Си вложил, ако добро те разбрав 1,700 Евра (веројатно додека си студирал или спремал мастерските студии), па си дошол до сума од 14,000!? И сега се мислиш во што да ги вложиш истите овде во Македонијава за да ќариш едно 150 Евра месечно!? Па ти 8 пати си го зголемил влогот кога сите берзи (3-4 години) од 2008-ма наваму паѓаат!? Каде вложуваше, на Макао, или на плантажи во Medellin?
.... Или си купил 1985-та година Акции од Microsoft? Веројатно си млада личност и си имал малку години или дури и можеби и не си ни бил роден тогаш!?.... Извини малку да се нашалам....
Знаеш, гледајки ја светскава економија последниве години како оди во *дип шит* .... некако неверојатно ми звучи и тешко ми е да поверувам во ова што зборуваш - за неколку години 7-8 пати да го зголемиш капиталот!? Не ни кажувај како да го зголемиме капиталот 100-150% годишно..... ако знаеш кажи ни како да го зголемиме 10-12% или 15% што би било извонредно во денешни услови кога и 10% нето профит се смета за одличен! Ретко кој, дури и од светските брендови лани и годинава ќе направат поголеми профити: Microsoft, Apple, Coca Cola, Гаспром.... ке одат и на +40%, и некои помали кои не ги знаеме....
а останатите.... тешка работа!