Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
2v0cop3.jpg

Интересна слика, видете ги само Антиќ и Гечевски :pos: Легенди :D.

Дали остана правилото со 12 играчи да се иде на ЕП или го вратија на 14?
Гледам у тимов за турниров има 13 играчи, меѓу нив Костоски, Чековски и Симоновски, значи секако 2 од нив играат на ЕП :(

Правилото остана да важи и понатаму, и на ова ЕП може со 12 играчи, еден максимум може да биде странец исто како и до сега што беше.
 
Каков идиот е Тодор Гечевски! Ќе игра европско првенство, треба да биде клучен играч.. а вчера понеделнички беше најпијаниот човек во Хавана. Мизерија!
 
Каков идиот е Тодор Гечевски! Ќе игра европско првенство, треба да биде клучен играч.. а вчера понеделнички беше најпијаниот човек во Хавана. Мизерија!
Гените си го направиле своето.. (n)
 
Staro e ova od 2008 da nema zabuni.
Не збориме за сликата, него за Чековски во репрезентацијата и пијанката на Гечевски, за која не верувам дека ќе има улога во неговата игра за репрезентацијата.
 
Што се чудите за Ѓечевски што сте го виделе пијан, па тој минатото европско кога имале слободен ден бил ќор пијан не па сега кога си го лади у Скопје и лажира повреда.
 
Не збориме за сликата, него за Чековски во репрезентацијата и пијанката на Гечевски, за која не верувам дека ќе има улога во неговата игра за репрезентацијата.

I toa za Geco ne e nisto novo i pred eurobasket 2009 na prirpemi vo ohrid bea po diskoteki se pijancea ja mislam deka brzo ke ja vrati formata vo nego ne sumljam iako i ne treba premnogu da se ocekuva sepak covekot si ima iskustvo zver e!

Ps. Ne znam koj kolku vide Finska e kvalifikantot u grupa.
 
http://www.time.mk/read/f5d3f58e5c/399409b661/index.html

Докузовски: „Густиот распоред е наш најголем проблем на ЕП“

Останаа уште две недели до почетокот на Европското првенство во Литванија, а македонската кошаркарска репрезентација влегува во последната фаза од подготовките. Играта, тактиката и физичката подготвеност веќе треба да ја добијат потребната физиономија, а како последен тест пред континенталниот собир ќе биде турнирот „Трофеј Македонија“, што ќе трае од петок до недела во Скопје. Селекторот Марин Докузовски смета дека екипата моментално е многу поподготвена отколку на турнирот во Љубљана, каде што го освоиме последното место помеѓу републиките од поранешна Југославија.

„Нè очекува последната фаза од подготовките или последниот тест пред Европското првенство. Овие натпревари на ’Трофеј Македонија’ ни се важни поради новите играчи Гечевски и Мекејлеб, кои најдоцна се приклучија на подготовките. Сигурен сум дека ќе одиграме многу поквалитетно отколку на оној турнир во Љубљана, затоа што почнавме да тренираме по друг систем и веќе ја финализираме нашата работа. Да бидам искрен, се соочуваме со некои мали проблеми, како ситни повреди, а и топлото време не ни помага. Меѓутоа, мислам дека играчите се наоѓаат во многу подобра форма од минатата недела и до крајот верувам дека ќе ја избрусиме формата со цел што подобро да ја претставиме Македонија во Литванија“, изјави селекторот.

Докузовски ја смета Хрватска како еден од најголемите фаворити за освојување на првото место и вели дека најголем проблем за нас на турнирот ќе биде напорниот систем на натпреварување. „Шансата за пласман во втората фаза ќе ја гледаме од натпревар во натпревар. За нас, сите натпревари ќе бидат тешки, но нема предвреме да се предадеме. На сите натпревари ќе влеземе максимално. Мислам дека нашата предност е во брзината на плејмејкерската позиција и тука ќе направиме предност во однос на противниците и со цврста одбрана верувам дека ќе дојдеме до поволен резултат. Главен проблем за нас на ова ЕП ќе биде тоа што ќе играме натпревар за натпревар и ќе имаме малку време за одмор. Реално, другите репрезентации имаат по 12 квалитетни кошаркари и нивното отсуство на паркетот нема да се почувствува во ниту еден момент. Ние имаме седум до осум играчи што можат рамноправно да парираат. Еден натпревар ќе можеме да одиграме максимално, но веќе на следниот ќе мораме да тактизираме“, истакна селекторот.

Македонската кошаркарска репрезентација турнирот го почнува во петок против Црна Гора, репрезентација со која го играме и првиот натпревар во Литванија. „По овие два натпревара во Скопје, нема други контроли пред почетокот на првенството. На претстојниот натпревар со Црна Гора мораме да видиме како играат и што подобро да се подготвиме за нив и да имаме подобра слика за нивната сила“, рече Предраг Самарџиски. По подолго време и Влатко Илиевски се враќа во репрезентација. „Многу ми е драго што сум назад во селекцијата по две години. Сигурно дека за Македонија двапати да игра на ЕП е голем успех и континуитет на работа, што дава резултати. Заслужено сме таму и на нас е да покажеме што подобри игри. Досега најголем проблем беше некомплетноста, но сега се приклучија и Гечевски и Мекејлеб и мислам дека тој проблем е решен“, истакна плејмејкерот.

Распоред на натпреварите на „Трофеј Македонија“
19.08.2011 (21.00) Македонија - Црна Гора
20.08.2011 (21.00) Црна Гора - Нов Зеланд

21.08.2011 (21.00) Нов Зеланд - Македонија
 
Ништо ново од неговите бедни изјави да не се враќаме на тоа што збореше во Љубљана. Не се слагам со овие негови изјави и тоа дека сме можеле една утакмица да одиграме на високо ниво и на другата да паднеме туку проблем е пристапот што го има Докузовски и неговото (не)искуство навакви големи натпреварувања.
 
Абе Костоски ќе отпадне, без него ќе идат за Литванија.
 
Каков идиот е Тодор Гечевски! Ќе игра европско првенство, треба да биде клучен играч.. а вчера понеделнички беше најпијаниот човек во Хавана. Мизерија!
Што се чудите па тој секој викенд беше пијан додека беше во Кавадарци а реп играше а тој на одмор пијанка :) А и срамота е да не пие човекот од Кавадарци е :))
 
Па не пие само Гечевски, сите репрезентативци се камења секоја вечер, тоа е јавна тајна. А колку за информација, при претходните квалификации најчесто и најмногу пијан бил Бо Мекејлеб.
 
Па не пие само Гечевски, сите репрезентативци се камења секоја вечер, тоа е јавна тајна. А колку за информација, при претходните квалификации најчесто и најмногу пијан бил Бо Мекејлеб.
Бо немаше ден да не отидам у Хавана и да не го видам таму, најредовен беше изминатата недела-две :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom