За дискусијата од претходната страна за Меси:
Аман веќе со тоа повторување за тоа како Меси игра за репрезентација. Меси во репрезентацијата игра зад напаѓачи и негова ОСНОВНА И ЕДИНСТВЕНА задача е да ја пренесува топката од тие зад него(од Гаго и Маскерано) до тие пред него(до Агуеро и Игуаин).
На оваа Копа Америка, Меси таа своја задача ја направи повеќе од одлично. Сетете се само колку чисти, стопроцентни шанси креираше, колку чисти топки им пушти на Агуеро и пред се на Игуаин. Сетете се во последната утакмица од групата, па тоа беше чудо невидено(
http://www.youtube.com/watch?v=TcQReBwNtZM - видеото е долго и повеќето нема да го изгледате, ама барем не зборувајте на празно некои од вас), колку само топки им пушти на еден ист начин. Ја земе топката од Гаго или Маскерано(прв дел од задачата) и најчесто дриблајќи 2-3 противници ќе ја пренесе топката до 1 или 2 метри ПРЕД 16-никот
(затоа не дава голови, не игра во 16-ник) и по страната, почесто по левата страна ќе ја пушти на еден од напаѓачите(и вториот дел од задачата). Тоа е неговата задача. Токму така Агуеро го даде вториот гол против Коста Рика, токму така Ди Марија го даде голот против Коста Рика, токму така Лавеци имаше 10000%тна шанса, ама не ја искористи против Коста Рика, токму така Игуаин имаше над 5 шанси против Коста Рика ама не ги искористи. И голот против Уругвај, Игуаин што го постигна, беше директно наместен од Меси. И вториот гол против Уругвај, кој беше поништен на Игуаин, исто така Меси го постигна.
Кажете ми што имаше Меси задача и како не ја исполнил. Не можам да ве разберам некои од вас. Аргентина отпадна примарно заради катастрофалната одбрана и секундарно заради нереализацијата на нападот. Каков евтин гол се прима против Боливија, какви киксови се правеа и против Колумбија и против Уругвај, смешно беше. И против Уругвај кој е крив. Нереализацијата на нападот и тоа што ги примаа сите 5 пенали од Уругвај.
Без разлика што мислам дека Меси беше одличен на Копа, еве нека биде дека не го бивало, дури и дека е лош играч. Кај и да е, ќе дојде и септември. Е, тогаш како фан на Барселона ќе го гледам Меси на неговата природна позиција која ја игра по цела сезона, внатре во 16-ник, тогаш може да се зборува и дека е лош и дека е добар и било што, ама тој само потврдува дека со неговите 24 години е најдобриот играч во последните неколку сезони.