Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Он е баш од вистинската. Од онаа што е една и единствена какви што нема други - само една.

И, звучи невероватно, ама баш за неа навива он!

“Роди ме мајко со к'смет, па фрли ме на буниште.“
 
Не знам дали телемата има за сите одговори, но може да проверат... Сето тоа кај христијаните што е слепа вера, кај нас е пракса... Може да се провери... Ние не веруваме,,, ние работиме...
А вие, христијаните? Зејтинот во црквата и кошулата ќе ве спаси? Или една свеќа? Слепото верување и неиспрашување е вистинската патека на духот?
Војводо(колку потсетуваш на некој десно-ориентиран и конзервативец со ников), и ти си еден од оние кои што не знаат да дадат одговор кога ќе ги прашаат, не знам што пишуваш на темава... Од која христијанска црква си ти? Вистинската? :)

Премногу прашања има за христијанството, од тоа што ќе заклучиме? Дека нешто не е како што треба нели...
Но тоа е добро :)
Апсолутно те подржувам (и покрај тоа што не приметуваш иронија и сарказам во дизајнот на профилов). Добри совети им даваш.
Земи си ги троловиве што не знаат ништо друго освен демотивацијски постери да постаат и одма угости ги со соодветни одговори на нивните "прашања" у твојата тема.

Иначе, да, јас сум од Вистинската црква, не ли глеаш дека испод аватарот ми пишува СУПЕР100%Д БЕСТ.
 
Не знам дали телемата има за сите одговори, но може да проверат... Сето тоа кај христијаните што е слепа вера, кај нас е пракса... Може да се провери... Ние не веруваме,,, ние работиме...
А вие, христијаните? Зејтинот во црквата и кошулата ќе ве спаси? Или една свеќа? Слепото верување и неиспрашување е вистинската патека на духот?
Војводо(колку потсетуваш на некој десно-ориентиран и конзервативец со ников), и ти си еден од оние кои што не знаат да дадат одговор кога ќе ги прашаат, не знам што пишуваш на темава... Од која христијанска црква си ти? Вистинската? :)

Премногу прашања има за христијанството, од тоа што ќе заклучиме? Дека нешто не е како што треба нели...
Но тоа е добро :)

Heptagram,

две прашања до Тебе:
1. Објасни го поимот „слепа вера„
2. Зашто на моите прашања, не добивам одговор(и), наспроти сета Ваша (атеистичка) интелектуална „супериорност„?
 
2. Зашто на моите прашања, не добивам одговор(и), наспроти сета Ваша (атеистичка) интелектуална „супериорност„?
Зарем не доби одговор на прашањето кое ми го постави?
 
Heptagram,

две прашања до Тебе:
1. Објасни го поимот „слепа вера„
2. Зашто на моите прашања, не добивам одговор(и), наспроти сета Ваша (атеистичка) интелектуална „супериорност„?

Јас никаде не сум кажал дека ќе давам одговори, јас никогаш не сум се удирал во гради да кажувам дека сум атеист, агностик, гностик или што и да е...

Да ти го објаснам поимот слепа вера? Ме зезаш? Сакаш да се муабетиме тука што е слепа вера? Ќе си го земиш светото ти писменце, и ќе видиш таму кај оној паметниот што мораше да буричне во раната на џизс... Таму е тој муабет :)

Ние сме тие што буричкаме... :)

Твоите прашања се бесцелни и бескорисни да се одговараат... христијанин си... се што не е поврзано со твојата вера е лошо и ќе се гори во пеколот :)
Бесцелно одговарање, не благодарам!
 
Библијата никаде не кажува дека Адам и Ева биле бесмртни. НИКАДЕ.

Ми се смачи повеќе да го разобличувам твоето непознавање на Библијата (иако рака на срце повеќе ја познаваш од MIKI1)

„Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.“ (Римјаните 5:12, Библијата)

Оттука јасно следи дека пред да згрешат Адам и Ева тие биле бесмрттни. Има и други стихови, но за луѓе што не тераат инает и овој е доволно.
 
А ти да објаснеш зошто јаделе ако биле бесмртни?
 
Философски одговор Чорбаџи.

Речиси секој пат кога на човек ќе му поставиш прашање од типот: „Ама зошто Бог вака направил?“ или „А зошто не постапил вака или онака?“ ќе добиеш „филозофски“ одговор, освен доколку Бог експлицитно не објаснил зошто постапил така, а не онака. Вистинскиот и најпрецизниот одговор би бил да ти кажам: „Прашај Го Бог, јас не сум ниту Негов советник, ниту негов портпарол, ниту Негов адвокат.“ Но тој одговор тебе нема да те задоволи, како и сите други атеисти. Атеистите сакаат да го седнат Бог на едно училишно столче и прво убаво да го искараат за сите „грешки“ што ги направил, а потоа тие да му одржат лекција како би требало тој да постапува, создава и сл. Значи ние во старт имаме различен концепт на Бог и затоа имаме и несогласување во прашањата и одговорите. За тебе некои мои одговори ќе бидат незадоволувачки, а за мене некои твои прашања ќе бидат апсурдни. Тоа е тоа. Во такви случаи добро е да се сложиме дека не се сложуваме :)

Ако играм со зборови ќе речам АКО Е СЕМОЌЕН ТОГАШ МОЖЕ И ПРОТИВ СОПСТВЕНИОТ ЗБОР.

Можеби твојот концепт на Бог го може тоа, но мојот не. Тука имаме разлика и во концептот за семоќност. Мојот семоќен Бог не може да оди против Својот збор, ниту да направи камен што не може да го крене, не може да излаже, не може да не постои, не може да нацрта четириаголен триаголник, ниту кружен квадрат, ниту топчеста коцка, ниту пак може да дозволи еден обичен смртник атеист да му изиграва Бог и да ги суди Неговите постапки и дела. Христијанскиот Бог не може ништо од ова. Ако според вашиот концепт за семоќност Тој не е семоќен, ок, нека биде така.
--- надополнето: Jul 26, 2011 4:36 PM ---
А ти да објаснеш зошто јаделе ако биле бесмртни?

А ти да објасниш зошто го поставуваш прашањето ако знаеш дека фрижидерот лади, а не топли?
 
На страна тоа што воопшто не верувам во постоењето на Адам и Ева, ама не сфаќам зошто мислите дека, ако биле бесмртни, немало потреба да јадат?Па како би имале енергија за било што?Или биле некаква човечка верзија на перпетуум мобиле?
 
А ти да објасниш зошто го поставуваш прашањето ако знаеш дека фрижидерот лади, а не топли?
Прашањето е потполно на место, и ја разоткрива бесмисленоста на концептот на бесмртност. Јадиме за да живееме, зошто бесмртниците би јаделе?
--- надополнето: Jul 26, 2011 4:51 PM ---
На страна тоа што воопшто не верувам во постоењето на Адам и Ева, ама не сфаќам зошто мислите дека, ако биле бесмртни, немало потреба да јадат?Па како би имале енергија за било што?Или биле некаква човечка верзија на перптуум мобиле?

А нешто за жените дека се обесправени во христијанството?
 
Прашањето е потполно на место, и ја разоткрива бесмисленоста на концептот на бесмртност. Јадиме за да живееме, зошто бесмртниците би јаделе?
--- надополнето: Jul 26, 2011 4:51 PM ---

А нешто за жените дека се обесправени во христијанството?
А нешто за Ниче и Заратустра и секако камшикот?
И одјеби веќе еднаш.
 
Мора да јадат, инаку како змијата ќе ја натерала нели Ева да скине плод од забранетото дрво :)
Мисли малку... инаку ќе нема логиката целата приказна :) Ех ех ех :)
 
На страна тоа што воопшто не верувам во постоењето на Адам и Ева, ама не сфаќам зошто мислите дека, ако биле бесмртни, немало потреба да јадат?Па како би имале енергија за било што?Или биле некаква човечка верзија на перпетуум мобиле?

Е тоа да му го објасниш на Ставрогин кој јаде за да живее :)
 
А нешто за Ниче и Заратустра и секако камшикот?
И одјеби веќе еднаш.
Од каде сега Ниче во приказната? Многу си жестока, веднаш на одјебување ти текнува, човек збор да не ти рече...
--- надополнето: Jul 26, 2011 4:55 PM ---
Е тоа да му го објасниш на Ставрогин кој јаде за да живее :)
Сите јадат за да живеат, освен можеби протестантите...
--- надополнето: Jul 26, 2011 4:58 PM ---
Навистина, ајде да го натераме концептот за исхрана на бесмртните до крај. Имаме еден бесмртник, и не јаде со денови, месеци. И не умира.

:confused:

За да го тврдиш ова, треба под

а. Да бидеш малоумен.
б. Да лажеш луѓе за пари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom