Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.499
Same here. Апсолутно се согласувам. Хирург во САД можеби има 25.000 долари неделно плата, ама на крајот од денот знаете ли само за што има време? За да си ги облече пижамите и да си легне да спие. Саботи, недели, одмор нема тоа, треба да се оди по семинари и конференции, и тоа не џаболебарски семинари ко овие што се оддржуваат кај нас. Кај нив во Америка, Канада, нема одење по гости кај пријателот, кај комшијата како што често си одиме на гости, тие се презафатени и до толку утепани од замор што на маса ќе ти заспијат. Што ќе ми се колите бе ако од истоштеност умрам на 40 години?Еве зошто ќе имате проблем во животот, повеќето од вас. Затоа што сакате богат живот, сакате јахти и заебанции.
Не се задоволувате.
Мислите дека некаде ќе ви постелат црвен тепих, а нема да добиете ни едно добредојде од комшиите.
А иронијата е што пола од вас не се ни подготвени да ги засукаат ракавите и да работат ко што треба.
Мислите дека во странство со малце работа ќе добиете многу плата, а дека во Македонија со малце работа и без книшка, малце плата.
Со доволно работа, у странство ќе бидете богати, а во државава просечни и тука се појавуе изборот:
Сакаш да бидеш просечен човек во својата држава, граѓанин од прв ред, опкружен со своите пријатели и ист-јазик зборувачи и да имаш некакво слободно време
или
сакаш да бидеш богат човек во странство, граѓанин од втор ред, опкружен со непознати и алиенирани и да немаш никакво слободно време?
Кај нас како е? Сите имаме време да си искочиме за време на викенд, да си купиме било што нешто ново барем еднаш месечно, имаме неограничена слобода и малолетни да шпараме по улициве (во Скандинавија пробај малолетен прошетај по 12 да видиш што ќе ти се случи).
А и добро кажа Џиш, сите во странство мислат директори ќе се.