ПИВОЛЕНД 2011, СЦ Борис Трајковски - 31.8 до 04.9.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
За распоредот на бини, баш ме интересира како ќе ги распоредат. Многу сумљива ми е работата.

Да не биде како во Прилеп завршува музиката на едната бина па почнува на другата :pos:
 
Во од Кометал салата требаше не во оваа :icon_lol:.
 
Само да додадам, шо го напраивте толку далеку Борис? Од Центар такси ќе ви земе 100 денари максимум(од пошта фатете или влада), плус што пола компании возат со попусти некакви. А до Центар ако живеете подалеку дојдете си со бус, а и не знам која тоа населба е толку далеку да не може и да се попешачи малце :)
Сите што живеат од источна страна на Скопје им е далеку и мора да мењаат 2 автобуса. Пешки едноставно не се исплати да идеш од центар до Борис, пошто е оддалечено 3 километри.
Од друга страна, како што веќе кажа Тончи, од било која населба до центар се стига со 1 автобус, и треба да поодиш 10тина минути за да се искачиш на кале.
 
Пешкито се однесуваше за до Центар, не ме сфати никој :D нема везе, факт е дека не е лесно да се стигне до Борис :)
 
Абе што им е на овие?! Пиволенд се праи на ЛЕНД - ЗЕМЈА а не на БЕТОН! Можеа или на Кале или на Водно евентуално... мора се нешто да фали, лани касно почна годинава порано почнува на друга локација..сега изгубив волја и да идам :(
 
До пред некое време сите мрчеа како Кале било мизерија, кал, прашина, не било место за толку голем настан, сега па сите мрчат за обратното, дај одлучете се. Не е којзнае колку далеку локацијата, пробајте да живеете во поголем град кога не е се на максимум 7км од местото кај што се наоѓате па жалете се после. На кој му е скапо такси има автобус, кој не сака да се вози со автобус има избор или да најде другар/ка со кола, или да фати пеш или точак, не е 100км пат што сте дигнале толкава узбуна за локацијата. И искрено подобро вака бар е на отворено, не си заграден со ѕидови од сите страни за разлика од тоа што беше лани кога не се дишеше од гужва.
 
јас не се сеќавам некој да се жалел за Кале...
 
Не сме коли па да не ставате на паркинг!
Коментар од фејс :)

Него незнам кој мрчел за Кале, ја искрено до сега сум правел муабет со многу луѓе за скопскиов пиволенд и најголем проблем им е периодот кога се одржува и проблеми поврзани со организацијата али за локацијата бар ја не сум сретнал некој што ја хејтал, напротив ...

Нејсе, такви секогаш постојат, имало гарант луѓе на кои и Кале им било тиња ко место за организација на ваква манифестација ( неизбежни се ), ама во споредба со оние на кои им смета новава локација глупо е да правиме муабет, минорен е бројот на оние кои биле контра Кале за разлика од бројот на луѓе кои овој потег го сметаат за глуп.

Скопје е може главен град на земјава ама дефакто го има најшугавиот пивофест ленд шо и да е, и наместо напред, чекорат наназад.
 
ПивоБетон. го усраа шо го усраа, бар ќе отидат у минус и нема да биде истата организација идната година.
 
Џабе мрчење, каде и да се одржи Пиволенд, пак ќе биде преполно!
Конечно Ритам Нереда во Скопје! Браво! (y)
Само да свират повеќе од стариот материјал, зашо новите албуми им се срање! :)
 
Кај и да се одржи ќе биде преполно ... Но пак со бендови и артисти кој поминаа на сите пивофестови во земјава..Се надевам ќе нема да настапува некој од прошлите години ама тоа некако тешко :/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom