Имам сè што ќе посакам?

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Само прост човек може да каже дека технологијата е зло.
Технологијата е лек. Технологијата прави што човекот ќе и каже. Што значи, ако технологијата прави зло, не треба да се стави машината на клада туку човекот кој ја креирал.
Технологијата ти дава избор. Секогаш ти дава избор.
Сакаш по нејзин пат или по потешкиот пат?
Неќеш да глеаш ТВ? Изгаси го.
Неќеш да седиш на ПЦ? Изгаси го.
Неќеш да шиеш со машина, сакаш рачно? Шиј рачно.
Имаш избор брат. Сеуште, имаш, избор.

Што се тиче муабетот на Сатори, дека сме програмирана маса со потрошни вијуги и дека не знаеме што сакаме... Незнам. Малце ми е смешно што ова излегува од твоја уста, зошто е премногу контрадикторно тебе. Знам дека пишуваш, и, да кажеш дека тоа што го пишуваш всушност не си ти туку дека си само нечија сенка која само копира веќе од туѓа рака напишани податоци во заднината на твојот мозок, ми е, малтене глупо. За муабетот пак дека не знаеме што сакаме, мислам дека причината поради која го имаш тој став носи одговор од еден збор. И, го знаеш зборот :)

Е сега, лично јас? Дали имам се што ќе посакам?
На ова животно прашање јас спасението го барам во индивидуализмот.
Денес да ја имаш оваа животна филозофија, обичните смртници ќе те направат the Satan himself без притоа да се свртат наоколу и да погледнат во каков систем живееме.
Јас искрено нити имам време нити имам амбиции да го мењам системот.
Секоја чест на оние кои имаат, но јас не сум таков.
Си гледам своја посла, на прво место сум си јас и мојата фамилија, на второ место моите најблиски другари, и третото место е празно.
Дали имам се што сакам?
Ко ќе се подразмислам, да.
Кога би фатил златна рипка, и златната би ми се понудила да ми отствари една желба за да ја пуштам, мојата желба би гласела: Вечно да си останам со овие сништа и овие амбиции.
Затоа што се големи, и имам една мааала доза страв дека ќе згаснат.
А кога тие ќе згаснат, јас ќе сум духовно мртов. Ќе бидам сведен фактички само на моторика, ќе бидам мочано растение.
Се што сакам е: Да имам се што ми треба, и + желба за повеќе.
За мене само овие две работи се неопходни за живот.
Неопходно е да ги имаш неопходните животни намирници, и неопходно е да имаш константна желба за повеќе. Тоа те прави жив. Тоа те бутка напред. Тоа те прави човек, тоа те прави различен од целиот жив свет. Тоа на моменти те нервира, на моменти те прави среќен, тоа те прави да имаш емоции, тоа те прави совршен.
Моментално имам се што реално ми треба, и моментално имам желба за повеќе, многу повеќе.
Сум среќен :)
За сите нервози и сите маки, за сите разочарувања и очајувања, за сите лекции од нив извлечени сум благодарен, сум среќен!
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
GoD.HateUSaLL никој не рече дека технологијата е зло.

Сè е добро додека се користи умерено и без никаква негативна заднина.
А факт е дека мнозинството го избира полошиот начин. Доволен е фактот што ситуацијата на форум е таква каква што е. Отвораш тема и трчаат да ја расипат со „духовити“ коментари.
Ама нели, сите сме фраери на интернет. И тоа е една од можностите, билдање его до бескрај. ;)
 
С

Сатори

Гостин
Што се тиче муабетот на Сатори, дека сме програмирана маса со потрошни вијуги и дека не знаеме што сакаме... Незнам. Малце ми е смешно што ова излегува од твоја уста, зошто е премногу контрадикторно тебе. Знам дека пишуваш, и, да кажеш дека тоа што го пишуваш всушност не си ти туку дека си само нечија сенка која само копира веќе од туѓа рака напишани податоци во заднината на твојот мозок, ми е, малтене глупо. За муабетот пак дека не знаеме што сакаме, мислам дека причината поради која го имаш тој став носи одговор од еден збор. И, го знаеш зборот :)
Стефан зборуваш за изборот како да е најдоброто нешто на светот? :)
Не го ставам јас тоа така детерминирано како што претпоставувам дека изгледа кога ќе го напишам, исто колку што сум убедена дека изборот како таков не секогаш е вистински твој затоа што ти како индивидуа, си сакал или не сакал, си програмиран од она што искуствено си го доживеал, ама не верувам дека сакаш да навлегуваме во таа дебата. :)
Исто колку што не би сакала да зборувам за моето пишување, ама дека се е само повторување на приказни со различен редослед на зборови, е тоа е веќе императивен став.А за тоа кој што сака, знае и не знае, никогаш индивидуално мислење во пост. :)
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Џаболебарење и непотребни информации хааах јас да сум како Acid на пример би забранил постови за незнам што правеле Грците со Македонците во Егејска Македонија или како било криза во ГРција и животот им бил срање.

Да знаеме да збориме за глупости а никогаш не збориме на тема еве на пример како да имаме подобро здравство или како да се однесуваме во брак или како да го решиме проблемот со сиромаштијата ,спорт и рекреација.

И нема што да се споредуваме со Шведска и Норвешка си имаат они свои проблеми на крај краева.

2 милиони луѓе без среќен живот и цел каде згрешивме.

Најголемо проклество во 21 ВЕК,

1)Метеросексуализмот префинети сфаќања за сексот ,
2)Мегаломански права на жените,
3)Хиперпродукција на ФИЛМОВИ,
4)Пораст на порно индустријата со најголем профит,
5)Манекенки кои се пукаат во вена,
6)Желба за брзо богатење
7)Зголемен процент на болни од дијабетис
8)Повеќе лекови отколку храна.
9)Развод на бракови заради ЕГО и хедонизам
10)Јадење на преработена храна од сомнителн потекло
11)копнеж по Американски начин на живеење
12)Некреативен систем на учење

па сега видете
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Не баш се...ама доста имам :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
тоа што дишам и сум жив немам што повеќе да посакам...
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Стефан зборуваш за изборот како да е најдоброто нешто на светот? :)
Не го ставам јас тоа така детерминирано како што претпоставувам дека изгледа кога ќе го напишам, исто колку што сум убедена дека изборот како таков не секогаш е вистински твој затоа што ти како индивидуа, си сакал или не сакал, си програмиран од она што искуствено си избрал да го доживееш, ама не верувам дека сакаш да навлегуваме во таа дебата. :)
Исто колку што не би сакала да зборувам за моето пишување, ама дека се е само повторување на приказни со различен редослед на зборови, е тоа е веќе императивен став.А за тоа кој што сака, знае и не знае, никогаш индивидуално мислење во пост. :)
There, fixed :icon_mrgr:
--- надополнето: Aug 12, 2011 5:10 PM ---
тоа што дишам и сум жив немам што повеќе да посакам...
Oh, you ambitious plant :giggle:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.462
Океј си се пофали дека ги имаше сите можни видови на нинтендо.

Ај сега на поентата. :D
И не само тоа, него имав прв у Скопје Плејстешн. Купив после и двојка.
Сеа сум на Екс Бокс 360.
И ниедно од нив не е на дискети.
--- надополнето: Aug 12, 2011 5:18 PM ---
И не само тоа, него имав прв у Скопје Плејстешн. Купив после и двојка.
Сеа сум на Екс Бокс 360.
И ниедно од нив не е на дискети.
Значи со еден збор ја иам све што сакам.
Ама баш све.
Значи не сум ко некои клошари, што цел живот сонуваат - ова сакам, она сакам. Ја иам све!
И баш ми е добро.

So long suckers!
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Уште една работа ми фали за да имам се.. не е материјално
 
Член од
11 август 2011
Мислења
113
Поени од реакции
27
Некои работи и да ги посакаш не се остваруваат.
И да имам пари пак ќе немам она што не се купува со нив.
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Јас не би рекла дека ни ги убија желбите, напротив дека ни ги генерираа и ни ги ставија во рекламната индустрија се со цел потрошувачката да биде поголема.Што претпоставувам има совршена смисла во ера на капитализам и пост-модернизам.Колку е нешто подостапно, толку е полесно апетитот да се зголеми за да се добијат што е можно повеќе ствари за да се зголеми вредноста на индивидуата.И тука не мислам само на материјални добра, туку и на култерен капитал и информации.
Човекот е суштество од навика, така што многу лесно се навикнува на тоа да живее во лагодност и достапност.Не може да му се замери дека се изгубила суштината или целта или дури врската со реалноста.Зошто крајно реалноста и зависи од перцепцијата која што истите тие механизми му ја креираат.

Дека имаме се што ни треба, е таа теза ќе ја негирам до крајот на животот, не дека не можеме да го добиеме тоа што ни е потребно или го сакаме, туку не знаеме што сакаме.При толку голем плуралитет од внатрешно дефинирање па до надворешен избор, треба да пораснеш далеку од урбаната џунгла за воопшто да имаш поим што сакаш и тоа да не ти биде креирано од општеството.
Само тоа е идеал и утопија, според тоа не може да се живее.
Болдираното:
Човекот дефинитивно е суштество од навика и искуство, бидејќи повеќето работи што ги прави и постигнува, се токму базирани од нешто претходно што видел, чул, осетил на своја кожа... Ретко човековиот мозок се користи да кажеме, 70% и со тоа да си овозможи подобри услови за егзистенција...Еве башка видов на Сител вчера, прашање од лото:
“Што би направиле ако би добиле 100.000 евра?“
-Една одговара: “Би одела на Хаваите и никогаш не би се вратила“
-Друг одговара: “Би ги купил најдобрите коли“
-Трет одговара: “Веројатно би земал нов стан“
Но никој не одговори дека ќе ги вложи во некој капитал, па од тоа уште повеќе да расцвета. Арно ама, ако ги вложи треба да мисли, а од тоа мислење да добие повеќе искуство и да научи од истото. Упс, пак се вративме на почеток нели :)

Да имаме се што ќе посакаме немаме, ниту најбогатите - зошто секогаш они гледаат нешто да постигнат подобро (како еден од Емиратите што си го врежал името на еден остров за да се гледа преку гугл мапс и вселената) и подобро.
Да имавме се што ќе посакаме ќе се изедевме живи меѓу себе.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.378
Џаболебарење и непотребни информации хааах јас да сум како Acid на пример би забранил постови за незнам што правеле Грците со Македонците во Егејска Македонија или како било криза во ГРција и животот им бил срање.

Да знаеме да збориме за глупости а никогаш не збориме на тема еве на пример како да имаме подобро здравство или како да се однесуваме во брак или како да го решиме проблемот со сиромаштијата ,спорт и рекреација.

И нема што да се споредуваме со Шведска и Норвешка си имаат они свои проблеми на крај краева.

2 милиони луѓе без среќен живот и цел каде згрешивме.

Најголемо проклество во 21 ВЕК,

1)Метеросексуализмот префинети сфаќања за сексот ,
2)Мегаломански права на жените,
3)Хиперпродукција на ФИЛМОВИ,
4)Пораст на порно индустријата со најголем профит,
5)Манекенки кои се пукаат во вена,
6)Желба за брзо богатење
7)Зголемен процент на болни од дијабетис
8)Повеќе лекови отколку храна.
9)Развод на бракови заради ЕГО и хедонизам
10)Јадење на преработена храна од сомнителн потекло
11)копнеж по Американски начин на живеење
12)Некреативен систем на учење

па сега видете
Го заборави и најважното:
зголемување на животниот век.

Те сфаќам која ти е пораката што и до некаде (скоро секаде де) се сложувам но....

И да...
Точка 11 од набројаното секогаш постоел тој „копнеж“ за некаква си „Долче Вита“.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Денешниот човек се поистоветува со "Јас имам" наместо со "Јас сум". Фино што технологијата си напредува, исто и науката, се дивам на напредокот. Но нели потрошивме превише енергија на тоа а во умовите останавме покорни верници несвесни за тоа што сакаат и како да променат нешто? Толку возрасни сеуште на ниво на деца, без разбудена свест.
Ма колку сакаат нека имаат моќ, тоа не ги прави возрасни. Такви луѓе-деца ни ги водат и државите, такви луѓе ја контролираат технологијата што може да убие милиони луѓе, оружјето.
Науката за човекот сеуште се држи само на неколку столба-паметни фаци низ историјата. Не се предава во училиштата на регуларна база, ниту се сфаќа доволно сериозно колку што треба. Луѓето оглупавуваат.

Колку е поскапа технологијата што ја поседувате, толку повеќе ќе осеќате притисок да ја користите. Ако имаш телевизор што ти фаќа пола дневна ондак ништо чудно да осеќаш вина и притисок ако не глеаш тв неколку дена.
Поентата е да бидеш што е можно послободен од такви тривијалности, да можеш да кажеш дека ти и никој друг не располага со твоето време надвор од твоето работно место, односно ај да не се сфатиме погрешно, да не осеќаш дека си обврзан да правиш работи. Попросто е подобро, бар во однос на стварите што ја сакам да ги поседувам. Кога порано ги имавме старите фотоапарати, тогаш можеше да се одреди кој е подобар фотограф. Сега подобар фотограф е оној со подобар апарат или оној што знае боље фотошоп. Кога порано се праќале писма, тие биле долги, значајни, со твој ракопис, со по некоја сликичка што само ти знаеш да ја нацрташ така, со твој мирис и сл. Луѓето се замарале да го напраат тоа писмо special.

Луѓето се презадоволени материјално и тоа им става конфузност и се предаваат на self-indulgence. Алчни се, љубоморни, никогаш незадоволни, потценуваат.
Имам се` што ќе посакам од материјален аспект ама кај е мојата душа, моето Јас на крајот на денот? Време е човек да научи ствар или две за својот духовен живот зошто тука е задоволството. И се оди кон тоа, New age ствари, ама некако поспоро.Зошто? За да се постигне духовен развој човек треба да биде сам, да размислува, а не да му стои обврската дека утредента треба да стане у 7 за на работа или обврската дека новиот убав телевизор фатил прашина. Време треба, навидум бесцелни прошетки, навидум бесцелни.зјапања у ѕид и тако даље, Слобода.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.378
Као што еднаш, една блиска личност ми има спомнато додека се подготвував за едно долго патување:
„Саци, не се концентрирај до целта, туку до патешествието. Верувај ми, повеќе ќе уживаш така.“
Ретко кога човек се запрашува дали навистина го постигнал оптимумот во имање се`. И скоро никогаш не е свесен и не се запрашал каков бил патот до самото постигнување.

Тоа е пропустот во животот.

И за крај уште еден цитат.
'In the end, corn flakes is just....Corn flakes"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom