исто затоа што не сакам да се претвори во рандом препуцавање помеѓу атеистите и верниците затоа што има сосема друга цел.
Веќе се јасни и познати скоро „сите“ теории за тоа зошто човекот се свртел кон непознатата сила да му го објасни она што не можел да го разбере, контролирање на широките народни маси или потрага по себеси во нешто повозвишено од минорното јас.
Ме потикнаа Плутарх и Бергсон, со нивните изјави.
„ Можеме да најдеме град без бедем, владетел, цивилизација, книжевност и театар, но никогаш човек не видел град без храм и со жители кои не се занимаваат со богослужење. “
Бергсон 20 векови подоцна ја констатира истата работа.
„ Се наоѓале и сега се наоѓаат човечки заедници без наука, уметност и философија, но сеуште не се нашла човечка заедница без вера. “
Зошто човекот има константна потреба од религија?
Зошто монотеизмот го потиснал политеизмот?
Зошто на атеистите не им „треба Бог“?
Итн ...
Е ова ти е едно многу интересно и правилно размислување во однос на темава...Затоа што, ако ништо друго, ја објаснува и причината од каде се појавил концептот за Бог...Карактеристиките што му ги препишуваме на Бог, се одраз на нашите стравови и желби кои ги доживуваме за прв пат како бебиња и мали деца.
Мама и тато се тие што ни даваат љубов, храна, топлина.
Не казнуваат ако направиме нешто лошо.
Ги гледаме родителите како Богови.
Подоцна, сфаќаме дека нашите родители прават грешки, дека не се совршени и ги пренасочуваме истите работи кај некој невидлив човек кој ни дава љубов, храна, топлина.
Не казнува ако направиме нешто лошо.
Е многу убаво пишува во религијата „не претпоставувајте и не се сомневајте“ ....Во религијата убаво стои и пишува ако сакате да го спознаете бога однесувајте те се како НЕГО не претпоставувајте и не се сомневајте затоа што БОГ е во вас ви сте дел од него и тој е дел од вас.
Религијата е основа на сите науки и без нејзе никогаш немало да постои Светот таа сплотува многу народи вери и прави хармонија во општеството.
Дали БОГ е вонземјанин или нешто друго не е важно ,важно е дека треба да се почитува РЕЛИГИЈАТА.
За се има зошто ,инаку зошто би постоел и човекот и зошто ние сега би пишувале на форумот.
Ах, Љупчо, Љупчо, колку само испогреши во така мал простор...Во религијата убаво стои и пишува ако сакате да го спознаете бога однесувајте те се како НЕГО не претпоставувајте и не се сомневајте затоа што БОГ е во вас ви сте дел од него и тој е дел од вас.