Тука коментираме книги

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Неможам да коментирам затоа што уште не сум почнал да ја читам, добра ли е книгава "Моќта на потсвеста" од Џозеф Марфи ?
....дали една книга е добра или не зависи кој ја чита.....но според мое мислење се работи за добра книга која вреди да се прочита доколку се има можност
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.029
Поени од реакции
30.028
Неможам да коментирам затоа што уште не сум почнал да ја читам, добра ли е книгава "Моќта на потсвеста" од Џозеф Марфи ?
прочитај ја, добра книга е. нешто како совет за подобар живот.
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Принцот на маглата - Зафон. Втора негова книга што ја читам, после феноменалната ,,Сенка на ветрот‘‘..

Сум ја згрешил малце темата али нема везе..:coffee:
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Неможам да коментирам затоа што уште не сум почнал да ја читам, добра ли е книгава "Моќта на потсвеста" од Џозеф Марфи ?
Книгата е како да читаш топ-шоп. Одамна ми падна в раце и не ја дочитав.
 
Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
"Вештица" од Венко Андоновски - прекрасно напишана книга :))
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.743
Поени од реакции
1.003
Пред некој ден ја прочитав Пеколен портокал од од Ентони Барџис и прилично ми се допадна , поготово стилот и начинот на кој што е пишувана ... има честа употреба на русизми , како што е и во филмот но овде употребата на русизмите е почеста за разлика од филмот ... за содржината нема потреба да зборувам , верувам дека ретки се тие кои не го гледале филмот .
 
Ама уште кога го видов насловот на книгата можев да замислам што ли ќе пронајдам внатре.
Како може Clockwork Orange да се преведе во Пеколен портокал?
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Ама уште кога го видов насловот на книгата можев да замислам што ли ќе пронајдам внатре.
Како може Clockwork Orange да се преведе во Пеколен портокал?
Се превел на неколку начини, поимот го употребил Ентони Барџис кога го видел/прочитал негде на сосема трето место.
Во екс-ју книгата/филмот се преведувале како Паклена Помаранџа, па оттука кај нас се преведува како Пеколен Портокал.
Ништо страшно, чим Alien е Осмиот Патник... :)
Преводот е добар воглавно. Ја имам прочитано на англиски, па на српски и пред некое време имав прилика да ја прочитам и на македонски, откако ја преведоа ми ја позајми еден другар и преводот е океј...
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Времето на лалињата- Дебора Могах
Иако воопшто не сум љубител на љубовни романчиња и четива книгата ми беше интресна. Кој чита вакви работи сигурно ќе му се допадне.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Без здив може да ве остави само Сидни Шелдон. Ви го препорачувам. Инаку можеби ќе забележите голема сличност помеѓу неговите дела но ќе се согласите дека се извонредни(не сум сигурен како точно се пишува зборот, тежок е). Посебно од него е „Ништо не трае вечно“ и „Раскажи ми ги соништата“. :)
--- надополнето: Aug 30, 2011 9:51 AM ---
"Вештица" од Венко Андоновски - прекрасно напишана книга :))
Добра е книгата но малку е тежок неговиот пост-модерен начин на изразување.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
17
Поени од реакции
6
Принцот на маглата - Зафон. Втора негова книга што ја читам, после феноменалната ,,Сенка на ветрот‘‘..

Сум ја згрешил малце темата али нема везе..:coffee:
Значи Зафон мислам дека ги има најдобрите книги..продолжи со Играта на ангелот и Марина многу добри книги нема што.. :)
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Значи Зафон мислам дека ги има најдобрите книги..продолжи со Играта на ангелот и Марина многу добри книги нема што.. :)
да,да мора да ја спомнам и Септемвриски светлини, феноменални книги.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom