Добро.. али тоа се вика револуција.. радикалната промена за која зборуваш...односно, да бидам по јасен, дел од револуцијата, затоа што резултатот од промената е самата промена. и дури тогаш се нарекува револуција, И друго, нема лесен пат кај револуцијата, и нема револуција без конфрликт затоа и сенарекува како што се нарекува. Ако размислиш Француската револуција ако за Французите беше преврат од монархија во Република, беше и промена од Феудален во Капиталистички систем, а воедно тоа беше и основа и другите земји да ја почувствуваат промената - порано или покасно, на ваков или онаков начин. За волја на вистината тука како клучна фигура ти е Наполеон, анти-ројалист и републиканец кој после постанал император (каква иронија!). После го имаш фактот што на други места во Европа клучна е 1848 година или февруарската револуција каде што многу земји го симнуваат кралот (или го прават „Енглеска Краљица“) и вовеле нови општествени односи. Трето ја имаш Холандија како пример, која најрано станала буржоаска земја - капиталистичка, и тоа ако не се лажам без нешо многу војништа и такви работи, имало само преврат. Велика Британија или Англија, нејзиниот процес бил долготраен, историчарите се поделени, едни сметаат дека тој процес почнал од 1215 година со Magna Carta Libertatam, а други со Кромвеловата „револуција“ или со Habeas Corpus Act 1653 ли 38 беше (може и да не е тој датум, знам дека беше 17 ти век). А од тогаш до денес тие немале некоја клучна револуција, имаат само документи кои ја ослабнуваат моќта на кралот, а ја даваат на „младата буржоазија“ па така самата го прави превратот и промената. Пак да се вратам на французите, знаеш ли дека тие имаат 5 француски републики? И дека за сите тие сметаат дека се своевидна револуција, последната е 1953 чинам под Де Гол со 5 француски устав.
Она што сакам да ти кажам е дека на овој начин капитализмот, како идеја, односно, волјата на буржоазијата (младиот капиталист наречи го ако сакаш), била долготраен процес и дека требало многу „борба“ за да биде она што е денес, а денес богами и сам си сведок, многу побрзо се движат работите. Дури се свртиме, оп, нешто ново. Кој би рекол бре пред едно 8 години дека ќе биде вака, па ќе ни се смееле.(овде и те како мислам и на оние напаленици по нострадамус и 2012 или 2013 - тоа е идиотштина и шарлатанство). Така да во земјите ширум светот таа револуција, буржоаска по карактер, во различни периоди била различно прифатена и различен бил методот на извојувана победа. Што мислиш Руската револуција (октомвриската или Бољшевичката ) е буржоаска или социјалистичка? НОБ од 1944 е буржоаска или социјалистичка револуција? (размисли за овие две прашања).
Затоа и ти наведов дека по дифолт не мора да значи дека ќе биде светска војна, токму од каде знаеш? И во овие револуции Монархот - монархистите се бореле против, и овде капиталистот ќе се бори против. И не сум ни јас нешто многу оптимист, дури мислам дека промената нема да ја направат левичари (оти немаат ама ни трошка идеја нажалост - трули и шупљи се ко тикви), туку ултра-десни лицемери, е после нив може да зборуваме за лева фракција! Така да, без борба, нема мир, односно со сила убајна не бидвит! а тоа за обичните луѓе да не се грижиш, тие ќе се борат, кој друг инаку ќе се бори? ОД нас, обичните зависи, а не од капиталистот единствено. Затоа си ти фактор затоа што ќе бидеш дел од оние што ќе бидат потиснати, а и си веќе дел од таа група, што ќе правиш тогаш? А што правиш сега?
Еј налет брат... сори пишувам на долго и широко, али интересна е темава јебеш!