Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Навистина порано сум думал за одење надвор...сепак неможам да се пронајдам во тоа како сум/би придонел за татковината со тоа што сум останал тука кога татковината добар дел од нас не смета за слепо црево, вишок. Што повеќе тука се трудиш да придонесеш, тоа си поподложен на удар на разни ветришта, струи...Да останете во Македонија, да живеете просечно, но да придонесете многу за татковината
Еден од многуте показатели колку македонецот плитко размислува...Еден од многуте фактори поради кои ни е вака државичкава...
Иде гастрбајтер во Америка, седи таму 10 години, се пуни со пари за 243 поколенија, и после доаѓа секоја година на „иселенички средби на братсвото и сестринството“, дава изјава како тоа тој секоја година се враќа во Македонија, му недостига татковината, бла бла...
Она мене што ми е смешно, е што најголемите патриоти всушност не ни живеат во државава!Наскоро ќе дојдат „патриотите“ и темава ќе отиде во пм.
п.с пари
Аха.Отсекогаш сум се прашувал како можат нашите иселеници да се најголеми „патриоти“ и ако се толку големи, зошто не дојдат да сврзуваат крај со крај во Македонија.Па уште кога ке ми се појават на телевизија и ќе почнат да ми раскажуваат приказни како тие ја сакаат Македонија,вложуваат во неа а некој ги нема и по 5-6 години да си дојдат дома.Она мене што ми е смешно, е што најголемите патриоти всушност не ни живеат во државава!
Не викам дека џаболебарат таму, и дека се‘ им е розево на сите, ама тие се секогаш најгласни да не се селиме, а ако се исселиме, тогаш сме предавници. Парадокси еден тон е нашево државиче.
Кој спомна јахти и вили!?Еве зошто ќе имате проблем во животот, повеќето од вас. Затоа што сакате богат живот, сакате јахти и заебанции.