Полека Чорбаџи, полека...Пак си праиш класична протестантска контрукција: земаш од евангелијата само оноклку колку Ти/Ви одговара, а она кое не Ти/Ви одговара, го прескокаш.
Не, туку ти правиш класични православски акробации толкувајќи нешто за што цитатот воопшто не зборуваше и кога виде дека си во ќорсокак, суптилно и лукаво ја смени темата на оправдувањето, иако ние зборевме за спасувањето, имено дали се спасуваме по вера или по дела. Значи јас го замолив Genesis да ни го објасни следниов стих:
„Зашто по благодат сте спасени,
преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!
Не од делата, за да не се фали некој. “ (
Ефешаните 2:9, Библијата)
Ти рипна како прле пред магаре (небаре повеќе ја познаваш Библијата од него) и пиша:
„Апостолот сака(л) да го каже следното: дека се
спасуваме преку верата, а дека се оправдуваме (од своите недела)
преку (добри)
дела.“
Значи ти конечно призна дека се спасуваме преку верата, но за да ја заматиш водата, се префрли и на темата за оправдувањето додавајќи дека се спасуваме преку (добри) дела. Во ред, ќе дискутираме и за оправдувањето (не бегам јас од тоа), но сакав прво да расчистиме дека се спасуваме само преку вера (Sola Fide) и мило ми е што ти и Genesis се согласивте со тоа.
Ајде сега да видиме дали се оправдуваме преку вера или преку вера и дела? Што вели Библијата за ова:
„зашто
со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот. А сега,
независно од Законот, се јави Божјата правда, за која сведочат Законот и пророците,
и тоа Божјата правда, преку верата во Исус Христос, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика; зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава,
но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христос Исус, Кого Бог Го постави за жртва на
помирувањето преку вера, во Неговата крв, за да се покаже Неговата правда во пропуштањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение; та да ја покаже Својата правда во сегашно време, за да биде Самиот праведен
и за да го оправда оној, кој е од верата на Исус. И така, каде е фалењето? Исклучено е. Според кој закон?
Според законот на делата ли? Не, туку според законот на верата. И така,
ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.“
(
Римјаните 3:20-28, Библијата)
Wow, колку добро, јасно, експлицитно, концизно и недвосмислено го срочил ова светиот апостол Павле
Одиме понатаму:
„Но бидејќи
знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исус Христос, и ние поверувавме во Христа Исуса,
за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек“ (
Галатјаните 2:16, Библијата)
„И така, бидејќи
оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ Исус Христос,“ (
Римјаните 5:1, Библијата)
„И така, како што преку еден престап дојде осудување на сите луѓе, така и
преку едно праведно дело дојде за сите луѓе оправданието, што донесува живот; зашто, како што со непослушноста на еден човек мнозина станаа грешници, така и
со послушноста на Еден мнозина ќе станат праведни.“ (
Римјаните 5:18,19 Библијата)
Значи тука не вели дека со послушноста на Исус и послушноста на MIKI1 и Genesis, MIKI1 и Genesis би станале праведни, туку вели „со послушноста на Еден“ и со тоа го исклучува „праведниот“ удел на MIKI1 и Genesis во нивното оправдување, како што и предходно видовме дека е исклучен и вашиот удел во вашето (евентуално) спасение. Секако ова не значи дека вие не треба да бидете послушни и да правите добри дела (како што тоа погрешно го сфатиле христијаните на кои што подоцна Јаков им пишувал), туку тоа значи дека вие треба понизно да паднете пред нозете на Исус и понизно да признаете дека со вашите „добри“ дела не можете ниту да се спасите, ниту да се оправдате пред Бог и дека затоа неопходно ви е потребна милоста и благодатта на Бог за да се спасите и оправдате (па и осветувате понатаму).
„Зашто, ветувањето на Авраама, или на неговото потомство, дека ќе биде наследник на светот,
не дојде преку Законот, туку преку праведноста од верата. Имено, ако се наследници само оние од Законот, тогаш верата е без значење; и ветувањето е поништено. Зашто Законот донесува гнев; а каде нема Закон нема ни престапување!
Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, така што ветувањето да му биде обезбедено на сето потомство; не само на она од Законот, туку и на она од Авраамовата вера; кој е татко на сите нас,“ (
Римјаните 4:13-16, Библијата)
Но што е со посланието на Јаков 2то поглавје?
Јаков им пишува на група верници кои погрешно го сфатиле апостол Павле (како што и денес православните погрешно ги разбираат протестантите кои велат дека спасувањето е само по вера). Имено, тие верници погрешно го разбрале Павле и мислеле дека само ако со устата веруваат дека Исус платил за нивните гревови дека можат да си прават колку што сакаат гревови и дека ќе бидат спасени (иако вистински не поверувале, иако вистински не се нановородиле).
Апостол Јаков во никој случај не се спротиставува на Павле, туку се спротиставува на погрешното толкување на Павле. Јаков вели: „Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли верата да го спаси? “ (
Јаков 2:14) Значи тука Јаков не вели: „Каква е ползата ако некој верува, а нема дела?“ бидејќи Јаков знае дека не е можно некој вистински да верува, а од таа вера да не произлегуваат дела, затоа и вели: „ако некој рече дека има вера, а нема дела“, затоа што такви има многу, кои веруваат само со уста, а не вистински во срцето.
И целата дискусијата понатаму Јаков ја води околу ова прашање, сакајќи да покаже дека вистинската вера се покажува преку делата и вистинското оправдание исто така се покажува преку делата, бидејќи само тие се надворешно видливи, верата не е видлива. Тој вели: „Нашиот татко Авраам не беше ли оправдан од делата, кога го принесе на жртвеникот својот син Исак?“ (
Јаков 2:21) Прочитај
Битие 22 и
Римјаните 4 и ќе видиш дека Бог ја тестираше верата на Авраам и откако ја испита, не му дозволи да го жртвува својот син Исак, туку верата му ја засмета за праведност и затоа Бог му го даде благословот и ветувањата дека преку него ќе бидат благословени сите народи - вклучувајќи не и нас денес кои исто како него се спасуваме преку вера. Значи Авраам преку тоа дело (решеноста да го жртвува Исак) покажа дека вистински Му верува на Бог и тоа е она што го направи праведен, а не делата сами по себе, туку верата докажана преку дела. „„На Авраам верата му се засмета за праведност.”“ (
Римјаните 4:9)
Грчкиот збор "dikaioo" може да значи оправдан (во легална смисла на зборот), но значи и „да се покажеш како праведен“. Несоомнено Јаков го користи второто значење.
На пример и Исус им рече на фарисеите: „Вие се прикажувате пред луѓето како праведни, но Бог ги знае вашите срца;“ (
Лука 16:15)
Слична употреба на зборот "dikaioo" наоѓаме и во дискусијата на Исус со учителот на законот:
„(Исус) Му кажа пак: “Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив.” Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: “А кој е мојот ближен?” (
Лука 10:29)
Овде е повеќе од јасно дека учителот на законот не сакал да прими оправдување со тоа што ќе го постави прашањето (инаку би излегло дека човек може да се оправда со поставување на прашање
), туку сакал да се покаже како праведен.
Други примери