Целата Вистина за бог

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Понеделникот бев на прославата на свети Пантелемон во Нерези (една од најголемите пијанки и панаѓури во Македонија) и таму попот не можеше да ме прифати ниту со едната рака, затоа што во левата држеше масло со кое што ги „благословуваше“ (читај: мачкаше по челата) луѓето, а со другата им собираше пари (како да велеше: изволи народе благослов за 50 денари, само денес за празникот со попуст од 50 отсто). Еден пријател направи неколку добри фотографии од таа пародија, ама не ми се при рака и сликовито да ви го опишам тоа.
Немој, не се труди...Патем, погоре напишаниот пост е типично и лесно препознатлив атеистички став кон Црквата. Се прашувам, по кој основ се нарекуваш „христијанин„, кога погорниот став е нехристијснски и полн со омраза кон Црквата? Но, јасно: не случајно, Христос му се обрати на фарисејот Савле со зборовите: „....Зошто Ме гониш?...„.
--- надополнето: Aug 11, 2011 9:31 AM ---
Па нормално дека бесплатно ќе подарат. Зар подарокот се наплаќа? Бесплатно добиле, бесплатно и даваат - за разлика од МПЦ која бесплатно ги добива Библиите (од United Bible Society), а ги продава по 500 денари (некаде 600, некаде 450 - зависно од лакомоста на попот)
Секако дека примероци од Светото Писмо ги раздавате бесплатно, оти бесплатно и сте ги добиле-од Вашите масонски ментори.
Баш би сакал да Те видам како би реагирал, доколку (Ти) би се нашол во прилика да извадиш Твои (не туѓи!!!) пари од Твојот џеб, со кои пари би купил и би подарил Свето Писмо на оние кои се за тоа заинтересирани...:icon_lol:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Се прашувам, по кој основ се нарекуваш „христијанин„, кога погорниот став е нехристијснски и полн со омраза кон Црквата?
Не пишував со омраза, а најмалку па за Црквата Христова. Пишував за МПЦ - која нема допирни точки со Црквата Христова. Раскажував еден нормална и секојдневна праска на поповите за време на празниците. Не пишувам за работи кои сум ги видел во тајност. Опишував една глетка која имаа прилика да ја видат илјадници луѓе собрани таму понеделникот (Речиси цело Нерези (старо и младо), Козле, Влае, Карпош 3 и 4, а имаше и од подалеку). Сите овие ќе ти го потврдат истото. Тоа е вистината, а тоа што тебе таа вистина не ти е пријатна за читање, тоа не значи дека истата е пишувана со омраза.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не пишував со омраза, а најмалку па за Црквата Христова.
Да, да....:icon_lol:
--- надополнето: Aug 11, 2011 10:07 AM ---
Пишував за МПЦ - која нема допирни точки со Црквата Христова. .
...а што е типично атеистички став кон Црквата...
--- надополнето: Aug 11, 2011 10:08 AM ---
Сите овие ќе ти го потврдат истото. .
Нема потреба ништо да ми потврдуваат, оти и самиот сум учесник во помазувањето со посветено масло на челото.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Не пишував со омраза, а најмалку па за Црквата Христова. Пишував за МПЦ - која нема допирни точки со Црквата Христова.
Нема а? А како ја поврза евангелската или баптистичката (незнам во која припаѓаш) создадени после 16 век со Христовата Црква создадена во првиот век?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа е вистината, а тоа што тебе таа вистина не ти е пријатна за читање, тоа не значи дека истата е пишувана со омраза.
Напротив: никаде не напишав дека она кое свештеникот го служел во храмот, заедно кон и со верните, дека тоа е погрешно или нецрковно, туку го велам токму спротивното Така, не ми подметнувај зборови кои ги немам напишано.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
затоа што во левата држеше масло со кое што ги „благословуваше“ (читај: мачкаше по челата) луѓето,
Абе и Јуда велеше нешто слично

3 Тогаш Марија зеде литар миро, од чист и скапоцен нард, ги помаза Исусовите нозе и Му ги избриша нозете со својата коса; и куќата се наполни со мирис од мирото.
4 А Јуда Искариотски, еден од Неговите ученици, кој сакаше да Го предаде, рече:
5 ”Зошто мирово не е продадено за триста динарии, за да бидат раздадени на сиромасите?”

А она за парите, прво 50 денари тешко некој да остави, најчесто се оставаат 10денари. А друго, пари кој сака може да остави, и колку сака. Истото го имаш во Евангелијата, кога се оставале пари во Храмот, ако било погрешно тоа Исус ќе рекол, ама не, тој дури и ја пофалил сиромавата жена оти дала од својата сиромаштија за Храмот Божји.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
А

Никој нема да вели дека е погрешно ако поповите се доследни на Библијата и делата на Исус. Ама извини батка за мерцедесите и пијанките на дебелите проповедници и 10 денари е многу да дадеш.

Барате луѓето да веруваат во Православната Црква (не знам како е кај другите додуше), а нејзините први луѓе немаат ни Х од Христијанското учење.

Тоа ти е како Бранко да збори за сиромаштија, или Грујо за демократија, а ти треба да им веруваш на нивните зборови.

Црквата е далеку од непрофитан организација, таа е НАЈпрофитна организација.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Барате луѓето да веруваат во Православната Црква (не знам како е кај другите додуше), а нејзините први луѓе немаат ни Х од Христијанското учење.
Како немаат?

Еве владиката Петар има телохранител. Тоа му овозможува да го практикува христијанското начело на вртење на другиот образ. Ако некој го нападне владиката, тој може мирно да го сврти другиот образ, додека телохранителот ќе го шутира напаѓачот...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А друго, пари кој сака може да остави, и колку сака. Истото го имаш во Евангелијата, кога се оставале пари во Храмот, ако било погрешно тоа Исус ќе рекол, ама не, тој дури и ја пофалил сиромавата жена оти дала од својата сиромаштија за Храмот Божји.
Мачкањето со зејтин по челата е суптилен начин за да се изнуди пари од нив, затоа што поповите знаат дека откако ќе го „благословат“ некој и тој ќе види една кутија полна со пари пред нив, дека на луѓето ќе им биде незгодно да не остават пари. Пред храмската каса никој не правел таква финта. Патем општо е познато дека МПЦ ги продава своите услуги (крштевање, венчавка, погреб, пеење на слави, бадникови огништа, осветување куќи итн.) по точно одредени ценовници, а општо е позната и попската изјава: „Ова чини толку и од тебе колку што ќе оставиш“ (небаре предходното не е од тебе).

http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=F8404CE336C9664E9AECBC196D30C575&arc=1 (најдоле го имате и ценовникот на МПЦ, а пред некое време приметив и на форумов некој постираше слика од официјален ценовник на МПЦ со печат од МПЦ)

Еве да се потсетите и за обидот за фискализација на верските заедници, обид кој МПЦ во старт го спречи:
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=722569F4046D864CB0C9B474F250F895

Во овој конктест добро е да се спомне неодамнешниот пример кога МПЦ им даде епитамија (забрана за причестување, крштевање, венчавање и сл) на погребалните фирми од Крива Паланка затоа што овие продаваа свеќи по цена од 300 ден/килограм, додека МПЦ продава по 900 ден/килограм (три пати поскапо!) и со тоа им го нарушуваа бизнисот (монополот) на МПЦ:
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D5D323489142934CB2C00AC088AB085E

Не ми се верува со какви се подли методи се служи МПЦ само за да го одржи мополот на пазарот. Едно време ги лажеше верниците велејќи им: „Купувајте од нашите свеќи бидејќи само тие се осветени, само тие се правиславни, а ако купувате од другите проклетство ќе ве снајде!“ Но откако престана да им пали оваа финта кај луѓето, сега почнаа и со закани кон конкурентните независни погребални фирми. Што е следно? Крстоносна војна? Инквизиција? Не би ме чудело :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мачкањето со зејтин по челата е суптилен начин за да се изнуди пари од нив,
Ваквија „ставови„ кон помазувањето даваат саде атеисти, кои поим си немаат за што служи помазувањето, па си „набадаат„ некои свои мудрувања...
--- надополнето: Aug 11, 2011 11:16 AM ---
Патем општо е познато дека МПЦ ги продава своите услуги (крштевање, венчавка, погреб, пеење на слави, бадникови огништа, осветување куќи итн.) по точно одредени ценовници, а општо е позната и попската изјава: „Ова чини толку и од тебе колку што ќе оставиш“ (небаре предходното не е од тебе).
Воа е саде Твој атеистички став кон свештенослужењето и наводните изјави од свештениците. Наведи барем еден свештеник, кој дал изјава барем слична на оваа во наводниците!
--- надополнето: Aug 11, 2011 11:18 AM ---
Еве да се потсетите и за обидот за фискализација на верските заедници, обид кој МПЦ во старт го спречи:
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=722569F4046D864CB0C9B474F250F895
Секако дека МПЦ го спречи, оти купувањето нешта во световна продавница и оставањето личен дар за/во Црквата, не се иста категорија, што за Тебе, пошто си надвор од Црквата, е непознаница...
--- надополнето: Aug 11, 2011 11:19 AM ---
Во овој конктест добро е да се спомне неодамнешниот пример кога МПЦ им даде епитамија (забрана за причестување, крштевање, венчавање и сл) на погребалните фирми од Крива Паланка затоа што овие продаваа свеќи по цена од 300 ден/килограм, додека МПЦ продава по 900 ден/килограм (три пати поскапо!) и со тоа им го нарушуваа бизнисот (монополот) на МПЦ:
Секако дека МПЦ нема да дозволи било кој да лие и продава свеќи, а кој е надвор од закрилата од Црквата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Нема а? А како ја поврза евангелската или баптистичката (незнам во која припаѓаш) создадени после 16 век со Христовата Црква создадена во првиот век?
Припаѓам на Христовата Црква. Тоа што некои во 16ти век нарекле некои христијани евангелисти (затоа што евангелизирале), а други баптисти (затоа што крштевале) тоа воопшто не ја тангира Христовата Црква. Фирмата (насловот) на одредена Црква е ирелевантна работа. Многу е смешно да се тврди дека некоја црква правилно ја слави верата само затоа што се себенарекува „православна“ (непризнаена од цел свет), затоа што уште утре некое сатанско здружение може да се регистрира како „вистинска православна Христова црква“ - така што името ништо не значи. Сепак интересно е тоа што МПЦ во своето име воопшто не го содржи зборот „христијанска“, туку го содржи националниот ентитет „Македонска“ со што индиректно кажува дека националноста и етнофилетизмот и се поважни од учењето Христово :)

Една црква е врзана за Црквата Христова доколку нејзината Глава (авторитет) е Христос т.е. доколку таа црква го практикува и поучува изворното христијанство, проповедано од Христос и апостолите запишано во Божјиот Збор - Библијата. Секоја друга „црква“ што си има некои други глави (пророци, отци, култни личности, други „свети“ писанија и сл.) не е Христова Црква. Јасно како ден, просто како два и два.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не ми се верува со какви се подли методи се служи МПЦ само за да го одржи мополот на пазарот. Едно време ги лажеше верниците велејќи им: „Купувајте од нашите свеќи бидејќи само тие се осветени, само тие се правиславни, а ако купувате од другите проклетство ќе ве снајде!“ Но откако престана да им пали оваа финта кај луѓето, сега почнаа и со закани кон конкурентните независни погребални фирми. Што е следно? Крстоносна војна? Инквизиција? Не би ме чудело :)
И повторно; уште еден типично атеистички и антицрковен став, во кој омразата е очигледна и од Вселената.
Но добро, Го мразеа Христа, па зашто да не ја мразат и Неговата Црква.

Патем, погребалните фирми не се дел од Црквата, ама тоа не Ти пречи за да ги споменеш погребалните фирми во критиките упатени до Црквата, така? :icon_lol:

А она кое следува и за кое цел Свет се подготвува, тоа е доаѓањето на најголемиот од сите досегашни лажговци, кого со нетрпение го очекувате...:icon_lol:
--- надополнето: Aug 11, 2011 11:25 AM ---
Припаѓам на Христовата Црква. .
Ето, и јас припаѓам на Христовата Црквка, ама све ми се чини дека не сме во истата Црква...:pos:
По што Ти „повеќе припаѓаш„ во Христовата Црква од моето припаѓање во Христовата Црква?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Аууу излегува дека Чорбаџија и неговата протестантска црква го чекаат Лукавиот:pos:

Нема разбирачка очигледно. Човекот се декларира бре како Христијанин , а ја клевети институцијата МПЦ, каде бре видовте клевети кон Христос од негова страна:tapp:

Јас исто немам високо мислење за Црквата, ама не го клеветам Исус:eek:

WTF АКо не си со црквата тогаш си Антихрист, поклоник на Лукавиот :cuc:
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Не пишував со омраза, а најмалку па за Црквата Христова. Пишував за МПЦ - која нема допирни точки со Црквата Христова. Раскажував еден нормална и секојдневна праска на поповите за време на празниците. Не пишувам за работи кои сум ги видел во тајност. Опишував една глетка која имаа прилика да ја видат илјадници луѓе собрани таму понеделникот (Речиси цело Нерези (старо и младо), Козле, Влае, Карпош 3 и 4, а имаше и од подалеку). Сите овие ќе ти го потврдат истото. Тоа е вистината, а тоа што тебе таа вистина не ти е пријатна за читање, тоа не значи дека истата е пишувана со омраза.
За жал се согласувам со вас, затоа ќе кажам почитувајте го словото божјо, а оставете ги нашите попови поголем дел од нив се жива превара што би рекол нашиот народ...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема разбирачка очигледно. Човекот се декларира бре како Христијанин , а ја клевети институцијата МПЦ, каде бре видовте клевети кон Христос од негова страна:tapp:
Јас исто немам високо мислење за Црквата, ама не го клеветам Исус:eek:
Ех Микица Микица, ко че порасниш, самото че Ти се кажит....

Ама за да не чекаш толку долго, ево, ќе Ти подобјаснам, со големи букви, за да биле почитко: ЦКРВАТА Е ТЕЛОТОТ ХРИСТОВО, А ХРИСТОС Е ГЛАВА НА ЦРКВАТА, разбираш...Према томе, кој ја критикува Црквата, која е Телото Христово, критичарот Го критикува и Христа Богочовекот, Кој Е глава на Црквата.

Ти текнуе?

Верувањето во Христа и а неверувањето т.е. неприфаќањето на Црквата, е тешка небулоза и контрадикторен став, кој е споредлив со имањето глава без тело и тело без глава...:icon_lol:
--- надополнето: Aug 11, 2011 12:13 PM ---
За жал се согласувам со вас,
Така е докторе, ево, и ја се сагласуем сос Вас...:icon_lol:
--- надополнето: Aug 11, 2011 12:17 PM ---
Една црква е врзана за Црквата Христова доколку нејзината Глава (авторитет) е Христос т.е. доколку таа црква го практикува и поучува изворното христијанство, проповедано од Христос и апостолите запишано во Божјиот Збор - Библијата. Секоја друга „црква“ што си има некои други глави (пророци, отци, култни личности, други „свети“ писанија и сл.) не е Христова Црква. Јасно како ден, просто како два и два.
Убо, убо, самиот си праиш критериуми за вредување на вистинитоста за Црквата и самиот си потврдуваш дека тија критериуми се точни...:icon_lol:

Но да, така праеше и Вашиот духовен татко, славниот Тома Аквински, кој самиот си поставуваше прашања, самиот си одговараше на прашањата и самиот си потврдуваше дека дал точен одговор....:pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom