Friends

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Можеби не го разбираш... Friends не е само еден куп идиотски моменти... Си залутал пријателе... Мене ми се случи и да заплакам на Friends ( посебно со Чендлер и Моника - моментот кога дознаа дека не може да имаат деца).
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Зошто не гледам реплика во твојот пост?
ќе се зафатам од крајот. Многу луѓе би ја ставиле Лејди гага пред Лед Цепелин, ама тоа не е показател дека .... знаеш. Бројката народ (кој голем процент е стока) не е доволен за да се покаже дека нешто чини.

И да, не знам како ги перцепираш, ама изиграваат мајмуни. јас го спомнав Чендлер, онака, од ракав, инаку, се согласувам дека е единсвениот кој прави нешто смешно во серијата. Секако, само тој има улога на фани гај, дури и во филмот го сфаќаат така. Се друго е ... скапано.

Рос?! некојси штребер кој сака диносауруси, што значи дека има некој висок статус во општеството многу често реагира и се однесува како дете од второ оделение. Фиби иритира со нејзиното првооделенско понашање. Рејчел и Моника не се смешни, повеќе се... кежуал. А Џои, за него не постои возраст.

на крајот, добиваш луѓе кои живеат заедно, се нешто се дешава, а за да се насмее публиката, некој мора да наебе заради тоа што направил некоја детска глупост на свои 30 години
Не си баш омилен во друштво, а?

Сигурно кажуваш само "паметни шали" кои никој не ги сфаќа. Што има проблематично во глупирањето, макар и на толку години, па да не е смешно? Oh, yeah, I forgot, grandpa...
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247

Има разлика. да правиш мајмун од себе си и да се глупираш на „триеска“.
тоа го прават „неколкумината“ од Френдс.
Добро, јасно ми е. Најгледана беше серијата, а тоа значи дека е многу добра, според критериумите кои Вие ги негувате. Јас Ви кажав. Не дојдов овде да Ви сменам мнение, иако не можам да речам „го почитувам“. Можете да мислите што сакате. барем во врска со „пријателите“.
А тоа дека се најобична серија што ако беше музика ќе беше ултра мејнстрим, тоа е друг муабет.

И да, можеби сум престарен. Годините ми се погрешни на профил, ама барем тоа значи дека стварно не го резбирам хуморот на Френдс, како што кажа пријателот погоре. Како што петто оделенци не разбираат интеграли решавање :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.595
Зошто не гледам реплика во твојот пост?
ќе се зафатам од крајот. Многу луѓе би ја ставиле Лејди гага пред Лед Цепелин, ама тоа не е показател дека .... знаеш. Бројката народ (кој голем процент е стока) не е доволен за да се покаже дека нешто чини.

И да, не знам како ги перцепираш, ама изиграваат мајмуни. јас го спомнав Чендлер, онака, од ракав, инаку, се согласувам дека е единсвениот кој прави нешто смешно во серијата. Секако, само тој има улога на фани гај, дури и во филмот го сфаќаат така. Се друго е ... скапано.

Рос?! некојси штребер кој сака диносауруси, што значи дека има некој висок статус во општеството многу често реагира и се однесува како дете од второ оделение. Фиби иритира со нејзиното првооделенско понашање. Рејчел и Моника не се смешни, повеќе се... кежуал. А Џои, за него не постои возраст.

на крајот, добиваш луѓе кои живеат заедно, се нешто се дешава, а за да се насмее публиката, некој мора да наебе заради тоа што направил некоја детска глупост на свои 30 години
Да... музиката е отидена у... ама не верувам дека истото важи и за вкусот за серии и филмови. Не се џабе култни филмски дела на врвот на листите, а истите тие луѓе гледаат и серии. Сега, јас сум гледал повеќе сит-коми, не којзнае колку, но не верувам дека сит-ком составен од ликови како Рејчел и Моника, што викаш ти кажуал, некому ќе му биде смешен. Мора да има неколку фрикови, а верувај јас лично познавам карактери на 30 и кусур години што прават поголеми бисери од овие во серијата. Земи и други серии на пример, The Big Bang Theory, тие сите се Рос x 10. 3rd Rock from the sun исто, иако имаат оправдување, вонземјани се. Spin City? Што, го има тоа во реален свет?

Не. Комедија е. Не е риалити шоу. Карактерите се тие што се и како такви ги сакаме. Важно е дека секогаш имаат идеи за нови случки, и дека се одржаа 10 години.
 
cant' say no.
Ама тоа се моите критериуми за добра серија која треба да се нарече хумористична. Можеби Карлин, Прајор, Хикс и компанија ќе беа далеку посмешни од тоа што беа, ако правеа будали од себе си, оти тоа е најлесно. Немојте да ми реплицирате од типот „абе брат, тоа е стенд ап комедија а ова е филм“.
Знам, само пример земам :) .... за комедија!

Можеби критериумите Ви се такви, тоа е Ок, во секој случај тоа е океј, ама ако некој сака интелегентен хумор кој е возможен без да глумиш со IQ 12, тогаш и Вие не треба да напињате како коментарот од членката што ми го цитираше моето мислење со уфрлени „солзи и смеа“. И да не почнувам за тоа.

Да сумирам.
Постои комедија. Интелегентна и „правење будала од себе си“.
некој го сака едното, некој другото, некој двете, некој ниедно.
Не значи дека Френдс се „убер закон“ оти биле најгледани.
Моето мислење дека се под просек останува.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.732
Кратко кажав претходно. Мене тешко може да ме (из)насмее човек што изиграва мајмун во нереален склоп.
Мислам, смислата на хуморот е да се каже некоја интелегентна шега, за која прво ќе се изнасмееш ко стока, а после си викаш „чоече, кој мастермањјнд го измислил тоа“.
Океј, и нека е тоа смисла на хуморот... Полесно е да ставиш 10 мастермајнд шеги во една епизода или полесно е да ставиш 10 (според тебе) глупи шеги !?

Уствари, и да се стават некако толку mindfuck jokes во една епизода... би испаднало малку... глупо !?

Крај краева, комедија е, треба да се случуваат забегани работи. Не е трилер па да пазиш дали овој имал 30 години, т.е. кај може на 30 години да носи црвени гаќи, како косата на Рејчел може да е таква на 30 години, зошто никогаш не ја заклучуваат вратата... итн... Значи, комедија е, треба да те насмее, а не да те замсли како тој/таа може тоа да го направи... :)
 
Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Созли и смеа спаѓат во типот на комедија за кој ти збораш.
Пријатели немат таков вид на хумор.
Класификациите ти се погрешни.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
Можеби тогаш можеш да ни посочиш неколку интелегентни сит-коми?
Би ти рекол, сите освен Френдс, ама тогаш ќе добијам лавина реплики. Или не?

Кој знае дали има „такви“ серии.
Мене општо ми се свиѓа „Онли фор фулс енд хорсес“.
У моментов, не ми текиња на нешто слично или поарно.
Којзнае на што се должи тоа. Можеби на потешкотиите за да се „пробијат“ кон светлината на денот од ѓубрето како... знаеш.
--- надополнето: Jul 16, 2011 12:02 AM ---
Океј, и нека е тоа смисла на хуморот... Полесно е да ставиш 10 мастермајнд шеги во една епизода или полесно е да ставиш 10 (според тебе) глупи шеги !?

Уствари, и да се стават некако толку mindfuck jokes во една епизода... би испаднало малку... глупо !?

Крај краева, комедија е, треба да се случуваат забегани работи. Не е трилер па да пазиш дали овој имал 30 години, т.е. кај може на 30 години да носи црвени гаќи, како косата на Рејчел може да е таква на 30 години, зошто никогаш не ја заклучуваат вратата... итн... Значи, комедија е, треба да те насмее, а не да те замсли како тој/таа може тоа да го направи... :)
Потешко е да напишеш строфа и бескраен рефрен или да напишеш песна ко Стервеј ту хевн?!
Крај краева, музика е, не е ова роман од Достоевски...

@ вондерфул... класификациите нека бидат какви сакаат

Friends е американско срање кое ја привлекува широката публика на ефтин начин.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.595
Би ти рекол, сите освен Френдс, ама тогаш ќе добијам лавина реплики. Или не?

Кој знае дали има „такви“ серии.
Мене општо ми се свиѓа „Онли фор фулс енд хорсес“.
У моментов, не ми текиња на нешто слично или поарно.
Којзнае на што се должи тоа. Можеби на потешкотиите за да се „пробијат“ кон светлината на денот од ѓубрето како... знаеш.
Па основно е, за да кажеш дека нешто е лошо, треба предходно да го споредиш со нешто друго што е добро. Инаку од кај знаеш дека е лошо, ако се сите серии такви, подобро е да кажеш дека не ти се допаѓаат сит-коми, така ќе те разберевме :)

Инаку мислам дека се работи за предрасуда, си погледнал малку, не ти се допаднало, си извлекол заклучок и се држиш за него.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Би ти рекол, сите освен Френдс, ама тогаш ќе добијам лавина реплики. Или не?

Кој знае дали има „такви“ серии.
Мене општо ми се свиѓа „Онли фор фулс енд хорсес“.
У моментов, не ми текиња на нешто слично или поарно.
Којзнае на што се должи тоа. Можеби на потешкотиите за да се „пробијат“ кон светлината на денот од ѓубрето како... знаеш.
--- надополнето: Jul 16, 2011 12:02 AM ---

Потешко е да напишеш строфа и бескраен рефрен или да напишеш песна ко Стервеј ту хевн?!
Крај краева, музика е, не е ова роман од Достоевски...

@ вондерфул... класификациите нека бидат какви сакаат

Friends е американско срање кое ја привлекува широката публика на ефтин начин.
Јас обожавам, значи ОБОЖАВАМ британски хумор али не ми пречи што Пријатели се толку чил во хуморот. Глупирање. Big deal. Забава е тоа. Не сум видел некој да се шутка на Рахмањинов.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
Па основно е, за да кажеш дека нешто е лошо, треба предходно да го споредиш со нешто друго што е добро. Инаку од кај знаеш дека е лошо, ако се сите серии такви, подобро е да кажеш дека не ти се допаѓаат сит-коми, така ќе те разберевме :)

Инаку мислам дека се работи за предрасуда, си погледнал малку, не ти се допаднало, си извлекол заклучок и се држиш за него.
Не можам да кажам дека немаш право. Јас сум анти-филм. Не постои филм кој.... сум го гледал. Не, сериозно, моето око за филмска уметност е лаичко.
Меѓутоа, некои серии, барем хумористични сум ги „изгледал“. френдсојте сум ги гледал. И сега ги гледам, на Б92.
Ама тоа дека се гради култ на нивно име, а не се нешто посебно, туку се во просек... ете, тука можеби сум во грешка, оти ете, не сум гледал многу, па да кажам дали се во просек или не.
да преформулирам... не се нешто посебно, не се нешто невидено и фрапантно за да се гледа на нив така.
не ве чуди податокот што јас сум единствениот што јаде бурек за нив?
Мене ми значи. Мејнстрим ол араунд шеги, за секој и секого, без трошка интелегенција.

Ако сумираме дека нема интелегенција во нив, туку само површност, тогаш ќе бидеме квит (quit) :)

Повеќе сум на stand-up комедии.
хуморот е хумор, без разлика дали е екранизиран или на графит.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.732
Потешко е да напишеш строфа и бескраен рефрен или да напишеш песна ко Стервеј ту хевн?!
Крај краева, музика е, не е ова роман од Достоевски...
.
епа тоа се поклопува со моето мислење дека ова е комедија, не e ова трилер/драма.

Its made for fun, not for mindfuck! :)
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
епа тоа се поклопува со моето мислење дека ова е комедија, не e ова трилер/драма.

Its made for fun, not for mindfuck! :)
исто и музиката, тоа беше моја поента.
Ама одиме талеку од темата....
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.595
Не можам да кажам дека немаш право. Јас сум анти-филм. Не постои филм кој.... сум го гледал. Не, сериозно, моето око за филмска уметност е лаичко.
Меѓутоа, некои серии, барем хумористични сум ги „изгледал“. френдсојте сум ги гледал. И сега ги гледам, на Б92.
Ама тоа дека се гради култ на нивно име, а не се нешто посебно, туку се во просек... ете, тука можеби сум во грешка, оти ете, не сум гледал многу, па да кажам дали се во просек или не.
да преформулирам... не се нешто посебно, не се нешто невидено и фрапантно за да се гледа на нив така.
не ве чуди податокот што јас сум единствениот што јаде бурек за нив?
Мене ми значи. Мејнстрим ол араунд шеги, за секој и секого, без трошка интелегенција.

Ако сумираме дека нема интелегенција во нив, туку само површност, тогаш ќе бидеме квит (quit) :)

Повеќе сум на stand-up комедии.
хуморот е хумор, без разлика дали е екранизиран или на графит.
Прво, не се навредувај, ти пишав да направиш споредба пошто не ја направи. Викаш дека се лоши, дека сите серии освен Френдс се добри ама пак сите се лоши... освен Фулс анд Хорсес. Значи така те разбрав. Не даде конкретни примери на добри, интелегентни серии, спротивно од Френдс.

Второ, овде само ни натура некакви тези за хумор без интелегенција и навистина е тешко да се води дискусија кога збориме апстрактно. Дај ни некој пример за интелегентна шега, да видиме по што се разликува хуморот кој ти го сакаш од овој?

Се што е меинстрим е пропаганда... вака само убаво звучи да се најдеме во муабет. Веројатно и Кум не го бива, ова американците ни го имаат натурено.

Јас сум пишал на многу пати дека повеќето комедии се срање, човек со сила да се насмее три пати колку да пројде филмот... Но сит-коми има навистина добри, на Френдс се смеам од срце и многу епизоди ми се гледани по 10 пати и сеуште ми се смешни. Има многу „глупави шеги“ има и многу добро осмислени шеги или случки, и сето тоа е добро изведено од група карактери кои публиката ги засака. Мене ми прави мерак и тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom