Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

Кој е вашиот избор?

  • Вкупно гласачи
    360

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
да не ве цитирам и двете:)Незнам кај реков дека мојте се доселиле во Скопје.И тоа што го работат нема благе везе со средното нити со некоја вечерна школа.И нема врска дека тоа било друго време,татко ми бил дете кога Тито умрел,а 20 години живееме во оваа држава вајда не ви кажував како ме израснале во време коа не сум бил роден:)
Инаку зборев за децата..родителите нормално подобро им е таму:) ..али какви снобови се тие луѓе..Нити искачаат нити пријатели имаат за кој кур живеат не ми е јасно..Ако ви се живее така патот под нозе и не е толку тешко во странство да отидеш.
А дипломата важи,само зависи за што..Никој не е крив што сите идат на право и економски па уште ме прават будала дека ке умрам на математички факултети.Ете на електро дури и стипендии давала за им се запишат луѓето.
Rolerkosteri, 3d kina, ezero zabavi sekoj vikend, klubovi, barovi i uste kup drugi zezalici kaj sto mozes da si pomines top.

Sum izleguval(so devojkata) i doma, 500 gorivo, 1000 vecera i uste 1000 za pienje = 2500 na vecer, plata 10000 denari aj kazi mi kolkupati ce izlezes i ce se zabavuvas?

Ili ako vece izleguvas so stotce i visis kako snob cela vecer so edno pivo toa e ok.

Prijateli ce steknes kako i doma, ili ti si se rodil sose prijateli?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
крааааааааасно:pos:не им е ич лошо :pos:
Ženeva -- Krcatim gradskim autobusima stanovnici Ženeve svakodnevno idu na drugu obalu jezera, na kupovinu u Francuskoj.
Šporet koji u radnjama lanca Ikea u Nemačkoj košta 549 evra, a u Švajcarskoj dvaput više - 1.299 franaka (1.140 evra). Dezodorans koji u Nemačkoj košta 2,15 evra, u Švajcarskoj je 5,90 franaka (5,16 evra), a dečije auto-sedište koje se u Nemačkoj prodaje za 104,90 evra, u Švajcarskoj košta 239 franaka (209 evra
http://www.b92.net/biz/vesti/svet.php?yyyy=2011&mm=08&dd=18&nav_id=532703&fs=1
И што сега се фати за Швајцарија дека е многу скапо. Мада на патишта возат само Порше и сл. коли али ајде тоа нема врска. Еве самиот постира дека во Германија е поинаква ситуацијата и во другите европски држави каде е поефтино за живеење. Темава е за странство, а не конкретно за Швајцарија.
 
A

Antigona

Гостин
Абе океј е све тоа,не реков дека има подобри услови тука.Туку дека и тука можеш да се снајдеш доколку се потрудиш.Сеа не како таму али ја сепак не би мењал држава кога имам моја.Не можам да замислам живот меѓу странци и тоа е,ниту па да го заборавам местото каде сум израснал:)
Тука ќе се снајдиш само партиски...значи нема потреба ни факултет да се запишеш ако имаш врски со партијата, па ке те вработат без диплома.

Е во држава во која нема ред , не се цени знаење и во која скоро сите партиски се вработени , луѓето се мрзеливи, чекаат на готово, сакаат да се излежаваат, мене лично не ми се живее.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

Tи државна администрација сакаш да работиш?
 
A

Antigona

Гостин
Tи државна администрација сакаш да работиш?
Кога веќе ја спомна, имам баш лош впечаток од државната администрација.

Лично јас бев примена партиски во едно од министерствата во Македонија пред неколку месеци, и после првата недела се откажав. Не сум дојдена јас за швалерај ,за кафе и глупирање,,,се знае , ако си дојден на работа треба да работиш а не да си го држиш.

Штом ништо не функционира во Македонија, не ми треба никаква работа, фала им и на партијата и на се, ама не можам јас да живеам и да останам тука.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Кога веќе ја спомна, имам баш лош впечаток од државната администрација.

Лично јас бев примена партиски во едно од министерствата во Македонија пред неколку месеци, и после првата недела се откажав. Не сум дојдена јас за швалерај ,за кафе и глупирање,,,се знае , ако си дојден на работа треба да работиш а не да си го држиш.

Штом ништо не функционира во Македонија, не ми треба никаква работа, фала им и на партијата и на се, ама не можам јас да живеам и да останам тука.
Јас само те прашав, не побарав биографија. Инаку и другите знаеме како се работи во администрацијата. А и државната администрација не е единствено работно место во земјава иако е најголемо.
 
А има ли нешто во Македонија што функционира како што треба ?

Гледам голем дел од младите се одлучуваат за странство, а јас спаѓам во групата која сака да ја напушти Македонија поради главната причина менталитетот и културата која владее тука.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
А има ли нешто во Македонија што функционира како што треба ?

Гледам голем дел од младите се одлучуваат за странство, а јас спаѓам во групата која сака да ја напушти Македонија поради главната причина менталитетот и културата која владее тука.
Има многу приватници кои функционираат одлично за време на било чија власт.

А менталитетот и културата зависат од сите нас вклучувајќи те и тебе.
 
A

Antigona

Гостин
Има многу приватници кои функционираат одлично за време на било чија власт.

А менталитетот и културата зависат од сите нас вклучувајќи те и тебе.
Не знам за тебе, ама јас наоколу каде и да влезев, се лош впечаток добивав.
Било тоа да е на шалтер во банка, во пошта, во библиотека ,во супермаркет, во полиција, во бутик, во трговски , во ресторант, на театар, на базент ..............јас стварно не знам што е проблемот со луѓето и која е причината што се толку неуслужливи и нељубезни,,,,,,,,па штом сум им јас крива што сум дошла да купам нешто, а налетувам на нервозни продавачки, службенички кои со поглед ке те убијат.

Во месец јануари кога бев да се пријавам за прв пат во заводот за вработување на вратата пишување пауза од 12 до 12: 30....и доаѓам јас во 12 :40 и ми вика таа вработената таму ке цитирам „ зошто влегуваш на врата кога уште не сум го допила кафето ?На врата ако пишува до 12:30 не мора да значи дека за мене е завршена паузата !!!! „ а човече јас прв пат се пријавив тогаш и ама впечаток уште од прва , си велам аууу каква култура се шири во Македонија, да му биди „мило„ на човек да дојде уште 1000 пати тука....мизерија
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
крааааааааасно:pos:не им е ич лошо :pos:
Ženeva -- Krcatim gradskim autobusima stanovnici Ženeve svakodnevno idu na drugu obalu jezera, na kupovinu u Francuskoj.
Šporet koji u radnjama lanca Ikea u Nemačkoj košta 549 evra, a u Švajcarskoj dvaput više - 1.299 franaka (1.140 evra). Dezodorans koji u Nemačkoj košta 2,15 evra, u Švajcarskoj je 5,90 franaka (5,16 evra), a dečije auto-sedište koje se u Nemačkoj prodaje za 104,90 evra, u Švajcarskoj košta 239 franaka (209 evra
http://www.b92.net/biz/vesti/svet.php?yyyy=2011&mm=08&dd=18&nav_id=532703&fs=1
Другар најреално те почитувам, но те молам не продавај м*да за бубрези. Те молам прво самиот себе се прашај дали веруваш во тоа што го зборуваш?
2-3 пати се фати дека во Швајцарија се живее "полошо" од тука. Мислам најобјективно ми одговори дали си сериозен?
Друга работа, зошто толку грчевито спамираш и наоѓаш некои текстови дека е толку лошо во странство? Те плаќа некој за ова што го работиш?
И за крај овој случај што си го спомнал е ништо друго, освен доказ дека со зголемувањето на вредноста на Швајцарскиот франк, за луѓето коишто земаат плата во франци, е поисплатливо да пазаруваат во соседните земји.

