Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот избор?


  • Вкупно гласачи
    360
Таму е многу повисока 5000 евра месечно како студент, без предквалификации према овдешни 500-700 (студенти далеку помалку). Ние сме на дното на скалилото. Зашто инаку овде во една куќа живеат по 2-3 генерации, а таму секое дете одма го двојат со свое живеалиште. не дека не знаеме да штедиме.

E тоа да ти кажам за студентите не знам како оди,се немам распрашано искрено.
За другово си во право,пример пак го земам мој роднина заврши колеџ таму,му најдоа од колеџот работа,таму тоа е како некоја обврска на колеџот курци палци,и ете го,со 24 години живее во свој стан,има стабилна и пред се сигурна работа со сигурни пари.

Јас искрено би отишол таму,но не засекогаш најмногу за 10 години...
 
Јасно е дека државава е тапа економски гледано, што друго да се очекува од дваесет години војни у регионов и кај нас,распад на бившата држава и на целиот систем на уредување, разни ембарга, инфлации, политички кризи и сл.
Незнам како некој очекува преку ноќ да дојдеме до стандардот на западнине земји, кога овде уште прво гледаат дали е безбедно, да не има војна утре, пред да дојде некој да инвестира. Значи, треба да се работи многу за да се достигне тој стандард за кој сите кукате. На кој не му е до тоа да паралелно за својата егзистенција, да се бори и за тоа да се наредат работите у државава, нека си иде слободно.
Али не споредувајте живот у Америка, која војна не видела, и кај нас у регионов живот и стандард, каде истата УСА ги ремети и потпалува сите држави.
 
Хахаха, абе ти не сакаш да разбереш или одиш контра за инат?

Не сакам милион евра и да си уживам на грчките острови.
И сега уживам, ама морам да барам од моите пари за уживањето.

Ти да одиш да береш јагоди во Англија во некое запустено село. Јас живеев во градот во кој што пола светско население сака да живее. Да ми простиш, не си го давам здравјето за бедните јагоди во Англија, а работев мн поубава работа во Њујорк. Секој ден само си копирав ливчиња, праќав писма и одговарав на тел ;)

Не се нервирај,нели гледаш дека те зезам :D
 
Таму е многу повисока 5000 евра месечно како студент, без предквалификации према овдешни 500-700 (студенти далеку помалку). Ние сме на дното на скалилото. Зашто инаку овде во една куќа живеат по 2-3 генерации, а таму секое дете одма го двојат со свое живеалиште. не дека не знаеме да штедиме.

Куќа која што нема никогаш да ја доплатат затоа што се им е на кредит, куќи коли одмори се на кредит да пукне балончето маалце и одма на улица се.
 
Абе не се нервирам ;)

Факти кажувам :)

Глеј и јас би отишол да работам во странство,највеќе во Австралија,но не засекогаш бидејќи искрено знам дека нема да издржам таму цел живот да ринтам и да ринтам и да ринтам без престан,па ќе ти ебам и пари и се,здравјето и духовниот мир се битни и тоа како.
 
Добро не ве капирам ,вие сакате да имате пари, да го нахраните семејството да и имате плус са себе така.Арно ама вас не сакате да го испотите задникот.
Типично размислување на пусто македонче. Добро бе, ако сакаш пари да имаш, заеби ти во типот.излегувања со друштво,скаричка со комшијата, пивце со дургарите во парк. Има да седнеш и да си го испотиш задникот.Во македонија тоа нема да го имаш, со 15.000 плата за себе плус семејство и плус сметки мало могрен.Дури и нема да ти исплатат плата на време, што тогаш. Сум бил во Лондон, Канада и Америка,санта барбара, по градовите шетаат само постари луѓе, а кај се младите па работат тие.Тие се на ред да го нахранат и подржат семејството. а не тука 26 години, уште од мамичка и татичко зимаат пари, им се работи, арно ама нејќат да си го мрднат гзот.

Моменатлно работам во Лондон, платата ми е 50 пати повеќе од Македонија, имаме по 2 пати годишен одмор по 3 недели. 6 недели тие што се поостарени и имаат семејство дома, или имаат некој болен.Секој викнед се собираме,си правиме забава, нормално доколку не сме на голем проект па работиме и сабота и недела од 9 до 3 вечер.
 
Глеј и јас би отишол да работам во странство,највеќе во Австралија,но не засекогаш бидејќи искрено знам дека нема да издржам таму цел живот да ринтам и да ринтам и да ринтам без престан,па ќе ти ебам и пари и се,здравјето и духовниот мир се битни и тоа како.

Јас кога го пишав тоа засекогаш малку погрешно бев разбрана:pos:
Ќе работам додека ми се работи, додека сум способна да работам. Додека ми е убаво и додека имам за живот. Јас и идниот маж. Е кога нема да ми биде убаво Македонија не ми бега :)
Станот не ми бега. Ама работа тешко дека ќе најдам, за да можам да живеам на истиот начин како што би живееле некаде подалеку од МК. Немаме стандард тука. :)
 
Потполно си во право со овој пост,од збор до збор... ама барем таму (во странство некаде),нема да се нервирам гледајќи ги овциве во нашава татковина. Зашто? Зашто тука можеме само да гледаме и да блееме како телиња,а не можеме да превземеме ништо за подобра иднина на нашата земја/ неможеш глупаво идиотски народ да го опаметиш :) Али сепак,ќе видиме животот што ќе ни донесе.

Е народот наш е посебна приказна :)
 
Знаеш што е понижувачки во Македонија ? Магистер по економија вози такси ( еве преска баш се возам и младичот си кажува колку се осеќа понижен, ама немало работа, па морало нешто да работи )

Допрва ќе има такви случаи. Еве неколку примери од лично искуство. Пред многу години, кога купував чевли во една стоковна куќа во САД, продавачот што се наведнуваше да ми ги обуе чевлите беше магистер по музикологија. Американец. Пред неколку месеци купував градежни материјали во Home Depot. Си напраив многу убав муабет со продавачот Американец, магистер по философија. Сопственикот на сервис за перење коли кај мене во маало (инаку од Тајланд) е доктор на науки (кинесиологија). Продавачот на бензинска кајшто најчесто полнам бензин (Индиец) е магистер по електротехника. Жена му е доктор на науки и работи како професорка во средно училиште. Една моја пријателка (Американка, доктор по лингвистика) описменува криминалци во федерален затвор за мизерна плата. Дури и во професиите каде релативно лесно се наоѓа работа (медицина, фармација, бизнис, инженерство, право -- висока плата и сигурно место не се загарантирани. Двајца мои пријатели од Сараево -- едниот ортопедски хирург, а другиот педијатар и поранешен професор на Медицински факултет во Сараево -- двајцата работат во шкљ фармацевтска компанија како медицински лаборанти. Get used to it.
 
Допрва ќе има такви случаи. Еве неколку примери од лично искуство. Пред многу години, кога купував чевли во една стоковна куќа во САД, продавачот што се наведнуваше да ми ги обуе чевлите беше магистер по музикологија. Американец. Пред неколку месеци купував градежни материјали во Home Depot. Си напраив многу убав муабет со продавачот Американец, магистер по философија. Сопственикот на сервис за перење коли кај мене во маало (инаку од Тајланд) е доктор на науки (кинесиологија). Продавачот на бензинска кајшто најчесто полнам бензин (Индиец) е магистер по електротехника. Жена му е доктор на науки и работи како професорка во средно училиште. Една моја пријателка (Американка, доктор по лингвистика) описменува криминалци во федерален затвор за мизерна плата. Дури и во професиите каде релативно лесно се наоѓа работа (медицина, фармација, бизнис, инженерство, право -- висока плата и сигурно место не се загарантирани. Get used to it.
Веројатно си свесен колку гнев навлече со постов.:) Ти ова намерно го напиша, за да не идат да ви ги земаат работните места таму.:pos: Ај корегирај се и признај дека е совршено.:D
 
Би останал во Македонија, мене тука ме вржува семејството, фамилијата, не можам така лесно да се откажам од тие работи, плата како плата, да имам да преживеам и да сум спокоен, не морам да возам бесна кола, може да возам матиз и пак да бидам среќен и благодарен.
Да додека мама и тате даваат пари.А што кога ти ќе бидеш мама и тате.Зарем со 15.000 денари ќе имаш да им овозможиш на децата и најмал луксуз?Мислиш дека е добро да гледаш како некое дебело дете чиј татко заработува колку 10 твои плати поради врски во партијата се лигави со нов ајфон или скутер и изиграва манга додека немаш на твоето да му дадеш ни 50 денари за ужина и се вози со точок на кој ти си пораснал?Размисли.
 
Дури и во професиите каде релативно лесно се наоѓа работа (медицина, фармација, бизнис, инженерство, право -- висока плата и сигурно место не се загарантирани. Get used to it.

Јасно ми е тоа. Братучетка ми дипломиран стоматолог работи во сендвичара. Тоа е тоа, ќе мора да се помири со животот во Македонија.
 
Веројатно си свесен колку гнев навлече со постов.:) Ти ова намерно го напиша, за да не идат да ви ги земаат работните места таму.:pos: Ај корегирај се и признај дека е совршено.:D

Така е! :) Полн е форумов од наивни, неинформирани препричавања како било во Америка, како било ваму-таму...Америка е страотно компетитивен пазар (кој како капак е во невидена рецесија). Еве ви пример: колку диригенти има во МК? Секој може да најде работа. Во Лос Анџелес еден диригент ми ги носеше куферите до хотел. Секој кој мисли дека лесно се наоѓа добро платена работа во Америка или Канада си праи бајрам на умот. Зборувам за професии и кариера -- за аргатски работи не праам муабет.
 
Моменатлно работам во Лондон, платата ми е 50 пати повеќе од Македонија, имаме по 2 пати годишен одмор по 3 недели. 6 недели тие што се поостарени и имаат семејство дома, или имаат некој болен.Секој викнед се собираме,си правиме забава, нормално доколку не сме на голем проект па работиме и сабота и недела од 9 до 3 вечер.
i38.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom