Неотел се навистина добри...Јас имав 2 години од нив интернет и кога ми истече договорот, бев ставен на неопределено време. Немаше ни да го тргнам, дури планирав да го продолжам, но кога видов за Cabletel, веднаш се префрлив таму...
Неотел се многу стабилни, во овие 2 години само 3-4 пати ми имаше паднато, и тоа по пола ден немаше нет... и тоа само на лето.
Имав Net Basic, со антена ставена на врв на 9-катна кула. Брзината си е ептен стабилна, не варираше во ниедно време од денот. Дури си помислив едно време дека имам нет од T-Home, до толку брзината не паѓаше (во смисла од 320 кб/с па на 100 па на 200 па пак 300 и така...) цело време си беше константна..Сега единствениот проблем беше што тогаш (не е ко сеа новава понуда) плаќавме по 814 денари месечно за 3мбпс/30гб...Тоа беше ептен многу за ептен малку...Сега од кејблтел си е друга приказна - за 600 денари 8мбпс/200гб...Сепак кабел си е кабел
Исто така морам да ги пофалам момците од техничката поддршка во Неотел. Многу брзо го решаваат проблемот, ВЕДНАШ се јавуваат (не чекаш на аутомат со досадна музика), ако има проблем веднаш го средуваат. Кој и да има и да сака да земе интернет од
неотел - нема да се зафркне. Стварно се добри, но има и подобри
