ПИВОЛЕНД 2011, СЦ Борис Трајковски - 31.8 до 04.9.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
На бината ќе настапат:

Flooder [Pollux]

Горан Кан [Kerkez]

Beatnex
- Kinjo
- Tanimed
- Argeadi

Clubland dj-ите на Радио МОФ
- Дениз Селмани
- Јован Стојкоски Zomax
- Clubbers gone wild
(y)

Ќе има убаво денсање годинава :D
 
Организирана е посебна ПИВОЛЕНД автобуска линија за време на траењето на фестивалот. Од 17:00 до 00:30, секој час, релација: од центарот на Скопје до С.Ц. „Борис Трајковски“.

(y)
 
Е тогаш автобусите ќе бидат ко во вторник и петок. :)
 
Бидејќи сакаме да го реализираме овој петдневен фестивал најдобро што можеме, затоа со Јавното претпријатие ЈСП организиравме превоз до Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и назад, а билетот ќе биде со редовна цена на чинење (30 денари н.з.), истакна Слободан Ќосев, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

Извор: cOoLTuRa.mk
 
Еј ја мислев save the best for last, овие Pivolend DJ? Како и да е, ќе присуствувам првиот, вториот и последниот ден. И се надевам дека нема да се разболам/повраќам/ми отече заб/испуштам автобус/заврне/ме зезнат последниот ден, зошто МОРАМ да ги гледам Фолтин веќе еднаш!
 
Елена, не знам колку си упатена во електронската музика, но доаѓањето на Рони Сајз на Пиволенд е еквивалент на доаѓање на пример на Слеер.
Претходниот пат го пропуштив, ама сеа нема кај да бега.

И Фолтин, штом досега си ги пропуштала не бери гајле, сега веќе се вистински бенд кој е стварно ТоБ у живо. Ги следам уште од 2002-3 која и да беше кога почнаа поактивно да свират, сум им бил на миљон концерти, и последниве година-две се одличен бенд.
 
Не реков ништо за Рони Сајз, реков за оној Pivolend DJ што ќе настапува секој ден од 17h...и мило ми е што го слушам тоа за Фолтин :)
 
Не реков ништо за Рони Сајз, реков за оној Pivolend DJ што ќе настапува секој ден од 17h...и мило ми е што го слушам тоа за Фолтин :)
Се извинувам на тоа што не сме се разбрале.
Пиволенд ДЈ е редовна пракса, втор стејџ. Освен пред две години кога ги фатиф dnb диџеите, мене слабо ми иде со овој стејџ.
 
Дии шубао. Флудерчо и Кан коа ке пуштаат ќе се разнежнам од шо ќе ми бидит убао. :icon_lol:
 
Се извинувам на тоа што не сме се разбрале.
Пиволенд ДЈ е редовна пракса, втор стејџ. Освен пред две години кога ги фатиф dnb диџеите, мене слабо ми иде со овој стејџ.

Да не се знае што музиче ќе рока мистичниот Пиволенд ДиЏеј ? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom