Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
F

Frankie Yale

Гостин
Меѓутоа тие информации не мораат да бидат субективно доживеани. Во тоа е целиот проблем. Постоењето на свеста го создава таканаречениот проблем на каузална овердетерминација. Вака накратко. Некој седи во собата и има свесно искуство на глад. Оди накај фрижидерот го отвара, и зема нешто за јадење. Сега, која е причината за неговата акција на отварање на фрижидерот?

Се чини дека постојат две, независни причини. Првата е дека во стомакот се случуваат физиолошки процеси, кои по физиолошки пат ја пренесуваат таа информација до МОЗОКОТ, и тој дава команда да се отвори фрижидерот и да се земе нешто за јадење. Втората е дека субјективното искуство на глад во УМОТ го натерало човекот да го отвори фрижидерот. Тоа се две независни причини за една иста последица.

Малку поапстрактно. Замисли еден ментален настан кој ќе го обележиме со А, на пример една мисла. Која е причината за појавување на таа мисла? Една причина се неврофизиолошките процеси во мозокот, а друга причина е некоја друга мисла која се јавила пред неа, и по пат на пример на асоцијација је повлекла со себе.

За секоја последица на овој свет постои само една доволна причина, а овде имаме две причини кои се борат за предимство за еден ист настан. Тоа е проблемот на каузална овердетерминација...
Имам читано нешто за ова, а ако се појде од тоа дека овој проблем не се јавува кај попрости организми а ние сме настанати од нив би му дошло како единствено исполнување на физиолошки потреби барем кај попростите организми. Да не одам офтопик ама, веќе со недели читам за теорија на човековата еволуција, која вели дека таа човекова интелигенција и голема мисловна способност настанала од влијание на ретровируси кај човековите предци, вируси кои наместо уништување на клетките кои ги напаѓаат се вгнездуваат во нив и ги менуваат. Секако ова не го објаснува овој проблем туку би го објаснило твоето прашање зошто еволуцијата создала организми со субјективно доживување, сепак таа нема никаков врв, спонтана е и врз неа влијаат милион фактори.

За овој Фројдов проблем нормално немам решение...
Инаку, имам тажна вест за сите вас. МИКИ1 е он лајн, сега ќе дојде да ни каже дека размислувањето е од Лукавиот, и дека за нешто да сфатиме потребна ни е духовна логика, односно немање логика...
Имам уште потажна вест, Rocco Siffredi e дмт...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Точно, меѓутоа тое е илузија на слободна воља, а не слободна воља како што христијаните мислат дека имаат.
Дали самото знање дека слободната воља е илузија, не ги прави твоите морални ангажмани во светот депласирани?
Не, бидејќи за мене (и другите кои се напушиле опиум за народ) постои слободна волја. А ако цепаме по таа логика, ќе биде малце заебано. Еве ти еден академски пример: правда. Правдата е чист теоретски конструкт, идеал, илузија. А имаш цели департмани, курсеви и наставни програми по justice studies, итн.;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Правниот систем се базира на идејата за слободната воља. Кога сведочиш во Америка се колнеш врз библијата. Библијата и слободната воља се исклучуваат меѓу себе.

Како да не се смее човек?

Живееме во свет базиран на лаги и лажни вредности.
 
Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Имам читано нешто за ова, а ако се појде од тоа дека овој проблем не се јавува кај попрости организми а ние сме настанати од нив би му дошло како единствено исполнување на физиолошки потреби барем кај попростите организми. Да не одам офтопик ама, веќе со недели читам за теорија на човековата еволуција, која вели дека таа човекова интелигенција и голема мисловна способност настанала од влијание на ретровируси кај човековите предци, вируси кои наместо уништување на клетките кои ги напаѓаат се вгнездуваат во нив и ги менуваат. Секако ова не го објаснува овој проблем туку би го објаснило твоето прашање зошто еволуцијата создала организми со субјективно доживување, сепак таа нема никаков врв, спонтана е и врз неа влијаат милион фактори.

За овој Фројдов проблем нормално немам решение...

Имам уште потажна вест, Rocco Siffredi e дмт...
Има и уште потажна вест, а таа е дека френки чушки е пичица. :LOL:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Правниот систем се базира на идејата за слободната воља. Кога сведочиш во Америка се колнеш врз библијата. Библијата и слободната воља се исклучуваат.

Како да не се смее човек?

Живееме во свет базиран на лаги и лажни вредности.
Па правдата се базира и на многу други работи. А Библијата и слободната волја не се исклучуваат. За последново се слагам.:)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Секако ова не го објаснува овој проблем туку би го објаснило твоето прашање зошто еволуцијата создала организми со субјективно доживување, сепак таа нема никаков врв, спонтана е и врз неа влијаат милион фактори.
Не се работи за проблемот на сложеност. Субјективното доживување не е квантитативен, тулу квалитативен чекор, кој од аспект на еволуцијата е непотребен Ако субјективната свест не игра никаква улога во поведението на организмот, таа нема причина да постои. А токму тоа неврохирургијата и физиката во крајна инстанца го тврдат, затоа што тврдат дека целокупното човечко поведение е објасниво на ниво на мозок, не на ум...
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Значи. Ако Бог ја знае иднината, таа веќе се има случено. Неизбежен заклучок од тоа е дека слободната воља не постои.

Ова со временските парадокси е како од Enterprise излезено...:icon_mrgr:
Ako nekoj odi vo Grcija na odmor toa e predeterminirano uste od big-bangot, i nekoj ako ne odi tamu na odmor povtorno toa odamna bilo determinirano...:D
Paradoks...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Инаку, имам тажна вест за сите вас. МИКИ1 е он лајн, сега ќе дојде да ни каже дека размислувањето е од Лукавиот, и дека за нешто да сфатиме потребна ни е духовна логика, односно немање логика...
Или поточно: немаш духовна логика, а за другата, да не прајме муабет...Све логично до лигично. :icon_lol:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ех, убава ни е дискусијава, но за жал мора да се оди. Еве, како мој заменик овде го назначувам секогашприсутниот Игорче, кој со два три цитати од Ошо, мошо, тошо, се ќе ви разјасне...

:icon_mrgr:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Па правдата се базира и на многу други работи. А Библијата и слободната волја не се исклучуваат. За последново се слагам.:)
Kako mislis ne?
Apokalipticniot Jovan ni kazuva vo otkrovenieto deka Bog ima odredena kvota na dusi koi ke se spasat na strasniot sud. Odnapred e zadadena vrednost, ostanatite odat vo ognenite ezera...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
--- надополнето: Jul 18, 2011 12:32 PM ---
Ех, убава ни е дискусијава, но за жал мора да се оди. Еве, како мој заменик овде го назначувам секогашприсутниот Игорче, кој со два три цитати од Ошо, мошо, тошо, се ќе ви разјасне...

:icon_mrgr:
I'm gonna miss your logic....:icon_lol:
--- надополнето: Jul 18, 2011 12:33 PM ---
Kako mislis ne?
Apokalipticniot Jovan ni kazuva vo otkrovenieto deka Bog ima odredena kvota na dusi koi ke se spasat na strasniot sud. Odnapred e zadadena vrednost, ostanatite odat vo ognenite ezera...
И? Дај кажи ни, која е таа цифра од поединци, на кои им е загарантиран Рајот?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Или поточно: немаш духовна логика, а за другата, да не прајме муабет...Све логично до лигично. :icon_lol:
Мики, со твоето доаѓање овде, ПРОСЕЧНИОТ коефициент на интелегенција на темава, нагло опадна.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, со твоето доаѓање овде, ПРОСЕЧНИОТ коефициент на интелегенција на темава, нагло опадна.
Ставрогин,
форумските фаци, кои себе си се сметаа за јааако интелигенти, одеднаш ги снема од форумов....Не знам зашто?....:D
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
--- надополнето: Jul 18, 2011 12:32 PM ---

I'm gonna miss your logic....:icon_lol:
--- надополнето: Jul 18, 2011 12:33 PM ---

И? Дај кажи ни, која е таа цифра од поединци, на кои им е загарантиран Рајот?
Zarem ne si go poznavas pismoto?

http://forum.kajgana.com/threads/Прашања-за-Христијанството-ii.43534/page-262#post-4256069

Cifrata ne e precizirana, no se dvizi megju 2,3 i 4,6 milijardi dusi od denes aktivnite i megju 35,3 i 70,6 milijardi od onie koi cekaat vo nebeskiot recycle bin...
A koi ke se spasat ne e na nas, bednite, da znaeme, edino Toj znae, nie znaeme samo kolku a ne koj...kako sto Toj vo svojata milost resi da ni soopsti preku Jovan i nekoi drugi glasnici...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom