Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ми се смачи повеќе да го разобличувам твоето непознавање на Библијата (иако рака на срце повеќе ја познаваш од MIKI1)

„Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.“ (Римјаните 5:12, Библијата)

Оттука јасно следи дека пред да згрешат Адам и Ева тие биле бесмрттни. Има и други стихови, но за луѓе што не тераат инает и овој е доволно.
Длабок наклон за лекцијата од Новиот Завет која ми ја одржа. Стварно. За малку ќе ти даев лајк, што, мислам, ќе беше стварно претерано, со оглед на багажот.

Сега мене ме буни 1 Тимотеј 6:13-16 каде, истата книга, Новиот Завет, фраерот вика (KJV, ради автентичност, нели):

our Lord Jesus Christ:
15 Which in his times he shall shew, who is the blessed and only Potentate, the King of kings, and Lord of lords;
16 Who only hath immortality, dwelling in the light which no man can approach unto; whom no man hath seen, nor can see: to whom be honour and power everlasting. Amen.

***
Како тоа, (Јахве/Исус/Гулабот) кој единствено бил бесмртен?“

Ако Адам и Ева биле направени машко и женско и се' друго во градината било направено да се пари и размножува, тогаш каде тука се вклопува концептот за бесмртност?

Ако растенијата биле создадени за храна за Адам и Ева, КАКО ТОА ГРЕВОТ ЈА ДОНЕСОЛ СМРТТА ВО СВЕТОТ!?!

Да нема забуни: Ти го признавам аргументот со Римјаните и длабоко се поклонувам на твојата евангелистичка експертиза. ...и очекувам соодветно внимание на црвенилата по постов.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33

А зошто си ја мачиш главата? Или пак мислиш дека со поставување на прашања неккого ќе збуниш? Прво и основно: Оној кој верува во Бог, верува дека Бог е единствен и бесмртен, а се друго е создадено од Него.
Си се фатил за Адам и Ева. Кој може да потврди дека тоа навистина се случило и дека било токму така? Има некаде доказ? Што ако оваа приказна за Адам и Ева е измислена, а поентата е некоја друга? Ќе прашаш, па во што е поентата. Одговорот е во евреите. Таа приказна е нивна, и тие најдобро ќе ти одговорат.
Со големи букви и болд си напишал: ГРЕВОТ ЈА ДОНЕСОЛ СМРТТА НА СВЕТОТ. Веруваш ли во грев? Ако веруваш во грев. ќе знаеш дека гревот раѓа смрт. Продукт на гревот е смрт. Ако не веруваш, не верувај. Твоја волја.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Plus Bog ne mozel ili ne sakal (sto kazuva sto tertip e) grevot i kaznata na Adam i Eva da ne se prenese na nivnite pokolenija.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Длабок наклон за лекцијата од Новиот Завет која ми ја одржа. Стварно. За малку ќе ти даев лајк, што, мислам, ќе беше стварно претерано, со оглед на багажот.
Јас немам багаж и затоа со задоволство ќе ти дадам лајк, затоа што дочекав конечно и ти да ми признаеш аргумент и покрај тоа што не сме истомисленици. Тоа е навистина доблесно од тебе.

Сега мене ме буни 1 Тимотеј 6:13-16 каде, истата книга, Новиот Завет, фраерот вика (KJV, ради автентичност, нели):

our Lord Jesus Christ:
15 Which in his times he shall shew, who is the blessed and only Potentate, the King of kings, and Lord of lords;
16 Who only hath immortality, dwelling in the light which no man can approach unto; whom no man hath seen, nor can see: to whom be honour and power everlasting. Amen.

***
Како тоа, (Јахве/Исус/Гулабот) кој единствено бил бесмртен?“
Тука се зборува за Бог Таткото и станува збор за поинаква „бесмртност“ во буквална смисла не-смртност (на грчки: а-танасиа, со префиксот „а“ во грчкиот јазик се прави негација). Тоа значи дека само Бог Таткото НЕ МОЖЕ да умре. (Се надевам дека нема некој сега да искоментира: Ако е семоќен, тогаш како тоа НЕ МОЖЕ да умре? :) )
Адам и Ева можеле да умрат и тоа никој не го спори, туку јасно е посочено дека им бил поставен услов дека ако јадат од забранетото дрво - ќе умрат. Но ако останеле послушни на Бог и не јаделе од тоа дрво, немало да умрат и во таа смисла тие биле бесмртни.
Сличното важи и за сите останати созданија. Тие црпат живот од Животодавецот Бог Кој има живот во Себе.

„Во Тебе (Боже) е изворот на животот“ (Псалм 36:9, Библијата)
„а која сега се откри преку јавувањето на нашиот Спасител Христос Исус, Кој ја уништи смртта и ги осветли животот и бесмртноста преку Евангелието“ (2 Тимотеј 1:10, Библијата)

Исто така и Божјиот Син (Исус) имаат живот во Себе, живот од кој сите останати црпат за да живеат (вечно):

„Зашто како што Таткото има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе.“ (Исус, ев. Јован 5:26, Библијата)
Оттаму и Исус ја има таа моќ да ги воскресне мртвите и да им даде живот вечен, затоа што и Самиот Тој го поседува.

Ако Адам и Ева биле направени машко и женско и се' друго во градината било направено да се пари и размножува, тогаш каде тука се вклопува концептот за бесмртност?
Ако го прочиташ целиот благослов кој Бог им го даде на Адам и Ева за плодење и размножување ќе видиш дека завршува со „и наполнете ја Земјата“.
„И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја Земјата“ (Битие 1:28, Библијата)

Што и како ќе било или ќе биде откако луѓето ќе ја наполнат Земјата не знаеме. Можеби ќе продолжат да се плодат, но нема да зачнуваат. Можеме само да шпекулираме. Сепак она што благословот го вели е: плодете се, множете се и наполнете ја Земјата. Што и како ќе биде откако ќе ја наполнат Земјата не знаеме.

Ако растенијата биле создадени за храна за Адам и Ева, КАКО ТОА ГРЕВОТ ЈА ДОНЕСОЛ СМРТТА ВО СВЕТОТ!?!
Не сфаќам тука што сакаш да прашаш. Појасни го прашањето, а јас ќе се обидам да ти го одговорам утре попладне, бидејќи сега е време за спиење.
Поздрав.
--- надополнето: Jul 26, 2011 11:48 PM ---
Plus Bog ne mozel ili ne sakal (sto kazuva sto tertip e) grevot i kaznata na Adam i Eva da ne se prenese na nivnite pokolenija.
Поколенијата на Адам и Ева ја наследуваат грешната телесна природа од нивните прародители. Кога Сит им се родил на Адам и Ева, Библијата вели дека тој бил според ликот и подобието на Адам, а не директно по ликот и подобието на Бог.

„Кога на Адама му беа сто и триесет години му се роди син, сличен нему, според неговиот лик и подобие, му го даде името Сит. “ (Битие 5:3, Библијата)

Тоа не значи дека Сит не бил според ликот и подобието на Бог, туку дека тој не бил директно наследник на ликот и подобието на Бог. Тоа е како слика рефлектирана од две огледалца. Ако првото огледалце има дамка (грев, смрттност), таа дамка, заедно со сликата, ќе се пренесе и на второто огледалце па и тоа ќе ја рефлектира истата дамка кон следното итн.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Тука се зборува за Бог Таткото и станува збор за поинаква „бесмртност“ во буквална смисла не-смртност (на грчки: а-танасиа, со префиксот „а“ во грчкиот јазик се прави негација). Тоа значи дека само Бог Таткото НЕ МОЖЕ да умре. (Се надевам дека нема некој сега да искоментира: Ако е семоќен, тогаш како тоа НЕ МОЖЕ да умре? :) )
застана на најинтересното..... Зарем има нешто што СЕМОЖЕн НЕ МОЖЕ.
Тогаш не е СЕМОЖЕН нели?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не сфаќам тука што сакаш да прашаш. Појасни го прашањето, а јас ќе се обидам да ти го одговорам утре попладне, бидејќи сега е време за спиење.
Растенијата биле за храна. Кога некое растение ќе го изедеш, тоа тешко да остане живо.

Hence, во рајската градина смртта не била непознаница. Ако во градината постоела смрт, тогаш како тоа гревот на човекот ја донел смртта во светот?

Инаку, аргументот со „басмртен“ и „несмртен“ е во најмала рака детски. Бесмртност е бесмртност. Никакви предлози или префикси не можат да го сменат значењето.
--- надополнето: Jul 27, 2011 6:55 AM ---
Адам и Ева можеле да умрат и тоа никој не го спори, туку јасно е посочено дека им бил поставен услов дека ако јадат од забранетото дрво - ќе умрат. Но ако останеле послушни на Бог и не јаделе од тоа дрво, немало да умрат и во таа смисла тие биле бесмртни.
Сличното важи и за сите останати созданија. Тие црпат живот од Животодавецот Бог Кој има живот во Себе.
Очигледно не важи за сите останати созданија.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Си се фатил за Адам и Ева. Кој може да потврди дека тоа навистина се случило и дека било токму така? Има некаде доказ? Што ако оваа приказна за Адам и Ева е измислена, а поентата е некоја друга? Ќе прашаш, па во што е поентата. Одговорот е во евреите. Таа приказна е нивна, и тие најдобро ќе ти одговорат.
Токму така, никој и не може да потврди дека се случила, затоа што и не се случила. Прикаска како и секоја друга, напишана од луѓето. И не само стариот завет, туку и новиот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Твоите прашања се бесцелни и бескорисни да се одговараат... христијанин си... се што не е поврзано со твојата вера е лошо и ќе се гори во пеколот :)
Бесцелно одговарање, не благодарам!
Благодарам на Вашиот исцрпен одговор.
--- надополнето: Jul 27, 2011 7:30 AM ---
Ми се смачи повеќе да го разобличувам твоето непознавање на Библијата (иако рака на срце повеќе ја познаваш од MIKI1)
.
Признавам! :pos:
--- надополнето: Jul 27, 2011 7:36 AM ---
Растенијата биле за храна. Кога некое растение ќе го изедеш, тоа тешко да остане живо.
.
По Твојава логика, ќе испадне дека Адам и Ева ги јаделе не само плодовите (а јаделе само плодови!), туку ги јаделе чак и стеблата од овошките, онака „до даска„, со све корен, без ништо да остане од нив, а со тоа, по Твојава логика, дрвјата би умирале, така? :pos:
--- надополнето: Jul 27, 2011 7:37 AM ---
Hence, во рајската градина смртта не била непознаница.
Кој умирал во Рајот, за да може смртта да биде присутна во Рајот? :confused:
--- надополнето: Jul 27, 2011 7:40 AM ---
Ако во градината постоела смрт, тогаш како тоа гревот на човекот ја донел смртта во светот?
- Во градината не постоела смртта.
- Преку првиот грев, кој е казнет со смрт. Најпрво, Адам е избркан од Рајот, за да не остане гревот (Адамов) во Рајот, а Адам станува смртен откако е изгонет од Рајот.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
- Во градината не постоела смртта.
- Преку првиот грев, кој е казнет со смрт. Најпрво, Адам е избркан од Рајот, за да не остане гревот (Адамов) во Рајот, а Адам станува смртен откако е изгонет од Рајот.
Мит. Украдено од сите митови кои дотогаш постоеле и додадено нови.
Надградено и проширено, во 100 чекори, што би рекле овие од Вемерето.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тоа значи дека само Бог Таткото НЕ МОЖЕ да умре. (Се надевам дека нема некој сега да искоментира: Ако е семоќен, тогаш како тоа НЕ МОЖЕ да умре? :) )
Еве и еден уште поинаков „заклучок„: ако Бог Таткото (значи, го нагласуваш само Таткото/Отецот!) не може да умре, тогаш,.Синот и Духот Свет можат да умрат???

(Нека ми простат Синот и Духот за овој мој „заклучок„!)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
- Во градината не постоела смртта.
- Преку првиот грев, кој е казнет со смрт. Најпрво, Адам е избркан од Рајот, за да не остане гревот (Адамов) во Рајот, а Адам станува смртен откако е изгонет од Рајот.
А бе Мики, нека е така, нека си ти во право. Нека оваа случка опишана во Библијата се случила баш како што кажуваш.
Пак останувааат еден куп исти прашања од типот
Зошто Бог го дозволил тоа?
Зошто не може да си го смени зборот. т.е да ја укине казната?
Зошто да го жртвуваш најмилото нешто - синот, а самиот вели сакај ги ближните?
Зошто не кажал Бог што да праиме за да ја укине казната?
...

И ме мрзи да набрајам уште еден куп други прашања поставувани на форумов.

Целиот проблем не е вистинитоста на случките од Библијата. метафорично опишани, туку нивното користење од страна на некои институции (читај црква пред се) за сопствена корист.

Бидејќи како што кажа Чорбаџија, нема поента да се разговара околу некои цитати од Библија, или по прашања зашто Бог направил вака или онака, јас би ја сменил насокава на темава во друг правец.

Основата на дискусијата треба да биде да една страна со одредени аргументи успее да ја убеди другата растрана или да ја разниша нејзината позиција во сопствените ставови. Бидејќи философскиот пристап не чини, јас би прашал за некои мистерии или чуда кои ги сторила црквата , или пак науката, и сеуште ги прави(ат), и нивното влијани врз размислувањата на еден човек со просечна интилигенција.

Попрецизно кажано, науката нашла лек за еден куп болести и вакцини за некои од нив и тоа го применува НЕСЕЛЕКТИВНО врз секоја единка. ЗНачи човештвото може да и биде благодарно за тоа.

Е сега ај да ја видиме другата страна. На ова ме инспирира случка пред 5-6 години. Мојата сопруга цело време викаше абе сонувам ист сон неколку пати по ред - шумичка, со ливада на средина, и мал пат кој води до црква Света Петка. И нема везе, после пар месеци одевме на викенд за Охрид и на враќање на излез ми вика, Мики гледај она е местото што го сонувам а и има знак за црква. Ме закопка и мене љубопитноста, викам вртам десно идеме да видиме. ТОа е пар километри после Охрид од десна страна коа си одиш накај Скопје. Не ми текнува сеа како се вика селцето, ама веројатно некој и ќе го препознае. Влеговме у селото и имаше црква на средина и велговме да прашаме, и ни рекоа а вие ја барата малата црквичка идете нагоре по земјениот пат таму има човек ќе ви покаже. И со триста маки, ја испокршив колата, секои 3-4 секунди ја пцуев жена ми кај тоа одиме,и после 3-4 километри стигнавме во црквичката. Била лековита во следниов смисол: Оние што не можеле да останат бремени , ќе се напиеле од водата, ќе носеле појас некој што ти го дава попот и после извесно време ќе забременат. Одлична работа си викам у себе, и го потпрашавме попот околу настанокот нели на Црквата и што е работава. Одговори дека пред низа години некој пар од Источна Македонија го сонил местото и дошле тука и подигнале мала црквичка. Парот потоа добил принова, иако лекарите им кажале дека нема да можат. И тука имало многу ретка лековита габа која беше покриена со стакло во самата црквичка. И ти стоиш на стаклото и го гледаш малото изворче и габата нафатена по ѕидовите. Рече дека и дошле од Клиника од Скопје лекари, ја испитувале и ја потврдиле нејзината лековитост. Се тоа е супер нели? На прашањето што лечи габата одговорот беше се, секоја болест. Е како бе попе се лечи тогаш ова е за Нобелова награда, еликсир на младоста му викам? Ах момче ми вика - има многу како тебе, кои не верувааат - ама габата лечи се за оној кој има верба. И викам у себе ок , јеби га, не сум у избраните, дај да прашам за онаа другата работа лековита за бременоста и ременот.
Одговорот беше дека има девојки , на кои лекарите им рекле дека освен вештачко оплодување а и тоа којзнае дали ќе помогне ,нема друго чаре, - ИМ ПОМОГНАЛА ВОДАТА И РЕМЕНОТ ( и јас верувам дека имало такви, неспорно), ама не помогала на сите.
И пак на прашањето зашто не помага на сите - следи одговорот со вербата.

Епа пријатели Христијани оваа "мистериозна" случка, објаснување како сакате, го поставува следното круцијално прашање: ЗАШТО БОГ ГИ ДЕЛИ СВОИТЕ ЧЕДА НА ПОДОБНИ И НЕПОДОБНИ, А НАУКАТА НЕ?

Вакцината не прави селекција, Бог прави.

И сега СТАТИСТИЧКИ ( иако некои не ја сакаат нели) вакцината помага на над 99% од луѓето, а црквата на помалку од 1% од луѓето тогаш КОЈ Е ИЗБОРОТ?

Зошто ниту една работа, пред се исцелување некое, во која помогнала црквата не важи за целата популација, туку само за некоја единка. Дали БОГ за едни е МАЈКА , за други МАЌЕА? И како некој да поверува во него ако тој не се грижи за сите подеднакво?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А кој се родил во рајот за да има живот?
Иако на погрешно прашање, се дава погрешен одговор, еве како би одговорил: во Рајот никој не се родил, оти Бог све створи „од ништо„ па така и Рајот е створен (не е роден), но најпрво Рајот е створен како изолиран дел од тогашната Земја, а после Адамовото создавање, Бог го внесе Адама во веќе подготвениот Рај. Во Рајот/Едем, никој не згреши(л) пред Адама и Ева, така да не ни имало потреба некој да биде казнет со смрт ради сторениот грев.
--- надополнето: Jul 27, 2011 9:04 AM ---
А бе Мики, нека е така, нека си ти во право. Нека оваа случка опишана во Библијата се случила баш како што кажуваш.
Пак останувааат еден куп исти прашања од типот
Зошто Бог го дозволил тоа?
Зошто не може да си го смени зборот. т.е да ја укине казната?
Зошто да го жртвуваш најмилото нешто - синот, а самиот вели сакај ги ближните?
Зошто не кажал Бог што да праиме за да ја укине казната?
...

И ме мрзи да набрајам уште еден куп други прашања поставувани на форумов.
Така е Мики: личното неверие, секогаш е најлесно да се „покрие„ и „оправда„ со бесконечно поставување прашања, на кои секогаш некој може да (Ти) одговори. Но, прашањето не е во тоа дека секогаш има што да се праша (прашувам и јас...), туку работата е во то, колку добиените одговори Ти се (не)прифатливи.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Иако на погрешно прашање, се дава погрешен одговор, еве како би одговорил: во Рајот никој не се родил, оти Бог све створи „од ништо„ па така и Рајот е створен (не е роден), но најпрво Рајот е створен како изолиран дел од тогашната Земја, а после Адамовото создавање, Бог го внесе Адама во веќе подготвениот Рај. Во Рајот/Едем, никој не згреши(л) пред Адама и Ева, така да не ни имало потреба некој да биде казнет со смрт ради сторениот грев.
значи еволирало подоцна.... се создало се внело нешто ново.
Не му текна на бог баш на се кога создавал, ете излегла потреба за дополнителни дотерувања и апгрејди
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Prvo bi vi preporacal edna kniga od Pol Holbah tenka e se cita za saat vreme-Razgoleno Hristijanstvo, tamo so jaki dokazi ama i so stil vo pisuvanjeto go pobiva hristijanstvoto a so toa implicite i site religii, Bog nikako ne moze da gi naprai lugeto asalni tie stalno mu idat kontra on se gnevi pa potop praka pa na kraj sinot isus i pak nisto bate si teraat po svoe lugeto ko da ne se negova sorta!
Bog dopusta zlo oti saka da ne stavi na ispit nie da pomagame, toa ti e isto ako ti mi baras pomos a jas mozam da ti pomognam ama nejkam oti sakam da go staam na ispit Trpe da ti pomogne iako znam deka on nema da ti pomogne!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom