еве шо ми одговори либанецот кога го прашав дали ќе иди или не во Пелистер.
То макадонија не ми се бендиса....
Добро не научи чоеко од кај сме досега па барем правилно да не напиши
Ко ке дојди тука ако не знај Битола како се пиши правилно и како се кажва КЛОЦИТЕ!!!!
Мајтапо настрана. Тешки нека дојди па ке научи и оро наше да игра.
Ок. ГОре долу нема шо да се кажи се е кажано од постовите погоре. Бев и јас на 2 тренинзи, генерално ова е 1000000 подобра ситуација од лани. Е сега то шо се фрлени парички за некои ракометари кои од еден тренинг надвор од тренажен процес и среде одмор, не можи реално да се суди. Сепак не се предавам предвреме и според првичниот изглед не сакам да судам, а со то и пред време нема да вадам бело знаме и да се ситат после новинарите (особено од спорт) и да излези дека биле во право
. Се секавам кога Ристе Калајџиоски дојде како пикер, ко го видов си реков овој на се личи ама на пикер не, али батето секоја му чест беше еден од најдобрите во лигата тогаш, и зато и го лапнаја Франција. Истото и со Митков,Јоноски и Темелков. Ми изгледаја како не отесани, како со Чоколино да се цел живот ранети ама лугето особено Темелков и донегде Митков прераснаја во играчишта и ене ги во Бундес Лигата. Прва, Втора, трета не е битно. И 6 та лига Бундес ти е појака од сите балкански
. Слично беше и во минатото со еден куп "анонимни" играчи како Мирза Мамедов, Душан Новокмет, Николик, Маринковик, Шандор Ходик.....СЛАВА ИМ!!!!
Еден Лемго капа им симнуваше а камоли другите. Па и за нив исто пишеја па го попушија новинарите
Иако на тернингот дел од играчите беа како од спиење станати (особено Јакимовик и Зујовик), ке почекаме ке видиме. Истото е со младото ама мислам перспективно крило Вујовик. Детето не е мало, во светот најаките играчи играт од 15-16 години ТОП. Само кај нас ако е постар бил супер, а со тие години на запад се в пензија
Зборот ми е со такви најдобро се работи и ако се стварно талент одма ке прераснат во играчишта и таквите одма да му се понуди поголем договор. Оттука многу ме радва шо очигледно оваа управа се врака на традицијата да ја отпочни повторно со работа една од најдобрите школи на балканот, расадник за играчи али и да инвестрира во нив, а не одма да ни ги лапни некој друг (читај вардар, кој нема никаква сопствена школа!)
Пагаат во вода сите муабети дека Шунда работел со млади!!! Врска нема. Па пола од младите не добиваја ни воопшто шанса или само на 5 мин. пред крајот. Мислам со Џурковик ке биди подруго. Кога ги видов и Менде Божиновски и Филип Ивановски во 1 тим се израдвав. ВО тие голмани е иднината ке видите. Мора да им се дава појке шанса, а вервам дека ке биди така. Ако не му оди на еден, одма другиот, а не ко порано Тосето тапа до 50 мин и смени го со Менде.
За Пецакот. Искрено го поштовам супер бекче, жалосно шо 90% од кариерата ја мина во вардар
како и сите наши бисери али мислам од сега то појке нема да се дозволва. Повреден не ни е во корист, подобро добро да се среди па бујрум назад. Али да не се прај истата грешка како со Филип Лазаров. НИКАКО ДА НЕ ЗЕМАМЕ ИГРАЧ НА ПОЗАЈМИЦА особено ако игра(л) за клуб од нашето првенство. Не дека е шпекулација ама во клучните моменти со Металург не скапа и од прво полувреме топ во второ како со синџири на раце да игра. Не можи така, Штом ти е газот под кирија и кој сака нека е можно е да има калкулации макар биле и најмали.......Зато никако, особено не од директниот (најдушманскиот) конкурент за 2 место за регионалната лига, на кој конечно треба дебело да му наплатиме за сите понижвања досега во Битола
Инаку секое зло за добро. Арно шо имаме послабо првенство да се уиграме па ко ке ни дојдат во Битола убо да го папат
. А дотогаш ако на полусезона чкрипи нешто ке смениме
И за крај. Ич некам да пишам реферати ама то е сега моменто е
Иван Марковски е аут 100%!!!! Можда има(л) врски со управата сегашна па го зедоја (само не знам за шо
). Секоја чест за минатото, али на тернингот не знаеше ни голот да го погоди, стомак и цицки испуштени, бревташе цело време и не го доработи тренингот, и шо сакаме?? Подобро да работи со младите и да биди запамтен по добро на крајо на кариерата, како ЗАРЕ, РАМБОТО И КИРЕ
Па нека ни е со срека и се надевам барем на една титула сезонава (она од купот). Реално Металург има многу јак состав али СЛИКАВА НА ПОТПИСО КАЖВА СЕ!!!!! Брејв харт!!!! И ВО БИТОЛА СЕ Е МОЖНО!!!!
ДА ЖИВЕЈ РК ПЕЛИСТЕР