Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Те претркав со официјалнава информација :P Супер засилување добивме, сега Фичо го чекаме... :)
Хахаха... за убаво нека е само:) Сега уште Фичо Деспотовски ни фали и евентуално уште еден напаѓач (по можност Бајо), и другите реално ќе нема што да бараат во дуелите со нас.
 
Хахаха... за убаво нека е само:) Сега уште Фичо Деспотовски ни фали и евентуално уште еден напаѓач (по можност Бајо), и другите реално ќе нема што да бараат во дуелите со нас.

Бајо во неделата го видов, ако значи нешто ова... :)
 
Супер засилување. Ќе имаме 2ца одлични леви бекови. Бошковски растураше претходните утакмици, посебно го заприметив последнава со ЕуроМилк. Не го пројдоа позади, а и доста пробиви имаше напред. Урдинов може да игра и како заден везен, што значи добра замена ќе имаме во случај Оса да не може да игра, и да не дојде Деспотовски. Треба на напаѓач да се фокусираат повеќе нашиве да земат, иако овој Али или као и да се презива добро игра. Колкава волетина е типот.... Како и да е мило и е што конечно се средуваат работите во клубот, здравје ако се продолжи овака следна сезона Европа ќе играме. :D
Али се у свое време, чекор по чекор.
ЕДЕН Е ВАРДАР !
 
Уште Деспотовски да дојде и јас сум задооволен. Ако дојдат уште многу играчи има да се наруши хармонија во тимот и се да отиде јабана :)
СО заигрувањето на Гроздановски и евентуалното доаѓање на Деспотовски, не ни ни треба Остоја. Оса веќе се очекува да огра и со Ренова. Најверојатно мечот го пропушта Ивановски. Незнам до каде е работата со Стојаковиќ но очекувам да игра. Од него ќе очекуваме голови и секако од Али кој ќе игра против своите :)
За напаѓачи можеме да ги земеме Илијоски и Начевски, не за друго, туку да ги ослабнеме Металург, како што ни прават они во ракомет:pos:
Честито нека ни е Јани Урдинов :D
 
Каде можат да се купат тие сезонски карти(не за запад туку за другите трибини) зашто многу поисплатливо е да дадеш 500 денари и да гледаш на пр 10 утакмици отколку секоја утакмица да даваш по 100
 
^ Друже најверојатно овие денови тие сезонски карти ќе бидат пуштени на сите оние места каде што до сега се продаваа и обичните карти, односно во салоните на Тобако, Тугедер, на плоштад по лесно препознатливото место кај маскотата ФК Вардар и на билетара пред стадион.

Инаку незнам колку си информиран, исто така со членска од Комити, која чини 1000 денари (има опција да се плати на 2 рати) добиваш привилегии за цела сезона за сите домашни натпревари, и членската важи и за гостувањата насекаде ! Значи тие со членска нема да плаќаат ништо повеќе ниту дома ниту на гости. Нормално таа членска од Комити важи за на западна трибина.
Исто така ќе важи и за натпреварите во ракомет на РК Вардар, каде што имаме регионална лига и многу спектакли не очекуваат таму.

Твое да одлучиш, дали сезонска карта за на јужна или запад, но битно сите заедно имаме една љубов - Вардар!
 
Знам дека има членска карта за запад ама зашто припаѓам на друга навивачка група вардар ќе го гледам од јужна :)
 
Уште Деспотовски да дојде и јас сум задооволен. Ако дојдат уште многу играчи има да се наруши хармонија во тимот и се да отиде јабана :)
СО заигрувањето на Гроздановски и евентуалното доаѓање на Деспотовски, не ни ни треба Остоја. Оса веќе се очекува да огра и со Ренова. Најверојатно мечот го пропушта Ивановски. Незнам до каде е работата со Стојаковиќ но очекувам да игра. Од него ќе очекуваме голови и секако од Али кој ќе игра против своите :)
За напаѓачи можеме да ги земеме Илијоски и Начевски, не за друго, туку да ги ослабнеме Металург, како што ни прават они во ракомет:pos:
Честито нека ни е Јани Урдинов :D
Оса влезе во игра со Еуромилк така да сигурно ке игра со Ренова,додека со Стојакович правев муабет на фејсбук и ми кажа дека нема да игра поради повреда!Многу играчи од Вардар не фалат за големата подршка што им ја даваме,еве го сега и Урдинов вели задоволстно е да се игра за Вардар и Комити:)
 
Значи Урднов можел да игра и стопер,е сеа Бојович и Урдинов,ваљда Вајс ке отпадне тука,ке биде резерва се разбира.Ајде уште Дестпотовски и Влатче да го почекаме и се гази се до зима,а ако дојдат Вашингтон и Амбурет,е тогаш дрим тим стварно.
 
http://sportefe.com/1mfl/gjorgjioski-ne-ochekuva-silen-protivnik
Потврдено е дека Стојановиќ и Ивановски нема да настапат во недела. Сите други фудбалери се максимално подготвени. Јасно е и дека во составот ќе почне Али, а ќе видиме само дали Ацевски ќе остане замена за Стојановиќ како што беше во Кичево или ќе тргнеме похрабро со уште еден шпиц, мада не ми се верува :)
Очекувам да почнеме со следниве играчи:
Симов
Илиевски Вајс Бојовиќ Бошкоски
Петров Ранѓеловиќ Оса Ацевски Лико
Али
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom