Прифатена понудата за Снајдер!?
Како што стојат работите, во овој преоден рок ќе видиме уште еден мега трансфер. Според англиските медиуми, раководството на Интер ја прифатило понудата на Манчестер Јунајтед за Весли Снајдер во висина од 30 милиони фунти. Од "нероаѕурите" ќе му дозволат на холандскиот репрезентативец да почне преговори со Манчестер Јунајтед околу личните услови па доколку с$ биде како што треба тогаш во наредните неколку дена ќе биде комплетирана зделката.
Платата на Холанѓанецот, сепак, може да биде најголемиот хендикеп за трансферот на Олд Трафорд. Доколку се одлучи за премин во Манчестер, ќе мора да се задоволи со помала плата. Во Италија за играчот има поволни даночни олеснувања, додека во Англија не е така. Снајдер би требало да прибира по 200.000 фунти неделно, нешто што на никаков начин не се вклопува во структурата на плаќање кај шампионот. Од Манчестер Јунајтед имаат смислено шема на плаќање на бонуси во текот на целиот договор на Снајдер. Освен тоа во Англија Холанѓанецот ќе добива многу поголем процент од рекламните права.
Според "Мирор", во Интер размислуваат за варијанта Димитар Бербатов да биде вклучен во зделката, но според другите медиуми, "нероаѕурите" претпочитуваат да им биде исплатена целата сума за Снајдер, а поттоа одделно да се преговара за Бербатов.
27-годишниот играч би требало да биде замената на Пол Сколс, кој се пензионираше по завршувањето на сезоната.