Принудна работа за сите невработени !

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
До Кабинет на претседателот
на Собранието на Р.македонија
Г-дин Трајко Вељановски
Предмет: Иницијатива за донесување на закон за невработеност
НАЦРТ-ЗАКОН ЗА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА (работна верзија)

Охрабрување на мобилноста на работната сила

Работниците мора да се охрабрат за брз и позитивен одговор на сигналите кои ги праќа агенцијата за вработување, за вработување, дури и ако тоа значи преселување. Предлагаме обрзување на работникот да прифати секаква работа која му е понудена во границите на градот / населеното место во кое престојува. Одбивање на ваква понудена работа (многу е далеку) треба да резултира со губење на статусот невработен и секоја бенифиција со истиот. Од друга страна, заводот за вработување треба да понуди финансиска и логистичка помош и поттик за преселба во предели каде што има зголемена побарувачка за работна сила. Потребите на семејството на невработеното лице треба исто така да биде земено во предвид и задоволени (градинка или училиште, работа за сопругата итн.)
Мора да се дозволат временски определените работни договори со пониски трошоци за распуштање и поедноставна процедура за отпуштање на работници.
Предлагаме промена на законот за работни односи, кој ќе се однесува за дозволување пофлексибилни процедури за вработување и отпуштање на работници. Моментално за да се разреши еден работник, работодавецот мора да прикаже дека тоа било ограничено вработување, дека е применето исцрпување на работната сила и дека е намалена прекувремената работа, пред отпуштањето на работникот. Последното има право на регрес пред судовите, наспроти предходното. Ова право на регрес треба да биде одстрането и заменето со ускладување, посредување или арбитрирања.
Реформи на минималната плата
Минималната плата е пречка за формирање на нови работни места. Потребно е да се реформира. Предлагаме мерки за минималната плата поврзана со старосните години, тестирањето за богатство и приходи, истотака да е поврзано со струката. Со други зборови минималната плата треба да варира со старосните години, другите доходи (не платата) и струката, но да биде во согласност со секојдневните трошоци за живеење (фамилијарна кошница, режиски трошоци),што месечно ги објавува заводот за статистика.

Административни мерки: Предвременото пензионирање

Македонија мора да му дозволи на работодавецот да го охрабри предвременото пензионирање на работниците кои поинаку би можеле да претставуваат технолошки вишок. Предвременото пензионирање е ефикасен механизам со кој може да се делува врз повремената вработеност и скриената невработеност.
Романија го подобри својот проблем со невработеноста во поголем дел преку предвременото пензионирање. Понудувајќи пакет - отпремнина, која вклучува дарежливо директно плаќање комбинирано со бенифиции од фондот за вработување, може да се охрабри предвременото пензионирање. Специјалниот фонд за предвременото пензионирање може да се формира со посебно регулирање на заработката од приватизацијата на државната актива и од дивидентите добиени од страна на државата, од нејзините разни акционери, за да обезбедат вишок на надомест за опремнина во случај на предвременото пензионирање.

Административни мерки: Јавни работи
Сите здравствено способни невработени лица треба да бидат принудно ангажирани во јавните работи за плата еднаква на нивните бенифиции за невработени (работен напредок). Одбивањето од страна на невработеното лице за ангажирање во јавните работи треба да резултира со отповик на неговиот статус невработен и сите бенифиции поврзани со него.
“Состојбата во Македонија е толку екстремна што може да се спореди со големата депресија во САД. Во САД во 1932 година цивините конзервативни трупи (ССС) биле основани за да ја поттикнат природната конзервативна работа за младите и неженети. Тие саделе дрвја, подигале брани заради поплави, гаснеле шумски пожари и граделе шумски патишта и патеки. Тие живееле во работнички кампови под средно воен режим во сооднос им била обезбедена храна и просечен месечен готовински надомест, здравствена заштита и други потреби. ССС вработиле 500.000 илјади во својот максимум а 3.000.000 преку своето опстојување. Во секој случај секогаш постои опасност дека јавните работи едноставно ќе го поттиснат постоечкото вработување. Затоа синдикатот и локалните општински одобрувања треба стриктно да се разгледуваат.„
Па поради горенаведеното предлагаме да секое невработено лице што ги добива бенифициите (паричен надоместок, социјална помош и сл.) од државата биде работно ангажирано 52 дена во годината во јавните работи на локално ниво.

Административни мерки: Јавно образование и ширење информација - функционирањето на заводот за вработување

Ширењето информации кое се однесува на практиките за вработување, можностите, пазарната побарувачка итн. треба да биде примерна компонента на активноста на заводот за вработување. Тоа мора да се трансвормира од самата регистрација на луќе во активна берза на работната сила. Ова може да се стори преку компјутеризирана берза за вработености и посредување. Промена на сликата на заводот од место каде што невработените се само регистрирани и добиваат бенифиции во берза на работна сила, може да се направи со објавување примери од успешните работни вработувања. Да се организираат семинари за невработените и работодавците на кои ќе бидат опишани правата на невработените, нивните обврски и услугите кои им се понудени ним и на нивните потецијални работодавци. Ова може да се комбинира со саем за вработување. Одделно на овие семинари невработениот треба да научи како да најде работа, како да состави своја биографија за предприемачките струки, како да подготви бизнис и маркетинг план, физибилити студија, кредитна апликација и да стекне стручност за интервју. Заводот за вработување во соработка со локалните авторитети треба да организираат работни клубови, берза на работна сила и саем за вработување - места каде што работодавците ќе можат да среќаваат свои потенцијални вработени, а во моментот невработени лица. Предлагаме со закон да се обврзат мас-медиумите да посветуваат најмалку 1 час неделно (може да е поделено секој ден по 10 минути) за невработеноста. Ширење информации, организирана телевизиска берза на работната сила, телевизиска забавна програма (каде работодавците ќе му понудат работа ан победникот) итн. Националниот завод за вработување треба да ја оддржи и регуларната присутност на странските саеми за вработување. Многу саеми се глобални и во нив може да се добие работа за македонските работници (особено за постручните).
 
800 denari dnevnica haha imas uste od pecurkite?
толку беше понудено од дирекција за заштита и спасување, каде што бараа најмалку 50 луѓе за помош од кој САМО еден од нашите членови се пријави за истата работа.. Побарано беше од агенција за вработување 400 работнички во текстилна индустрија - од кои САМО 5 албанки се јавиле и 2 ромки .. НИТУ ЕДНА невработена македонка не се пријавила .. печурките се потрошиа 1960-тите. Жал ми е што немате информации за горенаведеното туку само муабетите од памет. Не е убаво ниту за оние неинформираните ниту за оие што очекуваат некаква помош од страна.
 
толку беше понудено од дирекција за заштита и спасување, каде што бараа најмалку 50 луѓе за помош од кој САМО еден од нашите членови се пријави за истата работа.. Побарано беше од агенција за вработување 400 работнички во текстилна индустрија - од кои САМО 5 албанки се јавиле и 2 ромки .. НИТУ ЕДНА невработена македонка не се пријавила .. печурките се потрошиа 1960-тите. Жал ми е што немате информации за горенаведеното туку само муабетите од памет. Не е убаво ниту за оние неинформираните ниту за оие што очекуваат некаква помош од страна.
За која плата? Во кој регион? Не е исто да работиш во градот во кој живееш или во некој друг. Сигурен сум дека за 800 денари дневница ниедна текстилна работничка не би одбила да работи. Не добив одговор за импликациите на нацрт-законот врз буџетот.
 
Zborish za pozari?
I sto predlagash ti da zememe da si gi palime sumite za narodov napaten da dojde do dnevnica od 800 denari?
 
Zborish za pozari?
I sto predlagash ti da zememe da si gi palime sumite za narodov napaten da dojde do dnevnica od 800 denari?
- пријателе, тоа ТИ предлагаш. Јас ни во еден текст од горенаведеното го немам тоа предложено. Уште еднаш, баравте информација, имате сега и најлошо од се е да Ви одземам некоја минута и да прочитате што има напишано. Ви благодарам и за убавите зборови и за плукањата. Секојпат ќе има некој што нема да му се допадне законот (прашање е зошто).
--- надополнето: Jul 30, 2011 4:33 PM ---
За која плата? Во кој регион? Не е исто да работиш во градот во кој живееш или во некој друг. Сигурен сум дека за 800 денари дневница ниедна текстилна работничка не би одбила да работи. Не добив одговор за импликациите на нацрт-законот врз буџетот.
Здружението не е адекватно да предлага нешто кое е во јурисдикција на министерството за финансии. Директорите со кои се разговараше за работата и промените се Владо Поповски (директор на завод за вработување) и Шабан Салиу (директор на агенција за заштита и спасување). Повелете, инфрмирајте се и побарајте работа (или информации доколку се сомневате во горенапишаното).
 
Зошто истиот тој - со завршени 3 факултети, кога ќе му понудат да работи најниска работа во некоја од западните земји, без размислување прифаќа? Макар и да чисти WC .. зошто знае дека е платен за тоа, мора да работи и да ќути или ќе го шутнат од државата каде се наоѓа. Зошто македонците САМО во Македонија не ги почитуваат законите, а секаде низ светот важиме како работна нација која ја чува и прифаќа нивната култура.

Abe, ke cistam wc na zapad oti tamu nikoj ne ti se siti i ne ti prai seir, mnogu narod ima vrvulica sekoj si glea svoja rabota a ovde tatini sinovi i mamini kerki ke zborat eve go magisterov gubradzija, e zatoa ako vise rmbam ke rmbam tamu a ovde ne!!!!!! vVtoro imam li pravo na rabota? Zasto ne mi go ovozmozat toa pravo de facto???? Ili po taa logika sakaat i smetkite da im gi plakam de jure??? Abe makedonci ne ve biva za edna graganska neposlusnost, za nisto ne ve biva, ubavo rece eden najzalno e da si makedonec oti ko sto napisa D-r Ljubomir Cuculovski na makedonecot mu e neprijatel drugiot makedonec!
 
Zakonot e okej ona so visinata na dnevnicata e nerealno.
Гордан Давитковски (со име и презиме) е човекот кој зема 800 денари дневница.. ако сакаш и телефон ќе ти оставам од него да разговараш и да ти каже лично. Се случи март-април оваа година.
Само за информација, јас работев како гипсар каде дневница ми беше 600 денари. Да пукнеш од мака.
 
Zborish za pozari?
I sto predlagash ti da zememe da si gi palime sumite za narodov napaten da dojde do dnevnica od 800 denari?

Си видел некогаш пожар во живо како изгледа а?
Да видиш Бор како гори од тоа смолата негова над него уште десет метри како со бензин да е потурен сите можни шумски ѕверки бегаат накај тебе змии гуштери тигри лавови се бега од огнот. И го гаси мислиш ти некој тој пожар, не се гаси туку се прават препреки заа да не можи да продолжи.
 
Ajdeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee mene mi e dnevnicata1500 denari i sega so?
Kazi koj ke gi obezbeduva dnevnicite drzavata preku razno razni rabotni akcii ili privatniot sektor?
 
Здружението не е адекватно да предлага нешто кое е во јурисдикција на министерството за финансии. Директорите со кои се разговараше за работата и промените се Владо Поповски (директор на завод за вработување) и Шабан Салиу (директор на агенција за заштита и спасување). Повелете, инфрмирајте се и побарајте работа (или информации доколку се сомневате во горенапишаното).
За да разговараме дали е законот добар мора да знаеме дали може нашиот буџет да го издржи. На пример, добро е Македонија да развива вселенска програма, ама тоа би не донело до банкрот. Во нацрт-законот видов само реченици, ниедна бројка. Многу лошо е да се оценува нешто само заради намерите, а да не ја знаеме целосната ситуација, како би се одразило тоа врз економијата. Според моја проценка, доколку 300000 работници работат 52 дена за 8000 денари месечно би ја чинеле државата 720 милиони евра годишно. Несакам да замислам колку би била таа сума ако платата е 20000 денари. Тоа нашиот буџет неможе да го издржи. Само Поповски и Салиу досега ги имате консултирано за законов? Никој од економскиот врв?
 
Минималната плата е пречка за формирање на нови работни места. Потребно е да се реформира. Предлагаме мерки за минималната плата поврзана со старосните години, тестирањето за богатство и приходи, истотака да е поврзано со струката. Со други зборови минималната плата треба да варира со старосните години, другите доходи (не платата) и струката, но да биде во согласност со секојдневните трошоци за живеење (фамилијарна кошница, режиски трошоци),што месечно ги објавува заводот за статистика.

Дрн дрн Милојче....
--- надополнето: Jul 30, 2011 4:49 PM ---
Ширење информации, организирана телевизиска берза на работната сила, телевизиска забавна програма (каде работодавците ќе му понудат работа ан победникот) итн.

Е ова е врв :pos::pos::pos::pos::pos:, квизко сврти го тркалото оп оп оп дај му Натали на човекот :pos::pos::pos:.
 
Само Поповски и Салиу досега ги имате консултирано за законов? Никој од економскиот врв?
само тие за сега прифатиа да разговараат со нас за темава. за жал, не е возможно така брзо да се разговара со сите со кои би сакале да разговараме. пример: градоначалникот на град Скопје прима посетители секој последен петок во месецот во кабинетот кај него за разговори и предлози. кога последен пат сте биле таму? јас во петокот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom