Препорачај што да јадам денес

Б

Бат Елохим

Гостин
Мароканско пилешко со леблебија

Неколку парчиња пилешко месо. какво било. Се пржат додека да се подзацрвенат. И се тргаат на страна.

Се пропржуваат 2 големи кромида, 6 чешниња лук и ѓумбир 2 цм исецкани на парчиња.

Се додава и пилешкото и леблебијата претходно покисната во вода неколку саати.(150 г)
Се додава вода, да ги прелие барем еден сантим и се чека да проврие, потоа се намалува температурата и се одтава да се динста барем 20 минути.

Во купот се додаваат и 2 пиперки, 2 домати, 2 тиквички и по пола лажичка шафран, кумин и коријандер. (зачини) или мислам дека кој било зачин што го имате ако го шибнете нема да погрешите. Во оригиналната рецепта има и сушена кајсија, ама јас редовно ја прескокнувам.

Се додава вода и се заедно се динста плус околу 45 минути. Најубаво е да се комбинира со кус кус или која било тестенина во трошки како тарана. Може да се додаде и внатре ако остане многу водлесто.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Полнети бамбарки! Ептен ми се погодија!
или блитва манџа
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Бамбарки се големи чушки, пиперки, бабури....Јас кажувам велешки:)Значи бамбарки, со мелено месо, ориз, патлиџан,магдонос, морков
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Бамбарки се големи чушки, пиперки, бабури....Јас кажувам велешки:)Значи бамбарки, со мелено месо, ориз, патлиџан,магдонос, морков
mmmm mi se prijade :) ova na ohridski ti kazuvam h ahh aah
e i jas obozavam meleno meso so pecurki ama ce i kazam na majka mi za ovoj recept fala :)...
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Pecena boranija probajte mnogu e vkusna. :)
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Кришки црн леб премачкани со маслиново масло и оригано печени во рерна. Заедно со сос од павлака , краставици , копар и мааалку сенф.
Домат од горе - опционално :) .
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Сечиш парче леб, го ставаш во фолија и со фолијата дирек на рингла, чекаш дури не ти засмрди цела соба и го вадиш лебчето од фолијата, лепчето ти е црно ко оџак па го мачкаш со маргарин или мајонез, плус можеш и салама да си ставиш одозгора.
Тхе бест.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom