Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.404
- Поени од реакции
- 5.957
На темава имам размислувано многу пати и разговарано со некои луѓе, па мислам дека е вредна за дискусија.
Со новите технички и современи достигнувања ги имаме речиси сите нешта што во моментот ќе ги посакаме. Додека порано требаше да се мачиме, да ги бараме, да ги купиме и да МЕЧТАЕМЕ по нив. Кога ми треба песна со еден клик отворам YouTube и ја добивам, ми треба филм или игра ги наоѓам по торенти, ми треба книга - имам еден куп e-books, ми треба информација исто така ја добивам со еден клик на Google. НО, после 2 дена, кога веќе нема да ми треба - ја заборавам.
Во нинтендо ерата, за некоја игра мечтаев со недели, па собирав пари, па ја немаше конкретно таа дискета, па ја барав низ цел град. За некои желби кои денес ги исполнувам со еден клик порано СОНУВАВ.
Дали знаеме да живееме кога имаме сè што ни треба? Сведоци сме на мигови исполнети со досада, форуми прочкртани со глупости (поради досада) и неангажирање за вистинските вредности поради тоа што материјално сме презадоволени. Дали преголемите можности ни ги убија желбите и суштината на реалниот живот?
Old is always better. (Sorry Barney)
P.S. Сега знам дека некој сигурно ќе го спомне Idiocracy.