П
Паспарту
Гостин
Баш пред малку ја разгледував темата за филмот 'Трето полувреме' и во очи ми падна смртта на вардаровата легенда Илеш Шпиц, односно датумот 1 октомври 1961 година, а на 1 октомври 2011 година Вардар го игра натпреварот против Шкендија на истото место каде што Илеш почина пред точно 50 години. Мислам дека не смее да се заборави ова, должни се сите вардарови навивачи барем на некој начин да му се оддолжат за се што има направено за нас...