F
Frankie Yale
Гостин
Имам читано нешто за ова, а ако се појде од тоа дека овој проблем не се јавува кај попрости организми а ние сме настанати од нив би му дошло како единствено исполнување на физиолошки потреби барем кај попростите организми. Да не одам офтопик ама, веќе со недели читам за теорија на човековата еволуција, која вели дека таа човекова интелигенција и голема мисловна способност настанала од влијание на ретровируси кај човековите предци, вируси кои наместо уништување на клетките кои ги напаѓаат се вгнездуваат во нив и ги менуваат. Секако ова не го објаснува овој проблем туку би го објаснило твоето прашање зошто еволуцијата создала организми со субјективно доживување, сепак таа нема никаков врв, спонтана е и врз неа влијаат милион фактори.Меѓутоа тие информации не мораат да бидат субективно доживеани. Во тоа е целиот проблем. Постоењето на свеста го создава таканаречениот проблем на каузална овердетерминација. Вака накратко. Некој седи во собата и има свесно искуство на глад. Оди накај фрижидерот го отвара, и зема нешто за јадење. Сега, која е причината за неговата акција на отварање на фрижидерот?
Се чини дека постојат две, независни причини. Првата е дека во стомакот се случуваат физиолошки процеси, кои по физиолошки пат ја пренесуваат таа информација до МОЗОКОТ, и тој дава команда да се отвори фрижидерот и да се земе нешто за јадење. Втората е дека субјективното искуство на глад во УМОТ го натерало човекот да го отвори фрижидерот. Тоа се две независни причини за една иста последица.
Малку поапстрактно. Замисли еден ментален настан кој ќе го обележиме со А, на пример една мисла. Која е причината за појавување на таа мисла? Една причина се неврофизиолошките процеси во мозокот, а друга причина е некоја друга мисла која се јавила пред неа, и по пат на пример на асоцијација је повлекла со себе.
За секоја последица на овој свет постои само една доволна причина, а овде имаме две причини кои се борат за предимство за еден ист настан. Тоа е проблемот на каузална овердетерминација...
За овој Фројдов проблем нормално немам решение...
Имам уште потажна вест, Rocco Siffredi e дмт...Инаку, имам тажна вест за сите вас. МИКИ1 е он лајн, сега ќе дојде да ни каже дека размислувањето е од Лукавиот, и дека за нешто да сфатиме потребна ни е духовна логика, односно немање логика...