Фан Клуб: Интер

Брату,да не се преправаме дека ова е некоја амбициозна управа која тежнее кон силен Интер.
Гледаат по секоја цена да уштедат и направат некаков профит и воопшто не би било чудно ако прават некоја разлика при купи/продај комбинација како таа што ја спомнав.
Оддамна умре времето на Морати,единствениот сопственик низ годиниве што навистина го сакаше Интер.

Овие оактри се уште поголеми гомна и од тохир и од кинезите...
пс.Овие барем не ни ја продаваат приказната со ффп :D
Во време на вештачка интелигенција каде до секоја релевантна информација можеш да стигнеш буквално за една секунда, уште да мислиш дека некој ти продавал приказни за ФФП е во најмала рака сулудно.

Од два муабети со било кој ai бот ќе бидеш демантиран во рок од 3 секунди.

Барем сега не мора ни да се објаснува човек по форуми за вакви работи, идеш на аи и прашај го дали бе стварно ни продавале приказна за ффп или имало вистина во тоа, и види што све ќе ти каже ботот до најситен детал, со финансиски извештаји со све што те интересира на таа тема.

Од друга страна, оуктри не знам какви амбиции имаат, до душа знам, ја растат вредноста на клубот која ќе ескалира со новиот стадион, инвестираат во инфраструктура, конкретно 100м евра за тренинг центарот, и ќе продаваат претпоставувам за неколку години. Финансиката состојба на тимот нагло се влоши после ковидот, но тоа беше случај кај сите калчо клубови, никој веќе не отскокнува нешто посебно константно, ќе има некој да троши повеќе, некој помалце во рок од летни периоди, во зависност од потреба, али ништо посебно.

Сепак, колку и да се критикувани, сеуште е добро што Марота и Аусилио се тука, ако ништо друго, до сега, цврсто го држат костурот на тимот и последните осетни продажби приморани од финансиска состојба беа кога Конте си замина, а беа продадени Хакими и Лукаку. Сеуште имаат најдобар ростер во лигата, и од тој аспект алармот сеуште не е вклучен, ама како поминува време, ќе дојде период кога услов за да останат конкурентни ќе се и осетни засилувања, надежно тогаш клубот ќе биде во ситуација да одговори на тој предизвик.
 
Пошто ме мрзи да се оправам со чат џпт ако не ти е проблем да ми посочиш кој тим од големиве што му се сереше неколку лета за ред на тоа ффп изеде некој драконска казна и колкава беше таа?
И како сеа магично тимови како Милам и јубентус кои не играат лш трошат 100милиона евра уште у јули месец,нешто што за нас беше тотална утопија и со лш,и без нејзе?
Да не ја шириме понатака,те молам овие 2 работи објасни ми ги.
 
Брат, не е до ФФП работата, него до тоа колку сопствениците сакаат да вложуваат. Оуктри гарант не знаат ни со каква топка се игра спортот сокер, нив битно им е да го купат клубот по поевтина цена (веќе го направија тоа), да ги исчистат долговите (веќе го направија тоа) и да го продадат клубот за поскапа сума и да заработат. На кратко, чист бизнис уз куроболие за било што друго.

Наша среќа е што го имаме Марота за претседател па имаме и резултати и успеси, иначе ќе гребевме за ЛШ секоја сезона. Колку и да ги критикуваме него и Аусилио сепак со волку ограничени средства за трансфери реално прават чуда со тимов. Дезертер мислам пишуваше за ова, од 2019 како нулта сезона кога тимов почна сериозно да вложува, Интер годишно троши 15м евра нето во просек (продажби - купени играчи) што не знам дали некогаш се има десено во фудбалот кај некој гигант. Еве најди ми еден клуб од топ 5 лигите што за 7-8 години трошел 15м нето годишно и освоил три лигашки титули, неколку купови и изиграл 2 финалиња ЛШ и едно финале ЛЕ. Едноставно таков клуб не постои.
 
Пошто ме мрзи да се оправам со чат џпт ако не ти е проблем да ми посочиш кој тим од големиве што му се сереше неколку лета за ред на тоа ффп изеде некој драконска казна и колкава беше таа?
И како сеа магично тимови како Милам и јубентус кои не играат лш трошат 100милиона евра уште у јули месец,нешто што за нас беше тотална утопија и со лш,и без нејзе?
Да не ја шириме понатака,те молам овие 2 работи објасни ми ги.
Па еве чисто да ти посочам дека милан и јувентус се исклучени од европски натпреварувања поради ФФП, сеа небитно е што тоа не се јаките европски натпреварувања, зашто таа година не успеале да се квалификуваат за ЛШ или ЛЕ, ама ако било тоа случај, и од таму ќе беа исклучени, нешто што и ние ризикувавме на времето, само што бевме у тешка бантер ера.

А листата е долга, тука се ПСЖ, тука се Сити, тука се Челзи, Барселона, Астон Вила, Марсеј, Монако, Лион, Евертон (казнети со одзимање на поени во тековна сезона), Нотингем Форест (казнети исто со одземање на поени во тековна сезона) и тн и тн.

Конкретно за нас

Inter Milan​

2015 settlement
  • Up to €20m financial contribution.
  • €6m unconditional, €14m conditional.
  • UEFA squad limited to 21 players in 2015/16 and 22 in 2016/17.
  • Restrictions on newly registered players, transfer balance, wages and player amortisation.

2022 settlement
  • Up to €26m.
  • €4m unconditional.
  • Four-year settlement, including restrictions concerning new UEFA registrations.

Inter met its final target and exited the settlement regime in June 2026. (за ова имаше официјално пред повеќе од месец дена)

Многу клубови поминале низ сличен settlment за истово, односно работеле под строго поставени услови кои морале да ги исполнат, со тоа што многу смешно е да споредуваш ПЛ со Серија А, каде само за влез од втора у прва лига добиваш над 100м фунти.

За Милан, или јуве, колку трошат сеа, не знам тоа дали потрошиле 100м евра, ама сигурно ќе амортизираат нешто со продажба, Леао пример над 50м ваљда ќе го продадат некаде. Taка да кога пример ги споредуваш Милан и Интер, зимаш у предвид дали Интер има долг за плаќање кој моментално е висок? Одговорот е да, дали е тоа случај кај Милан, одговорот е Не.
Кој има поскап тим односно тим со многу повисоки плати, Милан или Интер. Одоговорот е Интер.
Кој клуб има потреба од скапи засилувања и инвестиции со оглед на моменталната стостојба кај двата тима, Интер, кои имаат најдобар и најскап ростер во Италија и се актуелни прваци, или Милан, кои не успеаа да се пласираат ни во ЛШ минатата година.

Милан моментално имаат поголем финансиски простор и структура која може да им овозможи да потрошат повеќе, Интер од друга страна со Оуктри има поинаква стратегија, и тоа е тоа, повеќе се фокусирани на профитабилност и финансиска стабилност, во ситуација кога имаат долг кој го исплаќаат, и ситуација во која клубот многу повеќе троши на плати. Во моментов, Интер треба да продаде, ете 100милионскио на пример, па да си дозволи јаки инвестиции, бидејќи со 100милионскио и ќе земат многу пари, и ќе се ослободат плус од неговата голема плата. Што е сценарио кој никој во моментов не го сака.
 
Back
На врв Bottom