G
_Ghost_
Гостин
Не бе, битолчанецу, таман си е, само што немаат шанси за титула со оној тим.Јас гласав прилепчанецу...да не имаш нешто против?
Не бе, битолчанецу, таман си е, само што немаат шанси за титула со оној тим.Јас гласав прилепчанецу...да не имаш нешто против?
Зар ти очекуваше лани дека Дортмунд ке ја освои титулата? Не исклучувај никогаш такви тимови како Вердер, Шалке 04, Леверкузен, да речеше за Фрајбург, Нирнберг, Менхенгладбах ке те разберев, но Вердер, не знам, со кој тим? Па добар тим имаат, но секогаш имаат проблеми со повредени играчи, еве сега имаат тројца дефанзивци повредени (Силвестр е четвртиот дефанзивец повреден но не го сметам бидејќи е стварно тапа) и прашање е кога ке започнат со тренинзи тие играчи но важно одма реагираа и се засилија со капитенот на Нирнберг Волф и од Џенова, Гркот Папастопулос што значи дека сега имаат дури 5 централни дефанзивци а само 2 можат да играат а Вердер нема да игра ниту во Лига Европа па сега ти замисли, во средината ке купат уште некој, а ги имаат Хант, Марин, Екичи ова лето го купија, Бразилецот Весли го зедоа во јануари од Сантос но често беше повреден, во нападот Арнаутович веке време е да порасне и да ја сфати сериозно работата и да почне да дава голови, не да се кара и тепа со кој стигне, Пизаро си го имаат, Розенборг кој беше позајмен во Сантандер минатата сезона се врати, Сандро Вагнер - дете на Баерн Минхен, изненади минатата сезона, да не беа тој и Пизаро, Вердер ке испаднеше можеби во 2-та Бундеслига, дури премногу играчи имаат, многу добри играчи ке седат на клупа, треба Шаф да ги стегне, да го врати тимскиот дух (а тоа и го прави) и да го гледаме истиот Вердер што го гледавме изминатите 7 сезони, 4 години по ред (2004 - 2008) завршуваа на првите 3 места во Бундеслигата, 2009 завршиле на 10 место, 2010 повторно 3-то место зад Баерн и Шалке 04, и 2011 13-ти.Не бе, битолчанецу, таман си е, само што немаат шанси за титула со оној тим.
да, на Еуроспорт 2Ќе пренесуваат сезонава на Еуроспорт германско ?
Не, поради Еуроспорт, кој ги има откупено правата за Бундеслига на Балканов.dali nekoj od nasite mediumi ke gi prenesuva natprevarite od bundesligata
Според мене Дортмунд се многу посилни од лани, иако Сахин си замина. Илкај Гундоган е многу јак играч, а тука е и капитенот Кел. Од повреда исто се враќа и Мохамед Зидан, одличен играч кој долго време и беше најдобар у Дортмунд. Tука е и Перишиќ, ќе видиме како ќе се снајде. Средниот ред им е многу јак. Се се тоа млади играчи, најмладиот тим што некогаш го имам видено. Секако дека се први фаворити за титулата.иако повекето го форсирате баерн затоа што е најбогатиот тим и има најмногу навивачи кај нас за разлика од другите тимови во бундеслигата, сепак дортмунд според играта прошлата сезона и сега во предсезоната покажува дека ке биде најголем фаворит и според мене ке ја одбрани титулата. одсуството на сахин воопсто не се осеќа поради доведувањето на гундоган и вракањето на кел од повредата, а и персич мислам дека ке биде одлично засилување во и така многу конкурентниот среден ред во тимот.