P.S Разбрав дека и ти самиот си во странство, па ме интересира зошто не се вратиш во Македонија ако е толку добро?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Не знам за тебе, ама јас наоколу каде и да влезев, се лош впечаток добивав.
Било тоа да е на шалтер во банка, во пошта, во супермаркет, во полиција, во бутик, во трговски , во ресторант, на театар, на базент ..............јас стварно не знам што е проблемот со луѓето и која е причината што се толку неуслужливи и нељубезни,,,,,,,,па штом сум им јас крива што сум дошла да купам нешто, а налетувам на нервозни продавачки, службенички кои со поглед ке те убијат.

Во месец јануари кога бев да се пријавам за прв пат во заводот за вработување на вратата пишување пауза од 12 до 12: 30....и доаѓам јас во 12 :40 и ми вика таа вработената таму ке цитирам „ зошто влегуваш на врата кога уште не сум го допила кафето ?На врата ако пишува до 12:30 не мора да значи дека за мене е завршена паузата !!!! „ а човече јас прв пат се пријавив тогаш и ама впечаток уште од прва , си велам аууу каква култура се шири во Македонија, да му биди „мило„ на човек да дојде уште 1000 пати тука....мизерија
Ништо нема да ти негирам, сигурен сум дека лош ти бил впечатокот. Сите сме имале по некоја нервоза како твојта, мал милион примери има, но ете јас приметувам љубезност во неколку банки, по некаде и в пошта, по маркети или било какви продавници па дури и во болница. Единствено не можам да речам дека сум приметил љубезност кај полицијата, голем дел вработени вкучувајќи ги и сообраќајците се за на психијатар и за нова професија.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Другар најреално те почитувам, но те молам не продавај м*да за бубрези. Те молам прво самиот себе се прашај дали веруваш во тоа што го зборуваш?
2-3 пати се фати дека во Швајцарија се живее "полошо" од тука. Мислам најобјективно ми одговори дали си сериозен?
Друга работа, зошто толку грчевито спамираш и наоѓаш некои текстови дека е толку лошо во странство? Те плаќа некој за ова што го работиш?
И за крај овој случај што си го спомнал е ништо друго, освен доказ дека со зголемувањето на вредноста на Швајцарскиот франк, за луѓето коишто земаат плата во франци, е поисплатливо да пазаруваат во соседните земји.

P.S Разбрав дека и ти самиот си во странство, па ме интересира зошто не се вратиш во Македонија ако е толку добро?
ко прво- стопати не еднаш сум рекол дека овде не е сјајно(далеку од добро е....но се надевам на подобро), но не плукам по Македонија како што тоа го прават некои форумџии, но исто така не сакам да се замајава народот дека „надвор“ е перфектно, кога не е( како што кажувате)
надвор е убаво да шеташ, ама овде да живееш
второ -Швајцарија е најсвеж пример (објавен -види датум на линковите)што укажува на фактот дека за да се заака некој преку гранци , во крцати автобуси на пеколни горештини- мене ми зборува дека платите не им стигаат па мораат да штедат, макар и 30 евра од резервоар- овака доаѓаа србите пред неколку години кај нас, а сега и гејците.
друже кажи ми кој овде гледа да зашпара 30 евра- ниииииииииикој- овде или имаш или немаш- трето нема
А, ова не ти го разбрав, на што алудираш ???? Те плаќа некој за ова што го работиш?o_O
ваљда мислеше на книшка- хахахахахахах
неееееееееееееееее
никаква партиска- ни на крај на памет ми е такво нешто- нит било , нит ќе биде
со две раце потпишувам дека е така и за мене и за моето пошироко семејство( родители, сестра, зет...)- без партиска обоеност(y)
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
А има ли нешто во Македонија што функционира како што треба ?

Гледам голем дел од младите се одлучуваат за странство, а јас спаѓам во групата која сака да ја напушти Македонија поради главната причина менталитетот и културата која владее тука.
хахаха ама ме инзасмеа

а каде тоа менталитетот и културата се толку подобри од тука????
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
каде тоа секаде? наброј во кој земји, земји кој си ги посетил, макар и на кратко
--- надополнето: Aug 21, 2011 6:02 PM ---
иако темета е лошо поставена (и отишол и останал, не те прави тоа поголем Македонец,)

да не шириме Европа..каде во европа менталитетот и културата се подобри од тука?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom