- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.547
Шо? Пополека со одушевувања. Види ги трошоците во Лондон.
Башка, многу е наивно да се мисли дека секаде на запад е мед и млеко и дека заработувачката е единствено мерило. Ако веќе зборуваме за квалитет на живот, погледни го Human Development Index (HDI) за 2010 -- САД е на 4то место (што е преценето и нереално -- реално е под 10 место) а Британија е на 26. И во САД и во Британија стандардот и квалитетот на живот се во опаѓање. Проценките на HDI за 2030 јасно го покажуваат ова. Словенија за помалку од 20 години ќе биде меѓу првите 15 земји во светот според HDI.

Полн е форумов од наивни, неинформирани препричавања како било во Америка, како било ваму-таму...Америка е страотно компетитивен пазар (кој како капак е во невидена рецесија). Еве ви пример: колку диригенти има во МК? Секој може да најде работа. Во Лос Анџелес еден диригент ми ги носеше куферите до хотел. Секој кој мисли дека лесно се наоѓа добро платена работа во Америка или Канада си праи бајрам на умот. Зборувам за професии и кариера -- за аргатски работи не праам муабет.
