- Во градината не постоела смртта.
- Преку првиот грев, кој е казнет со смрт. Најпрво, Адам е избркан од Рајот, за да не остане гревот (Адамов) во Рајот, а Адам станува смртен откако е изгонет од Рајот.
А бе Мики, нека е така, нека си ти во право. Нека оваа случка опишана во Библијата се случила баш како што кажуваш.
Пак останувааат еден куп исти прашања од типот
Зошто Бог го дозволил тоа?
Зошто не може да си го смени зборот. т.е да ја укине казната?
Зошто да го жртвуваш најмилото нешто - синот, а самиот вели сакај ги ближните?
Зошто не кажал Бог што да праиме за да ја укине казната?
...
И ме мрзи да набрајам уште еден куп други прашања поставувани на форумов.
Целиот проблем не е вистинитоста на случките од Библијата. метафорично опишани, туку нивното користење од страна на некои институции (читај црква пред се) за сопствена корист.
Бидејќи како што кажа Чорбаџија, нема поента да се разговара околу некои цитати од Библија, или по прашања зашто Бог направил вака или онака, јас би ја сменил насокава на темава во друг правец.
Основата на дискусијата треба да биде да една страна со одредени аргументи успее да ја убеди другата растрана или да ја разниша нејзината позиција во сопствените ставови. Бидејќи философскиот пристап не чини, јас би прашал за некои мистерии или чуда кои ги сторила црквата , или пак науката, и сеуште ги прави(ат), и нивното влијани врз размислувањата на еден човек со просечна интилигенција.
Попрецизно кажано, науката нашла лек за еден куп болести и вакцини за некои од нив и тоа го применува НЕСЕЛЕКТИВНО врз секоја единка. ЗНачи човештвото може да и биде благодарно за тоа.
Е сега ај да ја видиме другата страна. На ова ме инспирира случка пред 5-6 години. Мојата сопруга цело време викаше абе сонувам ист сон неколку пати по ред - шумичка, со ливада на средина, и мал пат кој води до црква Света Петка. И нема везе, после пар месеци одевме на викенд за Охрид и на враќање на излез ми вика, Мики гледај она е местото што го сонувам а и има знак за црква. Ме закопка и мене љубопитноста, викам вртам десно идеме да видиме. ТОа е пар километри после Охрид од десна страна коа си одиш накај Скопје. Не ми текнува сеа како се вика селцето, ама веројатно некој и ќе го препознае. Влеговме у селото и имаше црква на средина и велговме да прашаме, и ни рекоа а вие ја барата малата црквичка идете нагоре по земјениот пат таму има човек ќе ви покаже. И со триста маки, ја испокршив колата, секои 3-4 секунди ја пцуев жена ми кај тоа одиме,и после 3-4 километри стигнавме во црквичката.
Била лековита во следниов смисол: Оние што не можеле да останат бремени , ќе се напиеле од водата, ќе носеле појас некој што ти го дава попот и после извесно време ќе забременат. Одлична работа си викам у себе, и го потпрашавме попот околу настанокот нели на Црквата и што е работава. Одговори дека пред низа години некој пар од Источна Македонија го сонил местото и дошле тука и подигнале мала црквичка. Парот потоа добил принова, иако лекарите им кажале дека нема да можат. И тука имало многу ретка лековита габа која беше покриена со стакло во самата црквичка. И ти стоиш на стаклото и го гледаш малото изворче и габата нафатена по ѕидовите. Рече дека и дошле од Клиника од Скопје лекари, ја испитувале и ја потврдиле нејзината лековитост. Се тоа е супер нели? На прашањето што лечи габата одговорот беше се, секоја болест. Е како бе попе се лечи тогаш ова е за Нобелова награда, еликсир на младоста му викам? Ах момче ми вика - има многу како тебе, кои не верувааат - ама габата лечи се за оној кој има верба. И викам у себе ок , јеби га, не сум у избраните, дај да прашам за онаа другата работа лековита за бременоста и ременот.
Одговорот беше дека има девојки , на кои лекарите им рекле дека освен вештачко оплодување а и тоа којзнае дали ќе помогне ,нема друго чаре, - ИМ ПОМОГНАЛА ВОДАТА И РЕМЕНОТ ( и јас верувам дека имало такви, неспорно), ама не помогала на сите.
И пак на прашањето зашто не помага на сите - следи одговорот со вербата.
Епа пријатели Христијани оваа "мистериозна" случка, објаснување како сакате, го поставува следното круцијално прашање: ЗАШТО БОГ ГИ ДЕЛИ СВОИТЕ ЧЕДА НА ПОДОБНИ И НЕПОДОБНИ, А НАУКАТА НЕ?
Вакцината не прави селекција, Бог прави.
И сега СТАТИСТИЧКИ ( иако некои не ја сакаат нели) вакцината помага на над 99% од луѓето, а црквата на помалку од 1% од луѓето тогаш КОЈ Е ИЗБОРОТ?
Зошто ниту една работа, пред се исцелување некое, во која помогнала црквата не важи за целата популација, туку само за некоја единка. Дали БОГ за едни е МАЈКА , за други МАЌЕА? И како некој да поверува во него ако тој не се грижи за сите подеднакво?