Фан Клуб: Интер

Она што Мите го збореше, Алварез ќе се форсира, веројатно во пакет со Коутињо ...
Шизик иде на ризик е работава зашто знаеме сите колку години чекаше Интер на играч од типот на Снајди, односно, ко што ги нарекуваат италијанците таквите, класичен trequartista.
Е де знам тоа ама не ми се ни збори. Само неарен човек може да ја потпре оваа екипа на Алварез. Ќе го упропастат играчот и ништо друго нема да биде. Ако имаа малку акл што прават, и да го продаваа Снајдер требаше на време за да си ангажираат замена, каква таква. Да не збориме што викаш, што се изначекавме за саглам играч во таа улога. Јас лично кога читам наслови од типот Снајдер за Тевез, Ето за Тевез, Пандев за Паласио... имам впечаток дека се враќаме во ерата на некомпетентност кога правевме трансфери и трампи од типот на Џулиалминфакинпјетро.

Сега мислам дека ни еден од Ето, Маикон и Снајдер не смее да се продава, не за друго, туку зошто и со нив едвај се крепиме.
 
Најавуваат ова експертиве(не од форумов :P ) дека по мечот со Милан, Морати ќе купел некое големо име, мене тешко ми е да поверувам, но...
 
Најавуваат ова експертиве(на од форумов :P ) дека по мечот со Милан, Морати ќе купел некое големо име, мене тешко ми е да поверувам, но...
Зависи што се подразбира под „големо име“. Може да е некој бразилец со 14 презимиња...
 
Teвез и Ето можат да се носат ко лидери на екипава, ко Ибра што целиот товар врз себе си го ставаше во Интер, и двајцата се играчи кои со 1 потег можат да решат натпревар, тоа го имаат докажано, ама ризикот е што доколку Алварез не се покаже ко играч кадарен за Интер, доколку истото и Касемиро испадне дека е, типот нема да има никаков прогрес од лани што ќе резултира со уште една лоша сезона.

Мурињо по мечот со Динамо Киев на гости кога направија пресврт во последни 5 минути кажа, во фудбалот линијата рај-пекол е претенка, пред тие фамозни 5 минути Интер беше во пеколот и ризикуваа дебакл бидејќи со пораз големи беа шансите да не излезат од групата али се деси тоа што се деси и завршија на онаа друга страна.

Така и сега, газат по таа тенка линија и само времето ќе покаже дали потегот '' продажба на Снајдер '' ќе се испостави ко позитивен за екипава или истиот ќе придонесе Интер да има уште една лоша сезона.

Се согласувам дека сега не е време за ваков ризик и само поради тоа не сакам Снајдер да замине на сметка на Тевез, инаку никој не е незаменлив, со тој став бев и во ерата на Ибра, и лани кога Маикон требаше да замине, ама разликата од тогаш до сега е што Интер сезоната ја почнуваше ко шампион.
 
Некој си Фифа Агент:
"È possibile. So che l'Inter mira ad un acquisto importante. Ma penso che Eto'o non si muoverà".​
не ви преведувам, разбирливо е :)
 
Не викам јас дека она животното е лош фудбалер, ама како им паѓаат на памет такви трампи? Што ќе ни е размена Ето-Тевез? Зошто воопшто би размислувал за тоа? Полош играч е Ето? Сака да си оди? Поевтин е Тевез? Помлад? Која е причината поради која воопшто би седнал на маса да дискутирам за тоа? Обично вакви трампи прават екипи кои имаат одлични играчи ама не им иде, вон форма се, повреди... или пак сакаат да земат помлад талентиран фудбалер, нешто на долги патеки... Ние се мислиме за најдобриот стрелец, оној без кој лани немаше ни во ЛЕ да играме. Бог да чува...
--- надополнето: Aug 2, 2011 1:10 AM ---
И друг пат не ми постирајте вакви информации пред спиење. Лаку ноч :mad:
Т'ибам новите смајлиња т'ибам...
 
Ако Шнајдер си оди тогаш би требало да се земе Монтоливо кој може да покрива и во одбраната. Него го наведов како прв избор поради Пацини затоа што играле заедно во два клуба претоа и сега во репрезентација. И знае да му набаци на Пацини
Една од повеќето асистенции
 
Ако Шнајдер си оди тогаш би требало да се земе Монтоливо кој може да покрива и во одбраната. Него го наведов како прв избор поради Пацини затоа што играле заедно во два клуба претоа и сега во репрезентација. И знае да му набаци на Пацини
Една од повеќето асистенции

А Фабрегас како опција да се разгледа? :)
 
Опа овие манчестер го прогласија Снајдер за нивен играч.Упм нека оди се.

Кој го прогласил? Весниците? КОј шпекулираат за све што ќе им дојде..
Не се возбудувај до толку... дур не се види дека е официјално.
 
Јас уште кога дојде Гасперини пишав дека Морати оди на подмладување на екипата, т.е. заработка на пари од своето милениче Интер. Досега не сум бил толкав скептик околу сезона на Интер како оваа што претстои. Менување на формација е катастрофа, троца во одбрана, тројца во напад е катастрофа, мислам дека се што прави човеков е бетер дури и од Бенитез, но останува времето да покаже што не чека оваа година.
И муабетот на некои од вас дека Тевез не му треба на Интер е 100% точна. Човеков само проблеми ќе прави во екипата ништо повеќе. Па 50м за таков играч, НЕ фала.
Снајдер мислам дека е завршена приказна, Морати е спремен да го продаде за 40м, а колку само Снајдер е далеку покорисен играч од Тевез ....
 
Кој го прогласил? Весниците? КОј шпекулираат за све што ќе им дојде..
Не се возбудувај до толку... дур не се види дека е официјално.
Благодарам,но не се возбудувам до толку.Нелогично ми е квалитетен креативец кој е еден и единствен од таков калибар во Интер да се продаде.
Што се однесува до Тевез,нека дојде затоа што ќе ни донесе веднаш една титула,а тоа е Ќе биде избран за најгрд играч во Серија А веднаш.Таа титула никој нема да му ја земе во догледно време!
 
А Фабрегас како опција да се разгледа? :)

Не вучинич читам се разгледувал како опција..Конте многу го истрошил во овие два дена каде што е во Јувентус па сакал да дојди во Интер бидејќи ќе легачел на теренот заедно со Камбиасо и Занети...и плус со Пандев ќе си се погодат да си манат по некоја партија тексас холдем покерче на сред тренинг:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom