Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот избор?

  • Вкупно гласачи
    360
Еве зошто ќе имате проблем во животот, повеќето од вас. Затоа што сакате богат живот, сакате јахти и заебанции.
Не се задоволувате.
Мислите дека некаде ќе ви постелат црвен тепих, а нема да добиете ни едно добредојде од комшиите.

А иронијата е што пола од вас не се ни подготвени да ги засукаат ракавите и да работат ко што треба.

Мислите дека во странство со малце работа ќе добиете многу плата, а дека во Македонија со малце работа и без книшка, малце плата.
Со доволно работа, у странство ќе бидете богати, а во државава просечни и тука се појавуе изборот:
Сакаш да бидеш просечен човек во својата држава, граѓанин од прв ред, опкружен со своите пријатели и ист-јазик зборувачи и да имаш некакво слободно време
или
сакаш да бидеш богат човек во странство, граѓанин од втор ред, опкружен со непознати и алиенирани и да немаш никакво слободно време?

Same here. Апсолутно се согласувам. Хирург во САД можеби има 25.000 долари неделно плата, ама на крајот од денот знаете ли само за што има време? За да си ги облече пижамите и да си легне да спие. Саботи, недели, одмор нема тоа, треба да се оди по семинари и конференции, и тоа не џаболебарски семинари ко овие што се оддржуваат кај нас. Кај нив во Америка, Канада, нема одење по гости кај пријателот, кај комшијата како што често си одиме на гости, тие се презафатени и до толку утепани од замор што на маса ќе ти заспијат. Што ќе ми се колите бе ако од истоштеност умрам на 40 години?
Кај нас како е? Сите имаме време да си искочиме за време на викенд, да си купиме било што нешто ново барем еднаш месечно, имаме неограничена слобода и малолетни да шпараме по улициве (во Скандинавија пробај малолетен прошетај по 12 да видиш што ќе ти се случи).
А и добро кажа Џиш, сите во странство мислат директори ќе се.
 
Komisija moj 25 godini otide da raboti vo stranstvo, tuka imase zavrseno fakultet i prvite zborovi cim stigna tamu mu bea deka tesko rabota se naogja po struka znaci kvalitetna rabota nema sansi da najde nekoj stranec (ili e epten tesko). E sega ajde se pomiri so toa nadevajki se na podobri vreminja pa do togas rabotese vo fabrika kade sto dobivase mnogu povekje za razlika od Makedonija no tamu tie raboti oni ne gi sakaat gi davaat na nas siromasnite.

Otkako 1 rabota ne mu bese dovolna najde uste edna i samiot kazuvase spiel po 5 saati maksimum ?
Znaci spies 5 saati pa na rabota pa pak spies, ni ke vidis nesto ni ke mozes da odmoris a da ne zboruvame za gledanje na familija, e sega da kupi kukja odma tuka, kupi kola ama ako cenata da go imam toa po sekoja cena e da imam 5 casa odmor i se ostanato rabota neka odi u qrac spored mene.

Ni drzavata mi dala rabota, ni sum partiski clen ali so trud si srediv se i za edna solidna ziveacka ima tuka.
 
Ако купил куќа одма тогаш, човек е одма обезбеден. Животна плата во Македонија е ~40.000 евра. А наместо куќа по банки или куќата под кирија и мирна глава.
 
Задоволен сум од тоа што го имам. И не би ја менувал Македонија за ниедно друго место на планетава. Пари,жени,јахти се тоа е кул ама ако ти е ксметот и се запнеш малку можеш и тука да го имаш. :)

Македончето колку повеќе нема толку поголем манга се прави. Сите на одмор на море,со кола оди до продавница која е на 2 метра од неговата куќа или стан. Сите се скоро на пост-пејд ...телефони ко што немаат ни америте.
 
Просечен живот во Македонија каква глупост ???
Зошто да не направам се што е во моја моќ јас и моите сограѓани да живееме нормално ?
 
Same here. Апсолутно се согласувам. Хирург во САД можеби има 25.000 долари неделно плата, ама на крајот од денот знаете ли само за што има време? За да си ги облече пижамите и да си легне да спие. Саботи, недели, одмор нема тоа, треба да се оди по семинари и конференции, и тоа не џаболебарски семинари ко овие што се оддржуваат кај нас. Кај нив во Америка, Канада, нема одење по гости кај пријателот, кај комшијата како што често си одиме на гости, тие се презафатени и до толку утепани од замор што на маса ќе ти заспијат. Што ќе ми се колите бе ако од истоштеност умрам на 40 години?
Кај нас како е? Сите имаме време да си искочиме за време на викенд, да си купиме било што нешто ново барем еднаш месечно, имаме неограничена слобода и малолетни да шпараме по улициве (во Скандинавија пробај малолетен прошетај по 12 да видиш што ќе ти се случи).
А и добро кажа Џиш, сите во странство мислат директори ќе се.

Хмм вака кажано звучи убаво нели? Но не е баш се така таму:) Навистина јас сум за сопствената држава и тука не ми е лошо, впрочем јас се вратив од таква добро платена работа, но не можам д акажам дали е тоа добро (или лошо). Работев во Франција, Париз како инженер со сосема солидна плата за француски услови, со обезбеден стан и кола на располагање, но нешто недостасуваше. Моментот кога ќе се вратиш од работа некаде околу 18 или 19 часот па до заспивање наредните 5-6 часа се психички најубиствени. Веројатно тоа е моментот на носталгија , на недостаток на сите овие работи што ги наброја, кафе со пријатели, шеткање и слично. Мислам дека не постои човек кој не се почувствувал како што се почувстував јас. Многумина лажат околу моментот дека таму е прекрасно и дека се е супер. WTF тоа е само кажување за да си го самооправдаш својот потез за емигрирање дека е сосема во ред. Доколку некој успее да ги потисне доволно длабоко сите тие чувства ќе нема проблем со животот таму. НАвистина брз е , динамичен но далеку од тоа дека те истоштува или пак си презафатен. Целата работа е во психата и во вагањето на работите колку ти е доволно во животот. Се разбира доколку нема егзистенција тука никој не би се вратил.

Од моето искуство лично а и од искуствата на многу пријатели кои се надвор или пак се вратиле неминовно се наметнува заклучокот дека доколку тука имаш колку толку солиден живот тогаш нема да ја напуштиш државава. Ако немаш што да те повлече назад во татковината и немаш егзистенција тогаш нема да се вратиш.
 
Еден од многуте показатели колку македонецот плитко размислува...

Нити ќе те клат директор во Америка, нити пак ќе земаш 100.000 долари плата месечно за да имаш кеш за 243 поколенија. Напротив, ќе ти падни дупо од `рмбање во некоја вукојебина, кај шо никој староседелец несака да работи. Бидејќи едната плата ти е малку, ќе фатиш и втора работа, како би можел да плаќаш кредит за куќа, кола и живот во Америка и да подсредиш нешто во Македонија. Нити ќе одиш на одмор, нити ќе видиш бел ден. Ќе пазаруваш во супермаркети, каде што е поефтино. На гости нема нити кај да појдиш нити кој да ти дојди, пошто никој не познаваш (читај трошок помалце). И за 10 години единствено што ќе ти остани е колата и куќите. Доволно за 243 поколенија да живеат.

Не ме разбра...

Не би пишал доколку не сум сигурен. Знам дека неможеш да отидеш како директор таму, дека треба да рмбаш по две работи, да крпиш за да ја исплатиш куќата. И таквите не стануваат богаташи, остануваат „нормални“ цел живот. Но пола од иселениците од полошкиот регион по 10 години работење таму се имаат стекнато со огромен капитал за тамошни услови, а не па за наши... ти тврдам ова, познавам такви, спијат на пари али се стегнати ко евреи!

И после доаѓа овде и ми кажува како помогнал во тоа што дал 500 долари за да се поправи иконостасот во некоја црква... гитла бе за таквите лицемери...
 
Според мене, резултатите од анкетава се реални и ја отсликуваат реалната ситуацијата во државата. Бројките се застрашувачки и покажуваат сериозна грешка во системот/опшеството во кое живееме.

И наместо да одиме напред, ситуацијата станува полоша. Јас сум сигурен дека и после година или две, а можеби и 5 години да ја направиме анкетава дека ќе бројките ќе бидат уште полоши.
 
Сакаш да бидеш просечен човек во својата држава, граѓанин од прв ред, опкружен со своите пријатели и ист-јазик зборувачи и да имаш некакво слободно време
или
сакаш да бидеш богат човек во странство, граѓанин од втор ред, опкружен со непознати и алиенирани и да немаш никакво слободно време?

Да сакам да бидам богат човек во странство и верувај дека таму повеќе ќе бидам граѓанин од прв ред отколку во Македонија, граѓани од прв ред да носат представка "рамковен". Што се однесува до тоа опкружен со пријатели што го спомнуваш или непознати и алиенирани, можам да ти кажам само дека тоа е твој личен став (читај страв).
 
Зошто да не отидам во странство? Затоа што дипломата на факултет повеќе се вреднува? Затоа што за добрата работа компанијата добро те плаќа без да ти касни платата?
Тоа дека немаш време за пријателите нема врска. Проблемот е во македонскиот менталитет, уште има некои шо сакаат клати врата зимај плата, шо сакаат ем да пијат кафе и да уживаат ем да зимаат дебела плата. Кога е прашање живеачката, ќе се работи, нема да се мисли на слобоно време коа ќе имаш по 2 усти плус да нараниш.
 
Се е така, какао што напиша ти Дарлинг:) Само кога ќе отидеш таму и ќе се соочиш со реалноста ќе видиш дека не е до толку вреднувана твојата диплома, не те плаќа толку добро компанијата итн. После извесно време ќе заклучиш дека ти требаат пријатели, дека и таму со една плата нема да нараниш жена и две деца итн... Имаш еден куп работи кои не се толку розови. Кога ќе видиш дека за 2 деца у градинка ќе треба да платиш една просечна плата нивна, па тогаш ќе излезе мајката од работа или ќе викаш баби од МАкедонија за децата итн.
 
Не ме разбра...

Не би пишал доколку не сум сигурен. Знам дека неможеш да отидеш како директор таму, дека треба да рмбаш по две работи, да крпиш за да ја исплатиш куќата. И таквите не стануваат богаташи, остануваат „нормални“ цел живот. Но пола од иселениците од полошкиот регион по 10 години работење таму се имаат стекнато со огромен капитал за тамошни услови, а не па за наши... ти тврдам ова, познавам такви, спијат на пари али се стегнати ко евреи!

И после доаѓа овде и ми кажува како помогнал во тоа што дал 500 долари за да се поправи иконостасот во некоја црква... гитла бе за таквите лицемери...
Глеј сеа... неможи од сите шо заминале само исселениците од полошкиот регион да имаат огромен капитал... Ако си 100% сигурен дека тоа што го гледаш е нивно (имаше случај исселеник од Германија да иди во Мкд со рент-А-кар возило, само за да продава пуфки) тогаш работат нешто нелегално. Се знае со подвиткана кичма до кај можи да дојдиш.

Инаку во контекст на темава, за секој има место под сонцето. Само треба да си го најдиш, дали во Мкд дали некаде надвор... Мене арно ми е тука засега. За понатаму ќе видиме.
 
Ги потенцирав нив затоа што лично познавам такви, и ти тврдам за тоа. И не верувам дека погони за соработка со GM се сметаат за нелегални во САД.

ај забегавме од темата... :)
 
Задоволен сум од тоа што го имам. И не би ја менувал Македонија за ниедно друго место на планетава. Пари,жени,јахти се тоа е кул ама ако ти е ксметот и се запнеш малку можеш и тука да го имаш. :)

Македончето колку повеќе нема толку поголем манга се прави. Сите на одмор на море,со кола оди до продавница која е на 2 метра од неговата куќа или стан. Сите се скоро на пост-пејд ...телефони ко што немаат ни америте.

Нормално Македонците станаа капиталисти и сега секој сака повеќе пари ,женски и скапи коли.

На крајот кинезите ќе работат за нашите долгови.

Не сме вредни како кинезите и одговорни како Јапонците.

Ние сме балкански бегови и сончоглед кај има сонце таму се вртиме.
 
Се е така, какао што напиша ти Дарлинг:) Само кога ќе отидеш таму и ќе се соочиш со реалноста ќе видиш дека не е до толку вреднувана твојата диплома, не те плаќа толку добро компанијата итн. После извесно време ќе заклучиш дека ти требаат пријатели, дека и таму со една плата нема да нараниш жена и две деца итн... Имаш еден куп работи кои не се толку розови. Кога ќе видиш дека за 2 деца у градинка ќе треба да платиш една просечна плата нивна, па тогаш ќе излезе мајката од работа или ќе викаш баби од МАкедонија за децата итн.

Не смееш така во Америка сега, мора да ти одат децата во градинка, ако ти ги чува друг наводно според Американците ќе им штети на социјализацијата. Барем во Чикаго е вака. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom