Не знам зошто треба да го продадеме Вивиано. Многу тешко е да се најде така квалитетен голман а ние сакаме да се ослободиме од него.
ФФП правилото ке ги примора тимовите на малку поинаква трансфер политика. Тоа ке значи дека за да се обезбедат пари за нови засилувања, потребно е да се продадат и некои играчи.
За жал, мора да бидат жртвувани и некои играчи кои се во тимот со години и се премногу приврзани за тимот. Според мене, тие играчи се Цезар, Камбијасо, Киву и Милито, како и непотребни играчи како Мунтари.
Треба да се искористи последната шанса за продажба на овие играчи додека сеуште вредат.
Го имаме Вивиано за кој плативме само 4 милиони евра, Цезар може да се продаде да 5 пати повисока цена и тие пари да се искористат за нови трансфери.
Галатасарај покажа сериозен интерес за Камбијасо и Милито и сигурен сум дека се подготвени да понудат и примамливи понуди за овие играчи.
Камбијасо и онака не е повеќе прв тим материјал, а таа позиција може да ја покрие Занети, Мота, Марига па и Станкович.
Киву и никогаш не бил незаменлив. Кога веќе го имаме Нагатомо, тука е Сантон и Занети може да ги покрива бековските позиции.
За Маикон само понуда околу 20 милиони би била прифатлива. Сепак се работи за најдобриот десен бек без оглед на годините и лошата сезона која ја одигра.
Цезар 17-20, Киву 8-10, Камби 12-15, Мунтари 7, Милито 10. Се работи за играчи за кои има официјален интерес од некои тимови и ке повторам, можеби последна шанса да се продадат за некоја подобра сума а се лесно или веќе заменети.
Знам дека многу од вас нема да се сложат со мојот пост, знам дека дел од овие играчи тука се со години и играат со срце за клубот но реалноста е таа, модерниот фудбал и новите правила ги менуваат работите...